Магична, мистична, прекрасна се само дел од атрибутите кои Прага, главната престолнина на Република Чешка, со сигурност ги заслужува. Сместена во срцето на Европа, плени со својата специфична архитектонска традиција, а воедно претставува и значајна раскрсница на која се среќаваат уметници и научници од целиот свет. Како популарна туристичка дестинација, Прага со гордост го зазема шестото место на најпосетувани европски градови.
Програма
1 ден: ВТОРНИК (10.10.2023) СКОПЈЕ – ПРАГА:
- Состанок на групата во 11:30 часот на Дрводекор, поаѓање за Прага во 12:00 со високотуристички автобус. Патот води преку Србија и Унгарија со попатни одмори и царински формалности.
2 ден: СРЕДА (11.10.2023) ПРАГА:
- Пристигнување во Прага во пладневните часови. Панорамско и пешачко разгледување на градот со локален туристички водич (10 евра): Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Еврејската четврт, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часовник-Орлој, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашната кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад. Националниот музеј. Сместување во хотел. Во вечерните часови предвидено е факултативно крстарење по реката Влтава (20 евра). По крстарењето, враќање во хотел. Ноќевање.
3 ден: ЧЕТВРТОК (12.10.2023) ПРАГА – ДРЕЗДЕН – ПРАГА:
- Појадок. По појадокот се упатуваме на факултативен излет во прекрасниот Дрезден (35 евра). Денеска главен град на покраината Саксонија , некогаш (по втората Св.војна) дел од Источна Германија. Основан уште во 600 г.пне. на обалата на реката Елба . Во еден период населен и од Славонски племиња. Карактеристичен, прекрасен Саксонски стил во архитектурата – богатсво на прекрасни градби, како остатоци од некогашното Кралство Саксонија. Стариот дел од градот е слика на богатото и славно минато: Палатата Звингер, седиште на многу музеи со преку 2000 уметнички слики, прекрасна нео-ренесансна градба, прекрасната Готска Богородична црква – Frauenkirche, Кралската палата – денеска државен музеј каде се чува Зелениот трезор, Палатата Ташенбер (денешен хотел Кемпински), Августовиот мост на “ Фиренца на Елба “ како што се споредува денешен Дрезден . Излет кој нема да ве остави рамнодушни. Враќање во хотел. Ноќевање.
4 ден: ПЕТОК (13.10.2023) ПРАГА – КАРЛОВИ ВАРИ – ПРАГА:
- По појадокот, предлагаме факултатоивен излет до најпознатиот бањски центар во Чешка (25 евра) и омиленото место на европската аристократија, град во кој ќе посакате да останете. Посета на деветнаесет извори и прекрасните неоренесансни колонади. Можност да ги погледнете надалеку познатите производи од порцелан, стаклото Мозер, ликерот Беkеровка како и музејот на Беkеровка. Враќање во хотел. Во вечерните часови можност за посета на традиционален чешки ресторан или чешка пивница или индивидуални активности за прошетки или шопинг. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.
5 ден САБОТА (14.10.2023) ПРАГА – ВИЕНА – СКОПЈЕ:
-
- Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот и поаѓање за Виена со попатна пауза во шопинг центарот во Знојмо. Панорамски разглед на рингот: Плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, Музејот на модерната уметност, градската палата, Универзитетот, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург. Слободно време за индивидуална прошетка и во договорено време поаѓање за Скопје. Пристигнување во Скопје во утринските часови на 15.10.2023 (недела).
ПРОМО ЦЕНА: 179 ЕВРА ПО ЛИЦЕ / 11098 ДЕН. ЗА УПЛАТИ ДО 01.09.2023
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 199 ЕВРА ПО ЛИЦЕ / 12338 ДЕН.
Во цената е вклучено:
– Автобуски превоз на наведената релација
– 3 ноќевања со појадок во Hotel 3* во Прага
– Oрганизиран разглед на Виена
– Бесплатен трансфер од: Битола, Прилеп, Црна Река и Велес
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Во цената не е вклучено:
– Разглед на Прага со локален водич – 10 евра
– Факултативен излет на Карлови Вари – 25 евра
– Факултативен излет на Дрезден – 35 евра
– Крстарење по реката Влтава -20 евра
– Патничко осигурување – 5 евра
– Задолжителна туристичка такса 2.5€ по лице по ноќевање
НАПОМЕНА:
– За Сингл соба се доплаќа 70% од сумата на аранжманот.
– За реализација на аранжманот, потребен е миниум од 40 патници.
– За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
– Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 15 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
– Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
– За овој аранжман важат општите услови на патување на Идеал Травел и ТА МИГ ТРАВЕЛ