PEARL BEACH RESORT

PEARL BEACH RESORT

Pearl Beach Resort 4* Чањ

PEARL BEACH RESORT 4* е атрактивен туристички комплекс, сместен на самата обала во Чањ помеѓу Петровац и Бар. Хотелот се наоѓа на 600 метри од центарот на Чањ.

Плажа и базенски комплекс

Ресортот е лоциран на сама плажа, се простира на преку 120 000m2. Природниот амбиент е нешто што Pearl Beach Resort го прави единствен на Црногорското приморје.

Хотелската плажа се простира на 600 m и е покриена со ситен песок по кој целата населба го добила името Бисерна Обала (Pearl Beach)

На самата обала, која исто така е дел Pearl Beach Resortot, се наоѓа базенскиот комплекс на површина од 2000 m2. Гостите на ресортот можат бесплатно да ги користат сите содржини, кои се прилагодени за деца и возрасни. Она што го прави посебен е локацијата, која е на сама плажа и која нуди можност да уживате во мирен и пријатен амбиент и преубав поглед на море.

Базенот за деца (50m2) за најмладите гости нуди можност за коирстење на дополнителни анимациски атракции. Може да го користат мини Aqua паркот со тобогани, кој е составен дел од комплексот.

 

Спортоско-рекреативни активности

За љубителите на спорт има фитнес сала која може да се користи секој ден од 08:00-19:00 часот. Освен салата, има и терени кои гостите може да ги користат бесплатно.

Ресортот располага и со сали за масажа кои се достапни за гостите со претходна резервација и со доплата.

 

Цените се дадени по лице по ден на услуга ALL INCLUSIVE.

 

ТИП НА СОБА 01-05-30.05
25.09-10.10
31.05-27.06
14.09-24.09
28.06-11.07
24.08-13.09
12.07-23.08
Стандард соба 1/2 ALL 41 еур. 48 еур. 60 еур. 67 еур.
Супериор соба 1/2 ALL
  (макс. 4 возрасни лица)
44 еур. 51 еур. 62 еур. 69 еур.
Апартман во Вилата 1/4 ALL 46 еур. 55 еур. 67 еур. 74 еур.
Супериор Апартман со поглед на море 1/4 ALL 46 еур. 58 еур. 69 еур. 76 еур.
Hills – поранешен Крушичи 1/3 ALL 37 еур. 46 еур. 56 еур. 64 еур.
Budget room – 16m 2  ALL (макс. 2 возрасни лица) 37 еур. 44 еур. 53 еур. 62 еур.

 

Чадорите и лежалките на плажа се бесплатни, како и лежалките на 3 отворени базени и Аква паркот.

 

Напомени:

– За трет и четврти кревет во соба/апартман, се одобрува 30% за возрасен.

– Деца од 0-2 години имаат бесплатна услуга

– Деца од 2-12 години добиваат 50% попуст доколку престојуваат со двајца возрасни

– За еднокреветна соба се доплаќа 70% од сумата

– Доколку во 1/2 соба престојуваат еден возрасен и едно дете, во тој случај детето добива 20% попуст

– Доколку во соба престојуваат еден возрасен и две деца, во овој случај двете деца добиваат 30%

– Доколку во Superior соба или Hills (1/3) четвртата личност е дете, има гратис услуга

– Апартманите 1/4 може да се продадат за минимум 3 возрасни лица или 2 возрасни и 2 деца

– Супериор и стандардните соби имаат можност за поглед кон море, доплатата изнесува 5 евра по лице од ден

– Доплатата за детско креветче изнесува 5 евра од ден

– Паркингот е бесплатен за гостите на хотелот

– Hills (поранешен Крушичи) не е предвиден за повозрасни лица, бидејќи нема лифт

– Супериор собите (24-32m2) може да бидат двокреветни, трокреветни, четирикреветни или петокреветни

– Стандардната соба е предвиден за максимум 3 возрасни (француски + дополнителен лежај)

– Апартманите во вилата може да бидат со кујна (на барање)

– Супериор апартманите се наоѓаат во објектот на самата обала и сите имаат поглед на море, додека Hills имаат поглед на море или се ориентирани кон море (нема доплата за sea side/view)

 

Во цената е вклучено:

– Ноќевање на услуга All Inclusive

– Бесплатни лежалки и чадори за сонце на плажа, покрај базените и аква паркот

– Бесплатен паркинг

– Детско игралиште и мини клуб

 

Во цената не е вклучено:

– Туристичка такса

– Патничко осигурување

– Превоз

 

ОПШТИ УСЛОВИ:

– За резервација задолжително уплата аванс 30% од вкупниот износ, целосна доплата 7 дена пред патување.

– Цените се дадени за наем на соба во евра, плаќањето е во денари (1 еур = 62 мкд.)

– Можност за уплата директно во агенцијата, во готовo, со кредитна картичка, трансакциска сметка  и онлајн уплата на нашата веб страна

– Задолжително патничко осигурување – може да се купи во агенцијата

– Во собите можат да престојуваат онолку лица колку што платиле за престојот во собата

– Сите настанати штети за време на престојот се на товар на патникот

– За ова патување потребен е валиден биометриски пасош или лична карта

– Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.

– Со оваа програма важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА ЈК ТРАВЕЛ и МИГ ТРАВЕЛ