Прага – Божиќен базар

You are currently viewing Прага – Божиќен базар

Состанок во Скопје во пладневните часови. Патување кон Прага, преку Србија, Унгарија и Австрија. Дневно и
ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

Пристигнување во Прага во пладневните часови. Разглед на градот со локален водич (факултативно): Карловиот
мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло IV, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската
улица, Старомајскиот плоштад со астрономскиот часовник – Орлој, црквата Лорето, Градската куќа, Прашната
кула, националниот музеј, дворецот Храдчани, катедралата Св. Вито, Златната улица. Сместување во хотел.
Слободно време за одмор. Ноќевање.

 09.12.2023
Појадок. Целодневен факултативен излет за Дрезден. Во Дрезден со локален водич ќе ги видете следниве
атракции: Операта Земпер, Палатата Цвингер, Богородичната црква, римокатоличката Дворска црква,
Резиденционалната палата, палатата Ташенбер, Августовиот музеј. Враќање од Дрезден кон Прага. Вечерта
можност за Крстарење по Влтава (факултативно), ќе имате можност да ги видете прашките мостови и
прекрасната архитектура од двете страни на Влтава. Ноќевање.

 10.12.2023
Појадок во хотел. После појадокот, напуштање на хотелот и поаѓање за Виена во 08:00 часот наутро. Попатна
посета на OUTLET SHOPPING CENTER PARNDORF Пристигнување во Виена околу 15:00 часот. Панорамски
разглед на градот: плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, Музејот на модерна уметност, градската
палата, Универзитетот, палатата Белведере, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург. Слободно време
за прошетка. Поаѓање кон Македонија околу 19:00 часот. Ноќно возење со попатни паузи за одмор низ Унгарија и
пасошки и царински формалности.

 11.12.2023

Пристигнување во Македонија во утринските часови

 

Цена : 179 евра по лице 

Additional Info:
ТРГНУВАЊЕ од : Струмица, Радовиш, Штип, Велес и Скопје
Во цената на аранжманот е вклучено:
· Превоз со туристички автобус на дадените дестинации;
· Сместување во двокреветни соби во хотел со 3* во Прага – 2 ноќевања со појадок;
· Придружник од агенцијата за време на патувањето;
· Посета на Виена;
· Организација и реализација на патувањето.
Во цената на аражманот не е вклучено:
· Панорамски разглед на Прага со локален водич – 15 €;
· Крстарење по Влтава – 20€;
· Целодневна посета на Дрезден со локален водич – 40€;
· Туристичка такса – 4 € по лице (се плаќа во агенција)
· Патничко осигурување;
· Влезници во објекти.
Општи напомени:
· Организатор на аранжманот е Т.А. АтлантиС;
· Резервација се прави со уплата на 50% од вкупниот износ на аранжманот;
· Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
· Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд;
· За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 40 патника;
· За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот;
· Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на
превозот или хотелот;
· Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост
аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
· Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на
цената на влезниците на локалитетите и музеите;
· За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на
јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата;
· Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
· Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на
непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот,
затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А.АтлантиС и ТА.МИГ ТРАВЕЛ