ПЕЛОПОНЕЗ

You are currently viewing ПЕЛОПОНЕЗ

Пелопонез за 1 мај

ПЕЛОПОНЕЗ – Патра – Атина – Олимпија – Метеори

ПРОМО ЦЕНА 109 евра со уплата до 15.04, редовна цена 129 евра

 

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

·        3 ноќевања во вили во местото Лонгос (Селианитика) во близина на градот Патра

·        Автобуски превоз на дадената релација

·        Разглед на Патра со водич

·        Туристички придружник за време на патувањето

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

·        Посета на Древната Олимпија со вклучена влезница за локалитетот – 25 евра

·        Разглед на Атина и Коринтскиот канал – 25 евра

·        Посета на Метеори и влезница за манастирот Голем Метеор – 10 евра

·        Задолжително патничко осигурување 300 денари по лице

 

НАПОМЕНА: Во цената на факултативите не спаѓа влезница за Акропол и останатите влезници за музеите

Со резервација на пакет факултативите во агенција, цената на сите факултативи е 55 евра по лице, наместо 60 евра

 

28.04.2022 – Четврток

Чекање на групата пред  Дрводекор околу 20 часот. Патување со високотуристички автобус, преку граничниот премин Богородица. Ноќно возење преку Грција со попатни застанувања за пауза и царински формалности.

 

29.04.2022 – Петок

Пристигнување во раните утрински часови и сместување во вилите. Кратко време за освежување и одмор, па потоа патувањето продолжува со факултативен излет до древната Олимпија или „Долината на Боговите“. Древна Олимпија е античко светилиште како и родното место на Олимписките игри. Ќе имате прилика и да го видите храмот на Зевс, храмот на Хера, Булутерион, како и олимпискиот стадион на кој се одржани првите игри со кои ќе се вратите во времето на грчките божества. Целото наоѓалиште е под заштита на УНЕСКО. Враќање во Лонгос во раните вечерни часови. Ноќевање.

30.04.2022 – Сабота

Слободен ден или можност за факултативен излет до Атина. Разглед на централните делови на грчката престолнина, плоштадот Омонија, националната библиотека, зградата на архивата, плоштадот Синтагма на кој се наоѓа зградата на Парламентот, олимпискиот стадион. Посета на Акропол по желба, најзначајниот објект и симбол на Атина или слободно време во Монастираки, каде можете да уживате во грчките таверни и нивните специјалитети. Враќање. На патот до Лонгос, кратко застанување и разглед на Коринтскиот канал, единствен пример на човечката упорност, каде се спојуваат Егејското и Јонското море.

01.05.2022 – Недела

Велигден! Патот не води до Патра, главниот град на Пелопонез и трет најголем град во Грција. Разгледот не води преку прекрасната црква на Свети Андрија, во која се чуваат моштите и крстот на кој е распнат светецот. Единствена прилика да почувствувате како Грците го прославуваат овој голем ден. Слободно време во центарот на Патра. Потоа можност за заеднички Велигденски ручек. Ноќевање.

 

02.05.2022 – Понеделник

Напуштање на апартманите и групата се упатува према величествениот комплекс на манастири кои „лебдат“ помеѓу земјата и небото – Метеори. Чудесна глетка која никого не остава рамнодушен. Посета на ќелиите на манастирот каде ќе видите како живеат монасите во нивниот верски живот. Потоа патувањето продолжува према Скопје. Планирано пристигнување во раните утрински часови.

 

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:

·        Доплата за 1/1 соба 70% од цената на аранжманот

·        Сместувањето е во двокреветни, трокреветни и четворокреветни соби

·        Нема намалување на цената за сопствен превоз

·        ПОПУСТ за деца: попуст се добива кога детето е придружувано од двајца возрасни лица. Сите лица постари од 10 години се сметаат за возрасни лица. Дете од 02-10 години во 1/2+1 остварува попуст од 10% (со седиште во автобус и кревет во хотел)

·        Возрасно лице на помошен кревет го плаќа полниот износ на аранжманот.

 

 

НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:

·        Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)

УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:

·        Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.

·        Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.

·        Патниците кои имаат за цел да посетат одредени институции, ги советуваме преку интернет да се информираат за работното време и дали е потребна резервација за термин.

·        Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување.

·        Се предупредуваат патниците дека поради почитување на часовите предвидени во програмата за патување, не постои можност за задржување на граница поради регулирање на повраток на средства од TAX FREE.

·        Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на Советот на Министри во ЕУ.

·        ВАЖНО:Агенцијата не сносува одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ.

·        Патниците кои не се државјани на Македонија се обврзани самите да се запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и преку земјите кои се поминуваат при патувањето.

·        Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешно пријавени податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби.

·        Ги замолуваме патниците да достават копија од пасошот при резервација на аранжманот и телефонски број.

·        Пограничните служби при пасошката контрола можно е да побараат од некои патници да покажат парични средства (картички или готовина), како и меѓународно патничко осигурување.

·        Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.

·        Должината на слободното време за индивидуални активности за време на програмата зависи од објективните околности.

·        За сите информации дадени по усмен пат, агенцијата не сносува одговорност.

·        Потписниците на договорот за патување се должни да ги информираат нивните сопатници со програмата, условите на плаќање и Општите услови на патување.

·        Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.

·        Патниците самите сносат одговорност за личните и патните документи и нивната важност.

·        Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето. Go Travel ќе ги проследи барањата до хотелот, но не гарантира за исполнување на истите.

·        ЈК Travel не учествува во организацијата на слободното време на патниците на местото, и нема влијание за реализацијата на факултативните излети кои се во организација на тур операторот во државата.

·        Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упаствата и напомените, организаторот на патувањето не сносува одговорност, туку целокупниот износ на штетата ги сносува патникот.

·        Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради непредвидени околности)

·        ВАЖНО: Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.

·        Во случај да дојде до промена на монетарниот пазар или недоволен број на пријавени патници, агенцијата го задржува правото да ја коригира цената и да направи промена во програмата, како и да ја спои турата со друга агенција.

·        Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната. Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената.

·        Организатор на патувањето е туристичката агенција Go Travel од Скопје со лиценца А (Министерство за економија).

·        Организаторот на патувањето располага со гаранција за патување во висина од 100.000 евра во случај на инсолвентност и во случај на надокнада за штета по договор во агенцијата.

·        Аранжманот е правен врз база на 40 патници и доколку има недоволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.

·        Со оваа програма важат Општите услови на Т.А МИГ ТРАВЕЛ