Идејата за отварање и развој на Хотел Романтик е активна и реализирана од 2004 година. Низ годините Хотел Романтик стана симбол за беспрекорна услуга во хотелското сместување, но и во делот на угостителството. Она што не движи напред е посветеноста на нашиот, во остварување на најпрефинетите желби и барања на нашиот највреден сегмент, а тоа се нашите гости. Успешноста е резултат на довербата на 3-те Супериор ѕвезди кои ги поседува Хотел Романтик. Искуството кое што ќе го добиете тука се разликува по беспрекорноста на услугата и посветеноста кон секој наш гостин.
Хотелот располага со:
25 луксузно наместени соби, Ресторан со капацитет од 190 седишта, Аперитив бар во амбиент со камин, Конференциска сала со капацитет од 45 гости, Летна тераса со капацитет од 350+ седишта, Базен за релаксирање и забава со 140 седишта, Пица Бар со 140 седишта, Паркинг со капацитет од 80 и повеќе возила, Приватна плажа.
Ресторанот во склоп на Хотел Романтик плени со својата пријатна атмосфера како и со добро подготвената и сервираната храна која е заслуга на професионалниот персонал. Сместувањето во Хотел Романтик претставува навистина пријатно доживување, исполнето со удобен и релаксиран амбиент.
· Цените дадени во горната табела се изразени во денари со вклучен ДДВ
· Во цените не е вклучена туристичка такса од 40,00 денари, од лице, од ден(на лице место)
· Секоја соба е опремена со централна климатизација за греење и ладење,купатило со бања, ТВ, интернет Wireless, телефон со директна линија
Собите се расположливи во период од 14.00ч (пријава) до 12.00ч (одјава)
Политика на отказ:
до 1 ден пред патување – без надоместок, не појавување – 100% пенали