РАФТИНГ НА ТАРА МАЈ

You are currently viewing РАФТИНГ НА ТАРА МАЈ

НИЕ ВЕЌЕ ЈА ЗАПОЧНАВМЕ СЕЗОНАТА НА РАФТИНГ АДРЕНАЛИНСКИТЕ АВАНТУРИ!!!
После прекрасното патување за Први Мај имаме нов термин (27-29.05.2022)
ПРВ ДЕН / 26.05.2022 – Состанок на група во договорено време. Планирано поаѓање околу 22:00 часот , попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во утринските часови на 27.05.2022 во БУДВА – центарот на туризмот во Црна Гора, ова време е идеално доколку сакате да се прошетате покрај обала, да вдишите јод и да испиете утринско кафе на Јадранот. Околу 13 часот планирано поаѓање према Модра Река. Пристигнување околу 16-17 часот.
Сместување. Вечера.
Сместување. Овде ќе бидете сместени во дрвени куќички каде воздухот е свеж и искуството е незаборавно.
Ова е една многу важна причина заради која треба да го посетите ова место, бидејќи животот во градовите е
динамичен, тежок и не двои од прекрасната природа и здравиот живот.
Ноќевање.
ВТОР ДЕН / 28.05.2022 – Денот ни започнува со појадок. Групата ќе биде во постојана комуникација со стручен
локален водич како и со туристичкиот пратител од агенција. Ресторанот се наоѓа на сама обала на реката.
Угостителскиот тим е добро уходан во припрема на национални специјалитети. После појадокот во договорено
време со групата се упатуваме кон РАФТИНГ НА ТАРА каде се упатуваме со теренско возило. РАФТИНГОТ СЕ СОСТОИ
ОД ПРЕДИЗВИЦИ И АДРЕНАЛИН!!!
Секој рафтер е опремен со весло, заштитен елек и шлем. Почетниците, обично туристи, добиваат прецизни упатства
што мора строго да ги следат за време на рафтингот. Рафтингот е дружење и забава.
На многубројните списоци на најдобри места за рафтинг на европска територија свое место има фантастичната
црногорска река Тара. Тара ја носи титулата „Солзи на Европа“ што ја доби како дел од транспарентноста, чистотата,
но и убавината. Кањонот, но и реката Тара е заштитена како дел од светското наследство на УНЕСКО. Создадена е со
спојување на реките Опасаница и Веруша, веднаш под планината Комови во Црна Гора.
Рафтинг центарот се наоѓа на реката Тара, помеѓу Црна Гора и Босна и Херцеговина (Република Српска). Ова патување
е сосема поразлично и поавантуристично од сите други, кое ќе ви остави безброј спомени.
Враќање за ручек. Слободно време за истражување на природата или едноставно да се одморите слушајќи го шумот
на реката и звукот на птиците. После ручекот имате можност доколку сакате да се пуштите на ZIPLINE преку реката
Пива која во својот поголем дел е претворена во езеро.
Вечера. Ноќевање.
ТРЕТ ДЕН / 29.05.2022 – Појадок. Одјавување. Продолжуваме према Подгорица а потоа во Нијагарини Водопади кои
се наоѓаат во близина на главниот град на Црна Гора – градот Подгорица – на реката Чивна. Туристите ќе имаат
можност да го посетат одличниот еко-ресторан “Нијагара”. Се одликува со национална кујна , свежа риба и печенo
месо. Ресторанот има неверојатна атмосфера. После ручек продолжуваме кон Македонија. Попатни паузи и
царински формалности. Пристигнување во вечерните часови.
ЦЕНА ПО ЛИЦЕ ВО КУЌАРКИТЕ: 175EU /185EU редовна цена
ЦЕНА ПО ЛИЦЕ ВО БУНГАЛОВИ: 190EU / 200EU редовна цена
Опис на сместување во куќарки: двокреветни, трокреветни, четворокреветни и петтокреветни соби кои се наоѓаат во
куќарките, каде секоја куќарка има сопствен тоалет.
Опис на сместување во Бунгалови: соби со посебнен тоалет.
РАФТИНГ ЦЕНТАРОТ се наоѓа на Модра Река, со исклучиво врвен квалитет веќе испробано, одлична услуга, прекрасна
атмосфера и загарантирана забава.
Целта на нашата програма е да имаме повеќе слободно време да го истражиме овај прекрасен предел и едноставно
да уживаме во убавините на природата. Оној кој бил знае !
Во цената е вклучено:
* 2 ноќевања во одбрано сместување
* ПОЈАДОК, РУЧЕК И ВЕЧЕРА
* Рафтинг на Тара со инструктори (целосна опрема, одела, весла, сигурносни појаси)
* Автобуски превоз на дадената релација
* Сите трансфери со комбе или џип за рафтинг
* Туристичка такса и такса за време на целиот престој
* Туристички пратител за време на патувањето
* Лиценциран водич за рафтинг
* Целосна организација
* Посета на БУДВА, ПОДГОРИЦА , НИЈАГАРИНИ ВОДОПАДИ
Во цената не е вклучено:
*Индивидуални активности
*ZIPLINE