РИМИНИ-САН МАРИНО 24-ТИ МАЈ

You are currently viewing РИМИНИ-САН МАРИНО 24-ТИ МАЈ

ФЕРАРА – градот на најубавите палати. Тој е град со бајковита убавина и голем број знаменитости, а најголемиот број знаменитости на Ферара датираат од 14 и 15 век. Заштитен знак на овој град е велосипедот кој доминира како превозно средство.

БОЛОЊА – главен град на регионот Emilia Romanga. Позната по својата архитектура во која доминира топлата црвено-портокалова боја, а самиот центар на градот, со оглед на тоа што има само половина милион жители, е многу голем и добро сочуван. Болоња се смета за гастрономски главен град во Италија, а шпагети болоњезе и болоња лазањи се специјалитети познати низ целиот свет. Денес, во Болоња се сместени некои од најпознатите факултети во Италија, како и најстариот универзитет во Европа, основан во 11 век.

РАВЕНА – Шармантен град кога го нарекуваат европска престолнина на мозаиците! Токму во овој град Данте Алигиери ги поминал последните години од својот живот, каде што бил погребан.

САН МАРИНО – Република Сан Марино е една од најмалите земји во Европа. Урбаниот центар на Сан Марино е заштитен со три кули на врвовите на Монте Титано …

Програма

1

1 ДЕН – СКОПЈЕ 20.05.2022 – петок
    Состанок на патници во 11:30 часот на Дрводекор. Поаѓање во 12.00 часот. Ноќно возење низ Србија, преку Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и гранични формалности.

2

2 ДЕН – ФЕРАРА – РИМИНИ 21.05.2022 – сабота
    Пристигнување во претпладневните часови во Ферара , која во 16 век била еден од најголемите уметнички центри во Италија, познат по сликарството и музиката. Разглед на центарот на градот заштитен од УНЕСКО. Во градот доминираат ренесансните градби, меѓу кои се издвојува дворецот на семејство d’Este. По разгледот, слободно време за индивидуални активности. Патувањето го продолжуваме до Римини. Сместување во хотел. Ноќевање.

3

3 ДЕН – РИМИНИ – БОЛОЊА – РАВЕНА – РИМИНИ – 22.05.2022 – недела
    Појадок. По појадокот, можност за организирање целодневна факултативна екскурзија до Болоња и Равена. Болоња е прекрасен средновековен град со ренесансни палати. Центарот на градот се состои од два идентични плоштади, Маџоре и Нетуно. Тоа е елегантен јавен простор опкружен од сите страни со средновековни палати. Црвеникаво-кафеавата структура и левичарската репутација и го дадоа на Болоња прекарот „La Rossa“ (Црвена), додека поради нејзината наклонетост кон културната и образовната сфера, беше наречена „La Dotta“ (Изучувач). По пристигнувањето разглед на градот: споменикот на Нептун, базиликата Сан Петронио, Универзитетот Due Torri, Палатата Banki, Piazza Maggiore… Слободно време. Патувањето продолжува за Равена. Во рамките на своите антички ѕидини, Равена го зачувува најбогатото наследство на мозаици, од кои повеќето датираат од 5 и 6 век. Поради оваа причина, ранохристијанските и византиските цркви и крстилници се признати како дел од Светското наследство на УНЕСКО. По пристигнувањето, разглед на градот: Народниот плоштад, споменикот на Гарибалди, капелата каде што се наоѓа гробот на познатиот поет Данте Алегиери, прошетка до црквата Сан Витале, мавзолејот на Гала Пласидија… Слободно време. Враќање во Римини. Слободно време. Ноќевање.

4

4 ДЕН – РИМИНИ – САН МАРИНО 23.05.2022 – понеделник
    Појадок. Напуштање на хотелот. Слободно време или факултативно поаѓање до САН МАРИНО. По пристигнувањето во Сан Марино разгледување: Базиликата Св. Марина која датира од XIX век и ги чува моштите на заштитникот на градот, Градското собрание, кулите на Сан Марино (Guaita од XI век, Cesta од XIII век и Montale XIV век)… Слободно време за индивидуални активности. Враќање во Римини и продолжување на патувањето кон Македонија со повремени застанувања за одмор и гранични формалности.

5

5 ДЕН – СКОПЈЕ 24.05.2022 – вторник
    Пристигнување во Скопје во пладневните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 119 ЕВРА

ПРОМО ЦЕНА: 99 ЕВРА ЗА УПЛАТИ ДО 20.04.2022

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

– Превоз со туристички автобус според програмата за патување
– Сместување во стандардни 1/2, 1/3 соби во хотел 3* на база 2 ноќевања со појадок во Римини или околината, појадок – континентален.
– Разгледување според програмата со стручен водич
– Придружник од агенција / водич
– Бесплатен трансфер од: Битола, Прилеп, Црна Река (Сирково), Велес, Штип, Куманово, Скопје, Тетово

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

Факултативни екскурзии:
– Болоња и Равена – 35 евра за возрасни / 30 еур за деца до 12 години.
– Сан Марино – 30 евра за возрасни / 25 евра за деца до 12 години.
– СПЕЦИЈАЛНА ЦЕНА ЗА ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ: 50 ЕВРА
– Задолжителна туристичка такса во Римини 2 еур по лице по ноќевање за хотел со 3* (се плаќа во агенција).
– Патничко осигурување
– Билети за замоци, музеи и галерии, локации наведени во програмата

НАПОМЕНА:
– За реализација на аранжманот, потребен е миниум од 40 патници.
– За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума, доплата најдоцна 7 дена пред поаѓање
– Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
– Услови за влез во Италија:
 Две дози вакцина (Pfizer, Moderna, Astra Zeneca, Johnson&Johnson) не постара од 6 месеци, или да поседуваат бустер доза или сертификат за прележан ковид
– Две дози кинеска вакцина или Sputnik (овие патници дополнително треба да поседуваат и негативен антиген тест не постар од 48 часа)
– Сертификат за прележан ковид (не постар од 6 месеци)
– Антиген тест не постар од 42 часа
– За деца од 0-5.99 години за влез во Италија не е потребен ниту тест, ниту вакцина
– За деца од 6-11.99 години за влез во Италија потребен е антиген тест или сертификат за прележан ковид
– За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.
– Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
– За овој аранжман важат општите услови на патување на Идеал Травел и Т.А Миг Травел