РИМ-ФИРЕНЦА-ЧИНКВЕ ТЕРЕ-НЕАПОЛ

You are currently viewing РИМ-ФИРЕНЦА-ЧИНКВЕ ТЕРЕ-НЕАПОЛ

ROMA – PISA – CINQUE TERRE – FIRENZE – NAPOLI

1.ДЕН : (08.10.2021 – петок) БИТОЛА Состанок на групата на паркингот пред спортската сала „Младост“ во 15.00 часот. Поаѓање за Драч во 15.30 часот. Патот води преку Охрид, Струга, Елбасан…денско и ноќно патување со кратки попатни одмори. Пристигнување во Драч и сместување на траект. Планирано поаѓање за Бари околу 23.30 часот. Ноќевање.
2.ДЕН : (09.10.2021 – сабота) БАРИ – РИМ Пристигнување во Бари во утринските часови. Продолжување на патот за Рим…пристигнување во “Вечниот град“ во пладневните часови. Состанок со локалниот водич, кога и започнува разгледот на градот…Базиликата San Giovanni Laterano, Колосеумот, Базиликата San Klemente (црквата каде што е закопан Св.Кирил), Римскиот Форум (стариот град), Campidolio, Piazza Venezia, Via Del Corso, Fontana Di Trevi и Шпанските Скали. Слободно време. Сместување во хотел. Вечерта – факултативна прошетка, обиколка на Ватикан, Базиликата San Pietro, Адријановата Порта, Мостот на Ангелите, Судската Палата, Piazza Navona, Пантеонот (храмот на сите богови)…Враќање во хотел. Ноќевање.
3.ДЕН : (10.10.2021 – недела) РИМ – ПИЗА – МОНТЕКАТИНИ Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот и заминување за Тоскана, за многу посетители – најубавиот регион во Италија…прва наша дестинација е градот Пиза и локалитетот Piazza Dei Miracoli (плоштадот на чудата), каде се наоѓа надалеку прочуената Torre Pendente (Кривата Кула) – една од најпрепознатливите Италијански знаменитости, но таа е само една од целата низа на извонредни атракции во Пиза…на плоштадот на „чудата“ (кој е под заштита на UNESCO) се наоѓаат уште и Крстилницата и црквата Santa Maria Assunta…слободно време за одмор и фотографирање на едно од најпосетуваните места во Италија…во касните попладневни часови – патувањето продолжува кон Монтекатини. Сместување во хотел. Ноќевање.
4.ДЕН : (11.10.2021 – понеделник) МОНТЕКАТИНИ – СПЕЦИА – ЧИНКВЕ ТЕРЕ Појадок. По појадокот –
заминување на целодневна факултативна екскурзија до најпознатите и најживописни селца на Италијанската
рива. Разлгед на регионот со локален водич. Пристигнување во градот La Spezia од каде се продолжува со
воз. Cinque Terre е област лоцирана на Лигурското крајбрежје сочинета од 5 средновековни рибарски
селца: Monterosso al Mare, Vernazza, Corniglia, Manarola и Riomaggiore, кои со околните планини го сочинуваат
Националниот парк CINQUE TERRE, кој е под заштита на UNESCO уште од 1997 година. Овој дел од
Италијанската ривиера е еден од најпознатите и живописен туристички центар. Враќање во La Spezia. Поаѓање за Монтекатини. Ноќевање.
5.ДЕН : (12.10.2021 – вторник) МОНТЕКАТИНИ – ФИРЕНЦА – НЕАПОЛ Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот и заминување за “Лулката на Ренесансата“…магична, мистична, шармантна…ниедна придавка не може да ја опише Фиренца на соодветен начин…СЕ во овој град вреди да се посети, Piazza Del Duоmo со куполата на чудесниот архитект Брунелески која доминира со небото, Piazza Dela Signoria (плоштадот каде е изложена статуата на Давид – творба на Микеланџело), Ponte Vecchio…направете само неколку чекори и ќе се најдете пред црквата San Lorenzo и Микеланџеловите гробници правени за надалеку позната фамилија Medici, која владеела со овој град над 400 години и е најзаслужна за она што беше и што сеуште е Фиренца…некогаш и дом на Da Vinci, Botticelli, Donatelo, градот изобилува со музеи кои чуваат мноштво уметнички дела, кои всушност ја сочинуваат и неговата историја…спрема UNESCO, градот е дом на една третина од светското уметничко богатство. Поаѓање за Неапол во пладневните часови. Денско патување, со кратки попатни одмори. Пристигнување во Неапол во вечерните часови, сместување во хотел. Ноќевање.
6.ДЕН : (13.10.2021 – среда) НЕАПОЛ – БАРИ Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот. Разглед на градот со стручен водич… панорамски разглед на градот, со обиколка на Градскиот плоштад, Општинската зграда, замокот Castello Nuovo, Театарот San Carlo, палатата Reale, црквата San Francesko, како и најстарата пицерија во Неапол и воопшто во Италија – Da Mateo…слободно време за прошетка низ стариот град Spaccanapoli, или индивидуален разглед на градот. Состанок на групата во 15.30 часот. Поаѓање за Бари во 16.00 часот. Трансфер на траект. Поаѓање за Драч во 23.30 часот. Ноќевање.
7.ДЕН : (14.10.2021 – четврток) ДРАЧ – БИТОЛА Пристигнување во Драч во утринските часови. Поаѓање за Битола…денско патување, со кратки попатни одмори. Пристигнување во Битола во пладневните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 17.920,00 ден. (289 €)

УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ : Исклучиво во денарска противвредност
НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ : 20 % од сумата при резервација – готовински или со платежни картички. Останатиот
износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, најкасно 10 дена пред
поаѓање или на основа на фактура која мора да биде реализирана во рок од 7 дена од датата на издавање, а
најкасно 10 дена до почетокот на аранжманот.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА : Автобуски превоз на горенаведената релација, разглед на Рим со
стручен водич, 1 НП во хотел со 3* во Рим (околина), посета на Пиза, 2 НП во хотел со 3* во Монтекатини,
разглед на Фиренца со стручен водич, 1 НП во хотел со 3*, разглед на Неапол со стручен водич, бродски превоз (deck-седишта) на релација Драч – Бари – Драч (доплата за 1/4 кабина – 20 € по лице во правец, доплата за 1/2 кабина – 30 € по лице во правец, пријава со самата резервација во агенцијата), организација, водство и реализација на аранжманот.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА : Факултативните излети и посети, влезниците при посета на културноисториските споменици, патничкото осигурување.

ЦЕНИ за ФАКУЛТАТИВАТА : Вечерната факултативна прошетка низ Рим (2.ден) – 20 € по лице (трансфер хотел-град-хотел); метро-карти (1 билет чини околу 2 € во правец по лице, а ќе ни бидат потребни само 2 билети); целодневниот излет за CINQUE TERRE – 4.ден (бустрансфер, карта за воз за сите 5 места, WI-FI, трансфер од железничка до центарот на Корнилија) – 50 € по лице
– минимум 30 патници; туристичката такса за престој во хотелите (се плаќа на лице место);

ПОТРЕБНИ COVID – документи за ВЛЕЗ во Р.ИТАЛИЈА :
– Негативен PCR тест, не постар од 72 часа од денот на влегување во Италија
– Негативен RAPID антигенски тест, не постар од 48 часа од денот на влегување во Италија
– GREEN PASS (вакцинален пасош, за примени 2 дози на вакцина и тоа од следните производители :
Pfiser-BioNtec; Moderna, AstraZeneca или Johnson & Johnson)

CINQUE TERRE – ОПИС на МЕСТАТА :
– RIOMAGGIORE
Риомаџоре е најјужното село на Cinque Terre, се наоѓа на само неколку минути со воз од Ла Специја. Низ градот се качуваме по сртови со поглед на море…местото се карактеризира со типични камени куќи со обоени фасади и рамни покриви. Прошетката води преку улицата Via dell’Amore (патеката на љубовта), прекрасна патека позната по романтичната атмосфера и неверојатните пејзажи. Таа води до Манарола и потребни се дваесет минути пешачење…
– MANAROLA
Манарола е изградена на висока карпа 70 метри надморска височина, и е едно од најшармантните и
најромантичните села во Cinque Terre. Малото пристаниште има рампа за чамци, живописни разнобојни куќи
свртени кон морето, мал плоштад со ресторани за морска храна. Долж главниот пат чамците се повлекуваат на суво секој пат кога морето е немирно. Селото е со угорнини и надолнини, со стрмни тесни улички (carrugi) што водат кон морето.
– CORNIGLIA
Тоа е селото сместено во средината од 5-те села и се разликува од другите бидејќи е единственото место кое
не излегува на море. Именувано од Римјаните, Корнилија отсекогаш било познато по своето производство на
маслиново масло и вино. Корнилија е исто така, веројатно најмалку достапно од 5 -те села што се должи на
неговата ридска локација…се наоѓа на крајот на прилично долга скалеста патека (382) што ја поврзува селото до железничката станица. Ви препорачуваме да ја посетите Корниглија само ако сте спремни за одење по целата патека.
– VERNAZZA
Малото рибарско село Вернаца е веројатно најкарактеристично за Cinque Terre и е класифицирано како едно
од најубавите села во Италија…основано е околу 1000 г. и било управувано од Република Џенова, почнувајќи
од 1276 година. Средновековниот замок Белфорте изграден е во средината на 1500. година, првенствено за да се заштити селото од пирати. Идеален начин да стигнете до ова село што го одзема здивот е преку море.
Малото пристаниште е опкружено со суптилни шарени пастелни бои, додека шармантниот плоштад изобилува со добри ресторани и барови.
– MONTEROSSO
Ова е најзападното лоцирано селце, на крајот на патеката и е дефинитивно најголемото од 5-те села. Селото се наоѓа на ридови одгледувани со лимони, винови лози и маслинки. Неверојатните плажи, неговите прекрасни гребени и кристално чистите води на морето го прават ова мало село едно од најгостопримливите на Лигуријанската ривиера. Овде е единствената локација која нуди песочни плажи во Cinque Terre…

НАПОМЕНА : Организаторот на патувањето го задржува правото да во случај на измена на цената на превозот, измена на девизниот курс, недоволен број на пријавени патници и слично, ја промени цената на патувањето. Во рамките на разгледувањето на градовите или локалитетите наведени во програмата, не се предвидени посети ниту обиколка на ентериери, јавни градби, институции и споменици на културата, освен кога тоа е посебно назначено. За патувањето во ЕУ патникот треба да поседува важечки пасош со важност од минимум 3 месеци од датата на завршувањето на аранжманот. Патникот е лично одговорен за исправноста и важноста на својот пасош, организаторот на патувањето не е овластен и не ја цени исправноста на патните и други исправи.
За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за
известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

Со оваа програма важат Општите услови на т.а. МИГ ТРАВЕЛ и СКТМ.