Рафтинг на Тара

You are currently viewing Рафтинг на Тара

ПРВОМАЈСКИ РАФТИНГ НА ТАРА – МОДРА РЕКА

Ја започнуваме сезоната на рафтинг адреналински авантури !!!
ПРВ ДЕН / 30.04.2022 – Состанок на група во договорено време. Планирано поаѓање околу 4 часот
наутро, попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во пладневните часови во Подгорица –
главен град на Црна Гора. Слободно време во трговски центар DELTA CITY и слободно време за
индивидуални прошетки во центарот на градот. Околу 14 часот планирано поаѓање према Модра Река.
Пристигнување околу 17 часот. Вечера.
Сместување. Овде ќе бидете сместени во дрвени куќички каде воздухот е свеж и искуството е
незаборавно.
Ова е една многу важна причина заради која треба да го посетите ова место, бидејќи животот во
градовите е динамичен, тежок и не двои од прекрасната природа и здравиот живот.
Ноќевање.
ВТОР ДЕН / 01.05.2022 – Денот ни започнува со појадок. Групата ќе биде во постојана комуникација со
стручен локален водич како и со туристичкиот пратител од агенција. Ресторанот се наоѓа на сама обала
на реката Пива. Угостителскиот тим е добро уходан во припрема на национални специјалитети. После
појадокот во договорено време со групата се упатуваме кон РАФТИНГ НА ТАРА каде се упатуваме со
теренско возило. РАФТИНГОТ СЕ СОСТОИ ОД ПРЕДИЗВИЦИ И АДРЕНАЛИН!!!
Секој рафтер е опремен со весло, заштитен елек и шлем. Почетниците, обично туристи, добиваат
прецизни упатства што мора строго да ги следат за време на рафтингот. Рафтингот е дружење и забава.
На многубројните списоци на најдобри места за рафтинг на европска територија свое место има
фантастичната црногорска река Тара. Тара ја носи титулата „Солзи на Европа“ што ја доби како дел од
транспарентноста, чистотата, но и убавината. Кањонот, но и реката Тара е заштитена како дел од
светското наследство на УНЕСКО. Создадена е со спојување на реките Опасаница и Веруша, веднаш под
планината Комови во Црна Гора.
Рафтинг центарот се наоѓа на реката Тара, помеѓу Црна Гора и Босна и Херцеговина (Република Српска).
Ова патување е сосема поразлично и поавантуристично од сите други, кое ќе ви остави безброј спомени.
Враќање за ручек. Слободно време за истражување на природата или едноставно да се одморите
слушајќи го шумот на реката и звукот на птиците. Вечера. Ноќевање.
ТРЕТ ДЕН / 02.05.2022 – Појадок. Одјавување. Продолжуваме према Нијагарини Водопади кои се
наоѓаат во близина на главниот град на Црна Гора – градот Подгорица – на реката Чивна. Туристите ќе
имаат можност да го посетат одличниот еко-ресторан “Нијагара”. Се одликува со национална кујна ,
свежа риба и печени месо. Ресторанот има неверојатна атмосфера. После ручек продолжуваме кон
Македонија. Попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во вечерните часови.
ЦЕНAТА Е ПО ЛИЦЕ ВО ЗАВИСНОСТ ОД ТИПОТ НА СМЕСТУВАЊЕ БЕЗ ДОПОЛНИТЕЛНИ ТРОШОЦИ!!!
ОПИС НА СМЕСТУВАЊЕ:

КУЌАРКА БРОЈ 1 / ТИП НА СОБА ЦЕНА

1/2 165€

1/5 155€

1/3 157€
 
Опис: 
I – Спрат,  двокреветна и петтокреветна соба со голема тараса над реката и едно купатило измеѓу собите
II – Спрат, трокреветни соби со тераса над реката и заедничко купатило помеѓу собите
 
КУЌАРКА БРОЈ 2 / ТИП НА СОБА ЦЕНА

1/2 165€

1/6 155€

1/3 157€
 
Опис:
I – Спрат,  двокреветна и шестокреветна соба со голема тераса реката и едно купатило помеѓу собите
II – Спрат, трокреветни соби  со заедничка тераса над реката и заедничко купатило помеѓу собите
 
КУЌАРКА БРОЈ 3 / ТИП НА СОБА ЦЕНА

1/2 165€

1/3 157€
 
Опис: Двокреветни и трокревети соби со wc

 
БУНГАЛОВИ ЦЕНА

1/3 и 1/4 169€

Опис: Трокреветни и четворокреветни бунгалови со приватни купатила
 
Во цената е вклучено:
* 2 ноќевања во одбрано сместување
* ПОЈАДОК, РУЧЕК И ВЕЧЕРА
* Рафтинг на Тара со инструктори (целосна опрема, одела, сигурносни појаси, весла итн..)
* Автобуски превоз на дадената релација
* Сите трансфери со комбе или џип за рафтинг
* Туристичка такса и такса за време на целиот престој
* Туристички пратител за време на патувањето
* Лиценциран водич за рафтинг
* Целосна организација
* Посета на ПОДГОРИЦА , ТРГОВСКИ ЦЕНТАР  DELTA CITY, НИЈАГАРИНИ ВОДОПАДИ
Во цената не е вклучено:
*Индивидуални активности
Важно
 За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 30 патници, во спротивно, крајниот
рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на
поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на
поедини содржини во програмата поради ситуации кои однапред не е возможно да се
предвидат со оглед на ситуацијата со Ковид мерките.
 За патувањето потребно е сертификат за вакцина при влез во Македонија.
 Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош
 Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради
новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе
бидат вратени на клиентот.
 Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова
реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се
реализира во согласност со општите услови за патување.