Услови за влез во Турција

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО НА РЕПУБЛИКА ТУРЦИЈА

Генерален Директорат За Здравствени Информациони Системи

 

Со цел да се минимизираат негативните ефекти на коронавирусот врз јавното здравје, во согласност со упатствата на Претседателот на Република Турција и препораките на Министерството за здравство и одборот за наука на Република Турција досега се донесени и спроведени голем број мерки на претпазливост. Во овој контекст, имајќи го предвид текот на пандемијата од Ковид-19 во други земји и процесите на вакцинирање донесени се нови одлуки за влез во Турција.

Во овој контекст со цел да се воспостави единство во практиката при влез во Република Турција од сите нејзини гранични премини (копнени, воздушни или морски) донесени се долу наведните мерки за справување со Ковид-19 кои од 1 јуни 2021 ќе се применуваат при влез во Турција.

Од патниците кои доаѓаат во Турција од земјите Авганистан, Бангладеш, Бразил, Јужна Африка, Индија, Непал, Пакистан, Шри Ланка и од оние за кои утврдено е дека биле во овие земји во последните 14 дена, ќе биде побарано да приложат негативен ПЦР тест направен во последните 72 часа пред да влезат во Турција, и истите ќе бидат ставени во карантин 14 дена на места што ќе бидат утврдени од страна на Гувернерите. Ако резултатот од ПЦР-тестот на крајот на 14-тиот ден од карантинот е негативен, мерката за карантин ќе биде прекината. Оние кои имаат позитивен резултат на ПЦР-тест ќе бидат изолирани од датумот на кој резултатот од тестот е позитивен, а мерката ќе биде прекината кога ќе се добие негативен резултат од PCR-тестот на крајот на 14-тиот ден. Од патниците кои пристигнуваат од Велика Британија, Иран, Египет и Сингапур во Република Турција ќе се побара приложување на негативен ПЦР тест направен во последните 72 часа пред влезот во Турција.

При влез од земјите кои не се наведени погоре од сите гранични премини (копнени, воздушни или морски) во Турција, од патниците нема да се бара приложување на негативен ПЦР тест ако приложат официјален документ дека се вакцинирале најмалку 14 дена пред влез во земјата, и/или дека во последните 6 месеци ја прележале болеста. За истите нема да се применува мерката на карантин. Во случај на неприложување на сертификат за вакцинација или документ за прележан Ковид-19 при влез во Турција, ќе треба да се приложи негативен ПЦР тест направен во последните 72 часа пред влез во земјата и/или негативен брз антиген тест направен во последните 48 часа пред влез во земјата.

Патниците (освен оние од Авганистан, Бангладеш, Бразил, Јужна Африка, Индија, Непал, Пакистан, Шри Ланка) кои ќе влезат во Турција, можно е да бидат тестирани со ПЦР тест од страна на Министерството за здравство на Република Турција врз основа на принципот на случаен избор (sampling).

Во рамки на ова, на лицата кои ќе бидат тестирани, по земањето на примероци за тест, ќе им биде дозволено да одат до местото на престој, при што во случај да резултираат позитивни на ПЦР тест, ќе бидат лекувани во согласност со протоколот за Ковид-19 на Министерството за здравство на Турција.

Лицата кои ќе резултираат позитивни на тестирање и лицата со кои биле во близок контакт, ќе бидат ставени во 14 дневен карантин во адреса која сами ќе ја определат и доколку на 10. ден од карантинот резултираат негативни на ПЦР тест, ќе им заврши периодот на карантин. За лицата кај кои ќе се утврди мутант Б.1.617 периодот на карантин ќе заврши со негативен резултат на ПЦР тест направен на 14. ден од карантинот.

Со цел заштита на надворешната трговија од негативното влијание на пандемијата, екипажот на авиони-бродови, како и вработените во брод од клучно значење и возачите на тешки товарни возила се ослободени од мерките на ПЦР тест за САРС-КоВ-2 и мерките на карантин.

Ве известуваме дека за влез во Турција потребни е да имате:

  • Биометриски пасош со валидност од најмалку 6 месеца
  • Негативен ПЦР тест или официјален документ дека се вакцинирале најмалку 14 дена пред влез во земјата или дека во последните 6 месеци ја прележале болеста.
  • Формулар за влез – секој што влегува во Турција мора да се регистрира на следниот линк најрано 72 часа пред влегување во земјата и откако ќе се добие QR кодот, потребно е да биде во печатена форма или на мобилниот телефон.

Пополнувањето на формуларот се прави како што е наведено во инструкциите на сликите (чекор по чекор)

Чекор 1
Пополнете ги бараните полиња со Вашите податоци
step1
Чекор 2
Пополнете ги полињата за податоци на Вашиот престој / хотел
step2
Чекор 3
Внесете ги сите држави во кои што сте престојувале во последните 10 дена
step3
Чекор 4
Тука ќе видите извештај за Вашите податоци кои што ги испраќате. Доколку податоците се точни продолжете понатаму.
step4
Чекор 5
Ќе добиете QR код кој потребно е да биде во печатена форма или на мобилниот телефон.
step5