УЛ.ПЕЦЕ МАТИЧЕВСКИ БР.15, 7000 БИТОЛА  + 389 47 512 512  + 389 76 296 296       info@migtravel.mk

ПРАГА-КАРЛОВИ ВАРИ-ДРЕЗДЕН-ВИЕНА

You are currently viewing ПРАГА-КАРЛОВИ ВАРИ-ДРЕЗДЕН-ВИЕНА

Програма

1 ден: четврток (29.12.2022) СКОПЈЕ – ПРАГА:
    Состанок на групата во 11:30 часот на Дрводекор, поаѓање за Прага во 12:00 со високотуристички автобус. Патот води преку Србија и Унгарија со попатни одмори и царински формалности.
2 ден: петок (30.12.2022) ПРАГА:
    Пристигнување во Прага во пладневните часови. Панорамско разгледување на градот со локален туристички водич: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Еврејската четврт, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часовник-Орлој, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашната кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад. Националниот музеј. Сместување во хотел. Во вечерните часови ноќна прошетка низ центарот на Прага со можност за крстарење по реката Влтава и прошетка.Враќање во хотел. Ноќевање.
3 ден: сабота (31.12.2022) ПРАГА – ДРЕЗДЕН – ПРАГА:
    ојадок. По појадокот се упатуваме на факултативен излет во прекрасниот Дрезден. Денеска главен град на покраината Саксонија , некогаш (по втората Св.војна) дел од Источна Германија. Основан уште во 600 г.пне. на обалата на реката Елба . Во еден период населен и од Славонски племиња. Карактеристичен, прекрасен Саксонски стил во архитектурата – богатсво на прекрасни градби, како остатоци од некогашното Кралство Саксонија. Стариот дел од градот е слика на богатото и славно минато: Палатата Звингер, седиште на многу музеи со преку 2000 уметнички слики, прекрасна нео-ренесансна градба, прекрасната Готска Богородична црква – Frauenkirche, Кралската палата – денеска државен музеј каде се чува Зелениот трезор, Палатата Ташенбер (денешен хотел Кемпински), Августовиот мост на “ Фиренца на Елба “ како што се споредува денешен Дрезден . Излет кој нема да ве остави рамнодушни. Враќање во Прага. Дочек на Нова Година на централниот градски плоштад. Ноќевање.
4 ден: недела (01.01.2023) ПРАГА – КАРЛОВИ ВАРИ – ПРАГА:
    По појадокот предлагаме излет до најпознатиот бањски центар во Чешка и омиленото место на европската аристократија, град во кој ќе посакате да останете. Посета на деветнаесет извори и прекрасните неоренесансни колонади. Можност да ги погледнете надалеку познатите производи од порцелан, стаклото Мозер, ликерот Беkеровка како и музејот на Беkеровка. Враќање во хотел. Во вечерните часови можност за посета на традиционален чешки ресторан или чешка пивница или индивидуални активности за прошетки или шопинг. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.
5 ден: понеделник (02.01.2023) ПРАГА – ВИЕНА – СКОПЈЕ:
    • Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот и поаѓање за Виена со попатна пауза во шопинг центарот во Знојмо. Панорамски разглед на рингот: Плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, Музејот на модерната уметност, градската палата, Универзитетот, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург. Слободно време за индивидуална прошетка и во договорено време поаѓање за Скопје.
    Пристигнување во Скопје во утринските часови на 03.01.2023 (вторник).

ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 179 ЕВРА ЗА УПЛАТИ ДО 15.11.2022
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 199 ЕВРА ПО ЛИЦЕ

Во цената е вклучено:
– Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
– 3 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Прага
– Oрганизиран разглед на Виена
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената не е вклучено:
– Разглед на Прага со локален водич – 10 евра
– Факултативен излет на Карлови Вари – 30 евра
– Факултативен излет на Дрезден – 35 евра
– Крстарење по реката Влтава -20 евра
– Доплата за трансфер (10 евра во два правци по лице) од Битола, Прилеп, Црна Река (Сирково), Велес и Штип
– Задолжителна туристичка такса 2.5€ по лице по ноќевање
– Патничко осигурување – 5 евра

НАПОМЕНА:

– За реализација на аранжманот, потребен е миниум од 40 патници.
– За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума
– Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
– За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.
– Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
– За овој аранжман важат општите услови на патување на Идеал Травел и Миг Травел

%d bloggers like this: