УЛ.ПЕЦЕ МАТИЧЕВСКИ БР.15, 7000 БИТОЛА  + 389 47 512 512  + 389 76 296 296       info@migtravel.mk

ПРАГА-КАРЛОВИ ВАРИ-ВИЕНА 23-ТИ ОКТОМВРИ

You are currently viewing ПРАГА-КАРЛОВИ ВАРИ-ВИЕНА 23-ТИ ОКТОМВРИ

Програма

ДЕН 1: ПЕТОК 20.10.2023 СКОПЈЕ-ПРАГА
    Состанок на групата во 11:30 часот на Дрводекор, поаѓање за Прага во 12:00 ч., преку Србија и Унгарија. Дневно и ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.
ДЕН 2: САБОТА 21.10.2023 ПРАГА
    Пристигнување во Прага во пладневните часови. Панорамско и пешачко разгледување на градот со локален туристички водич: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Еврејската четврт, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часовник-Орлој, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашната кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад. Националниот музеј. Сместување во хотел. Во вечерните часови предвидено е факултативно крстарење по реката Влтава. По крстарењето, враќање во хотел. Ноќевање.
ДЕН 3: НЕДЕЛА 22.10.2023 ПРАГА-КАРЛОВИ ВАРИ-ПРАГА
    • По појадокот, следува факултативен излет до најпознатиот бањски центар во Чешка (25 евра) и омиленото место на европската аристократија, град во кој ќе посакате да останете. Посета на деветнаесет извори и прекрасните неоренесансни колонади. Можност да ги погледнете надалеку познатите производи од порцелан, стаклото Мозер, ликерот Беkеровка како и музејот на Беkеровка. Враќање во хотел. Во вечерните часови можност за посета на традиционален чешки ресторан или чешка пивница или индивидуални активности за прошетки или шопинг. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.
ДЕН 4: ПОНЕДЕЛНИК 23.10.2023 ПРАГА-ВИЕНА-СКОПЈЕ
    • Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот и поаѓање за Виена со попатна пауза во шопинг центарот во Знојмо. Панорамски разглед на рингот: Плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, Музејот на модерната уметност, градската палата, Универзитетот, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург. Слободно време за индивидуална прошетка и во договорено време поаѓање за Скопје.
    Пристигнување во Скопје во утринските часови на 24.10.2023 (вторник).

ПРОМО ЦЕНА: 139 ЕВРА / 8618 ДЕН. СО ЗАДОЛЖИТЕЛНА РЕЗЕРВАЦИЈА НА ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ ОД 60 ЕВРА!
РЕДОВНА ЦЕНА: 159 ЕВРА / 9858 ДЕН.

Во цената е вклучено:
– Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
– 2 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Прага
– Oрганизиран разглед на Виена
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето.
– Бесплатен трансфер од Битола, Прилеп, Црна Река (Сирково) и Велес

Во цената не е вклучено:
– Разглед на Прага со водич -15 евра
– Факултативен излет на Карлови Вари -35 евра
– Крстарење по реката Влтава – 25 евра
– Задолжителна доплата за туристичка такса 2.5 евра по лице по ноќевање
– Патничко осигурување – 5 евра 

НАПОМЕНА:

– За сингл соба се доплаќа 70% од сумата на аранжманот

– За реализација на аранжманот, потребен е миниум од 40 патници.
– За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата на целосниот износ најдоцна 10 дена пред почетокот на аранжманот
– Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 15 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
– Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
– За овој аранжман важат општите услови на патување на Идеал Травел и ТА МИГ ТРАВЕЛ