Прага (авио)

You are currently viewing Прага (авио)

Прага (авио)

 

 

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:

09.март (четврток)    СКОПЈЕ – ПРАГА  
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 10:35 часот. Полетување за Прага во 12:35 ч. Пристигнување во Прага во 16:00 часот (со 1 попатно преседнување). Трансфер до хотелот. Слободно попладне. Ноќевање.

10.март (петок)     ПРАГА 
Појадок. Панорамски пешачки разглед на градот со локален водич. Разглед на Старо место: Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло четврти, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, плоштадот Старо Место со Астрономскиот часовник – Орлој, Градската куќа, Тунската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Универзитетот на Карло четврти, Вацлавске намести, Националниот музеј, Горниот град: Дворецот Храдчани, Катедралата Св.Вито, Златната улица… Слободно попладне или можност за факултативно крстарење со брод по реката Влтава. Ноќевање.

11.март (сабота)    ПРАГА – КАРЛОВИ ВАРИ
Појадок. Слободен ден за индивидуални прошетки или факултативен излет до Карлови Вари – најпознат бањски центар во Чешка, популарно одморалиште на европската аристократија и културната елита во 19-от век. Можност за посета на еден од 12-те извори… прошетка покрај неоренесансните колонади, паркови, кафеани и продавници. Увид во познатите се локалните производи од порцелан, стаклото Мозер како и ликерот Бехеровка. Попладнето, враќање во Прага. Навечер, факулатативна вечера во пивница или национален ресторан. Ноќевање.

12.март (недела) ПРАГА – КАРЛШТЕЈН
Појадок. Одјавување од собите. Слободен ден за индивидуални прошетки или факултативен излет до дворецот Карлштејн – некогашната резиденција на кралот Карло четврти, изграден во 14 век. Враќање во Прага во попладневните часови. Слободно време. Трансфер до аеродромот во Прага во 14:00ч. Лет за Скопје во 16:40 ч. Пристигнување после полноќ во 00:10 часот.

Цена на аранжманот во предпродажба: 379 € (23.498,00 мкд) за уплати до 14.01.2023
Редовна цена на аранжманот: 429 € (26.598,00 мкд)

Во цената на аранжманот е вклучено:
– Авионски превоз на релација: Скопје – Прага – Скопје (со 1 попатно преседнување)
* Рачна торба со димензии 10*30*40см
* Кабинска торба 55*40*23см до 8кг.
– Трансфери во Прага: аеродром – хотел – аеродром
– Сместување во хотел *** , на база 3 ноќевања со појадок
– Организиран пешачки панорамски разглед на Прага
– Организација и реализација, придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Карти за јавен превоз (метро, автобус…)
– Доплата за еднокреветна соба (25 €)
– Факултативни излети и посети:
* Карлштејн, со вклучена влезница (50€)
* Карлови Вари (55€) 
* Крстарење по В’лтава (25€)
* Вечер во пивница или национален ресторан
– Влезници за музеите и културно – историските споменици 

НАПОМЕНИ:
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници
– За реализаци на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници
– За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и Савана
– Организатор на патувањето е ТА САВАНА и МИГ ТРАВЕЛ