Зошто ТА МИГ ТРАВЕЛ смета дека вашата годишна заштеда за летен одмор вреди да ја инвестирате во аранжманот за Римини, Италија?
Постојат повеќе причини, но еве неколку од поважните:
- Аранжманот ви овозможува 10 дена на море! 10 дена присуство на песочна плажа која е долга цели 15 километри.
- Со уплатата на аражманот вие ќе го посетите градот Римини. Град чувар на многу историски знаменитости и објекти изградени за време на античката Римска империја. Многу од овие објекти постојат и денеска, а вашата прошетка низ градот ќе ве транспортира назад во историјата.
- Ќе престојувате на втор ред од масивна песочна плажа, за која туристите велат дека и „нема крај“.
- Ќе имате можност да посетите бесплатен „Аква Парк“ кој е гратис од нашата агенција. Аква паркот се нарекува Beach Village. На плажа број 136.
- Сакаме да ви напоменеме дека во Римини постојат 7 до 8 плажи кои што се со слободен влез и каде што можете да си поставите вие пешкири бесплатно. За полесно да ги најдете истите доволно е на Google Maps да го напишете следното: Spiaggia libera Rimini и самата мапа ќе ве однесе до првата плажа која што не се наплаќа. Првата слободна плажа е на околу 400м од хотелот каде што сте сместени веднаш до плажа број 99.
- И секако ќе имате можност да посетите многу градови во кои има многу заштитени УНЕСКО обележја.
- Но исто така, ќе имате можност да ја посетите државата Сан Марино која се наоѓа недалеку од градот Римини.
За Римини има многу работи кои вреди да се прочитат. Ние ви одвојуваме неколку текстови кои можеби ќе ве поттикнат да ја посетите оваа прекрасна дестинација.
За оние кои се љубители на уметноста, архитектурата и историјата. Римини е музеј на отворено и вреди да се доживее. Дали знаете дека во Римини одредено време живеел и Леонардо Да Винчи? Дали знаете дека Римини бил територија за борбата помеѓу Галите и Римјаните, по кој факт му помагаат да прерасне во најголемото пристаниште на Јадранот. Повеќе информации за овие факти можете да дознаете со еден клик ОВДЕ.
Дали знаете дека Римини го нарекуваат главниот град на италијанскиот крајбрежен туризам? Повеќе информации ќе дознаете со еден клик ОВДЕ.
Дали можеби ве интересира кои се историските и уникатни знаменитости во Римини кои треба да ги посетите? Кликнете ОВДЕ.
Дали можеби ве интересира кои се модерните уникатни атракции по кои е познат Римини, а кои можете да ги посетите? Повеќе информации со еден клик ОВДЕ.
Појадок во хотелот и одјавување од хотелските соби.
Check out: 09:00 часот
Поаѓање кон Македонија.
Почитувани патници имајте предвид дека турите кои ги организираме се нискобуџетни и автобускиот превоз е во кружни тури. Што значи тоа, тоа значи дека со вашето одјавување, треба да бидат подготвени собите за влез на новата група. Нашиот автобус во меѓувреме се чисти и се подготвува за враќање назад, нашите шофери и туристички придружници при самото пристигнување добиваат слободни соби за одмор за враќање назад.
Предвидено време за враќање кон Македонија: 18:00 часот.
Хотел Глобус*** Римини
Сместувањето во Римини е во хотелот Глобус кој е хотел со 3 ѕвезди и ги задоволува потребите и барањата на македонските туристи. Хотелот е на само втор ред од плажа, а престојот во хотелот вклучува и појадок за гостите.
Хотелот има двокреветни соби, трокреветни соби и можност во трокреветната соба да се додаде четврто легло.
Хотелот има бесплатен Wi-Fi, а има и ресторан и бар кои работат во текот на целиот ден и во кој гостите може да ручаат и вечераат со доплата дирекно во хотелот.
Собите во хотелот имаат ТV, тоалет и купатило, а дел од собите имаат и балкони, но сместувањето по собите го одредува менаџментот на хотелот според карактиристиките на собите.
Хотелот служи континентален појадок.
Собите на хотелот имаат клима уреди.
Хотелот е идеален за групи (друштва), парови и за семејства со деца.
Хотелот има рецепција која работи 24/7.
Хотелот има одлична локација, веднаш до плажа, на улица со многу продавници, супермаркети, кафулиња и ресторани.
ЗА ЦЕНИ И ИНФОРМАЦИИ ЗА ДОСТАПНОСТ ВО ХОТЕЛОТ ОБРАТЕТЕ СЕ ВО АГЕНЦИЈА