Прага – Божиќен базар

You are currently viewing Прага – Божиќен базар
Прага – Божиќен базар – Програма на Тура
 
Ден1

02.12.2021 – четврток

Состанок во Скопје во пладневните часови. Патување кон Прага, преку Србија, Унгарија и Австрија. Дневно и ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

Ден2

03.12.2021 – петок

Пристигнување во Прага во пладневните часови. Разглед на градот со локален водич (факултативно): Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло IV, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, Старомајскиот плоштад со астрономскиот часовник – Орлој, црквата Лорето, Градската куќа, Прашната кула, националниот музеј, дворецот Храдчани, катедралата Св. Вито, Златната улица. Сместување во хотел. Слободно време за одмор. Ноќевање.

Ден3

04.12.2021 – сабота

Појадок. Целодневен факултативен излет за Дрезден. Во Дрезден со локален водич ќе ги видете следниве атракции: Операта Земпер, Палатата Цвингер, Богородичната црква, римокатоличката Дворска црква, Резиденционалната палата, палатата Ташенбер, Августовиот музеј. Враќање од Дрезден кон Прага. Вечерта можност за Крстарење по Влтава (факултативно), ќе имате можност да ги видете прашките мостови и прекрасната архитектура од двете страни на Влтава. Ноќевање.

Ден4

05.12.2021 – недела

Појадок. После појадокот, факултативно заминување за Карлови Вари – најпознатиот бањски центар во Чешка и омиленото место на европската аристократија. Ќе имате можност да ги видете топлите извори и да се запознаете со лековитите својства на водите, можност да купите сувенири и производи со лековити својства од Карлови Вари. Враќање во хотел. Можност за факултативна организација на вечера во национален ресторан – пивница. Ноќевање.

Ден5

06.12.2021 – понеделник

Појадок во хотел. После појадокот, напуштање на хотелот и поаѓање за Виена во 08:00 часот наутро. Пристигнување во Виена околу 15:00 часот. Панорамски разглед на градот: плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, Катедралата С

Цена на аранжманот:139 EUR

Дополнителни информации

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со туристички автобус на дадените дестинации;
  • Сместување во двокреветни соби во хотел со 3* во Прага – 3 ноќевања со појадок;
  • Придружник од агенцијата за време на патувањето;
  • Разглед на Виена;
  • Организација и реализација на патувањето.

 

Во цената на аражманот не е вклучено:

  • Панорамски разглед на Прага со локален водич – 10 €;
  • Крстарење по Влтава – 15€;
  • Целодневна посета на Карлови Вари со професионален туристички водич од агенцијата – 25€;
  • Целодневна посета на Дрезден со локален водич – 30€;
  • Патничко осигурување;
  • Влезници во објекти.

 

 

Општи напомени:

  • Резервација се прави со уплата на 50% од вкупниот износ на аранжманот;
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд;
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 40 патника;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот;
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата;
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

 

 

 

 

ПРОТОКОЛИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЧЕШКА

  1. Сите патници, пред патување во Чешка, мора да пополнат формулар за пристигнување (на следниов линк:https://plf.uzis.cz/), а отпечатена верзија од пополнетиот формулар мора да се стави на увид при граничната контрола по барање од службеното лице;
  2. Патниците кои се имунизирани се должни да го презентираат сертификатот / потврдата за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени најмалку две дози вакцина против заразната болест COVID-19 – од вакцините што се признати од Европската агенција за медицина (ЕМА);
  3. Патниците кои немаат извршено имунизација, а кои користат јавен превоз (особено со авион, воз, автобус), мора да обезбедат писмена потврда од давател на здравствената услуга за негативен тест за антиген (максимум 48 часа од земање брис) или писмена потврда од акредитирана лабораторија за негативен RT-PCR тест (максимум 72 часа од земање брис). За таа цел, превозниците се овласетени да НЕ дозволат превоз на патници кои нема да покажат пополнет формулар за пристигнување и тест за САРС-КоВ-2.

Овие патници, во периодот од 5-от до најдоцна 14-от ден од влегувањето на чешка територија, треба да направат тест RT-PCR за да се одреди евентуалното присуство на вирусот САРС-КоВ-2. До добивање негативен резултат потребна е самоизолација!

  1.     Патниците кои немаат извршено имунизација, а кои користат индивидуален превоз, не е потребно да имаат резултат од тестот пред почетокот на патувањето, но задолжително е да се подложат на RT-PCR тест по влегувањето во Чешка не порано од 5-от ден, но не подоцна од 14-тиот ден. Потребна е самоизолација до  негативниот резултат од RT-PCR тестот.
  2. Патниците кои немаат извршено имунизација, а кои се државјани на трети земји и немаат дозвола за престој издадена од Чешка или немаат дозвола за долгорочен или постојан престој во друга земја на ЕУ не смеат да влезат во Чешка. Исклучок се земјите со низок ризик од инфекција.

ПРОТОКОЛИ ЗА ВЛЕЗ ВО МАКЕДОНИЈА

Во делот на мерките поврзани со патувања на граѓаните со важност од 01.09.2021г. се додава точка 14, со која при влез во државата сите лица (домашни и странски) треба да приложат еден од следните документи:

  1. Сертификат / потврда за извршена имунизација (вакцинација)од вирусот SARS-CoV-2, односно примени најмалку 2 дози на вакцина против COVID-19;
  2. Сертификат /потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето;
  3. Медицинска потврда со негативен резултат од RT PCR SARS-CoV-2 тест,направен во рок од најмногу 72 часа пред влез во нашата држава;
  4. Негативен резултат од брз Тест за Антиген направен во рок од најмногу 48 часа пред влез во нашата држава.

Патниците (над 18 години) кои немаат сертификат за извршена имунизација или за прележан COVID-19 во последните 45 дена, доколку не сакаат да бидат упатени во домашна изолација ќе треба да направат тест за време на престојот во странство непосредно пред враќањето за Македонија.

в. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург. Слободно време за прошетка. Поаѓање кон Македонија околу 19:00 часот. Ноќно возење со попатни паузи за одмор низ Унгарија и пасошки и царински формалности. Пристигнување во Македонија следниот ден, во утринските часови