Пролом бања за Велигден

Пролом бања за Велигден

Пролом бања за Велигден

Цена на аранжманот 129€ по лице (промо цена) редовна цена 159€

доплата за Трансфер  од Битола,  Прилеп и Велес 10 евра по лице

ТЕРМИН: 01.05-03.05.2021

 

                                     

 

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

·        Автобуски превоз Скопје – Пролом Бања – Скопје

·        Сместување во Хотел Радан 3* на база 2 ноќевања во двокреветни соби (пролом вода во сите соби, ТВ, бањарки и фен за коса)

·        Исхрана на база полн пансион: шведска маса за појадок, со сервирање за ручек и вечера

·        Користење затворено отворен базен со лековита Пролом вода

·        Користење Велнес центар: солена соба, парно купатило, сауна, џакузи, тепидариум

·        Организирана прошетка до црквата Лазарица со локален водич

·        Туристичка такса

·        Организација, реализација и придружник на патувањето

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

·        Задолжително патничко осигурување

·        Излет до Ѓавола Варош (автобуски превоз, локален водич и влезница) – 5€ доплата по желба.

·        Индивидуални трошоци (масажи, пијалок и останати неспоменати услуги).

 

Програма на патување:

ПРВ ДЕН 01.05 (Сабота) СКОПЈЕ – ПРОЛОМ БАЊА

Состанок на групата во 05.00часот наутро на Дрводекор. Поаѓање за Србија во 05:30 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Пролом Бања во пладневните часови и сместување во хотел. Ручек. Слободно попладне за индивидуални активности, одмор и релаксација во Велнес центарот на хотелот. Вечера. Ноќевање.

ВТОР ДЕН 02.05 (Недела) ПРОЛОМ БАЊА

Појадок. Во 10.00 часот заминување на факултативен излет со автобуски превоз и локален водич до локалитетот Ѓавола Варош, мистичен споменик на природата, околу кој се врзани повеќе легенди, избран е во ТОП 77 во изборот за најголемите чуда на природата. Враќање во хотел. Ручек. Слободно попладне за одмор и релаксација во СПА центарот на хотелот. Вечера. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН 03.05 (Понеделник) ПРОЛОМ БАЊА – СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на собите во договорено време. Во 10.00 часот организирана прошетка со локален водич до единствената црква – брвнара во овој крај, црквата Лазарица, светски позната по единствениот мистичен феномен, 6те стебла од сливи кои при растењето 6 пати се вртат околу себе. Заминување кон Македонија во договорено време. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

 

Попусти и доплати:

  • Доплата за еднокреветна соба 30евра.
  • Дете 2-9год. на дополнителен кревет (фотеља на извлекување) во придружба на 2 возрасни плаќа 25евра
  • Дете 9-14год. на дополнителен кревет (фотеља на извлекување) во придружба на 2 возрасни плаќа 75евра
  • Трет возрасен на дополнителен кревет плаќа полна сума (на барање)
  • Намалување за сопствен превоз -10евра

 

НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:

Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)

 

Напомена:

*Се патува со лична карта или пасош

*За влез во Србија не е потребен PCR тест, ниту тест за антитела

*За реализација на факултативата потребно е да бидат пријавени минимум 15 патници

*Доколку сме спречени да ја реализираме турата поради ситуацијата со која се соочуваме, уплатените средства ќе бидат рефундирани

*За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.

*За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.

*Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.