Распослан на бреговите од реката Сена, која го дели на два дела, овој преубав град, познат како “ Град на светлината “ е политички, економски и културен центар на Француската држава. Тој е еден од најзначајните светски градови во кој имаат свое седиште бројни меѓународни организации. Поради својата историја долга два милениуми, Париз одсекогаш бил место на значајни историски случувања како и собиралиште на најпознати светски уметници. Големиот број на знаменитости и туристички атракции како Дворецот Версај и Монтенебло, катедралата Нотр Дам, Црквата Сакр Кер, Музеите Лувр, Орсеј и многу други ке го направат Вашиот престој во овој град музеј, незаборавен.
Програма за патување
-
1 ден – 29.12.2023 (Петок)
Состанок на групата на аеродром во Скопје во 03.50 часот. Полетување за Париз преку Загреб во 05:50 ч од Скопје. Слетување во Париз во 10:30 ч. Организиран трансфер со автобус до градот со вклучен панорамски двочасовен разглед: Елисејските Полиња,Триумфалната Капија,Конкорд,Црквата Мадлена,Операта Гарние,Лувр.Нотр Дам,Ајфелова Кула…Сместување во хотел. Слободно време за ручек и неколку часовен одмор. Во 19 часот организирана прошетка по Елисејските Полиња и крстарење со брод по Сена (факултативно). Слободно време за вечера (факултативно). Враќање во хотел со метро. Ноќевање.
-
2 ден – 30.12.2023 (Сабота)
Појадок. Организирана( факултативна) посета на Версај со автобус и водич. Поаѓање од хотел во договорено време. Се посетува дворецот и парковите. Враќање во Париз и прошетка низ Латинскиот кварт. Посета на Богородичната црква (однадвор). Слободно време за ручек и индивидуални прошетки во квартот: Сорбона , булеварот Сен Мишел,Луксембуршките градини … Можност за посета на црквата Saint Chapelle ( факултативно). Разгледувањето продолжува со организирана посета на Галеријата Лафајет , која нуди бесплатна преубава панорамска глетkа од шестиот кат. Организирана посета на Операта Гарние (однадвор), посета на Музејот Фрагонар . Прошетка по плоштадот Вандом каде што се наоѓа и хотелот Риц. Патот не води директно до Пложтадот Конкорд од каде се враќаме во хотел (со метро). Во вечерните часови организирана посета на Ајфелова кула (со метро). Заедничка вечера (факултативна) во ресторан на Трокадеро. Враќање во хотел.Ноќевање
-
3 ден – 31.12.2023 (Недела)
Во 08.00 часот организирана прошетка до Лувр ( со метро).Од Конкорд преки парковите Тујлери се доаѓа до малата Триумфална Капија и Пирамидата пред Лувр .Слободно време за влез во Лувр (индивидуално). Слободно време за ручек. Организирана посета на Новиот дел на Париз Ла Дефенс. Организирана посета на Мон Мартр(со метро). Слободно време и прошетка во квартот на уметниците и посета на катедралата Светото Срце. Слободно време за сликање пред најпознатото кабаре Мулен Руж. Вечера во некој ресторан на Пигал. Враќање во хотел со метро. Организиран Дочек на Новата Година на Елисејските Полиња. СРЕЌНА НОВА ГОДИНА! Враќање во хотел . Ноќевање.
-
4 ден – 01.01.2024 (Понеделник)
Појадок. Слободен ден за индивидуална посета на забавниот парк за возрасни и деца – Дизниленд. Се патува со брзиот воз, влезниците се купуваат преку интернет .За оние кои остануваат во Париз организирани прошетки по мостовите на Сена, плоштадите,парковите, Општината, Бастиља, центарот Помпиду, За љубителите на Кабареа можност за организирана вечерна посета на Мулен Руж или Крејзи Хорс ( факултативно). Ноќевање.
-
5 ден – 02.01.2024 (Вторник)
Појадок. Организиран превоз до аеродром од хотелот во 07:30 часот. Полетување за Загреб во 11:20 часот, слетување во 13.10 ч. Слободно попладне за посета на Загреб, индивидуални прошетки и ручек . Полетување за Скопје во 22:00, слетување во 23:25 часот.
Во цената се вклучени следните услуги
- Авио билет на релација Скопје-Париз-Скопје со Croatia Airlines
- Аеродромски такси
- Бесплатен багаж 20 кг
- 4 ноќевања со појадок во хотел со 3* Ibis La Defence ,
- Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
- Организиран панорамски разглед на градот со автобус
- Организирани пешачки разгледувања на градот со пратител на група: Ла Дефанс ,Елисејските Полиња,Триумфална Капија,плоштадот Конкорд,Елисејската Палата,Малата и Големата Палата,Музејот Лувр однадвор и Паркот Тујлери,Музејот Орсеј однадвор,плоштадот Вандом,Операта Гарние , Галеријата Лафајет(со влез) , Фрагонард музејот (со влез),Латинскиот Кварт и Нотр Дам однадвор,Сорбона, Пантеон ,Луксембуршките градини,Мон Мартр и Пигал,Мулен Руж ,Ајфеловата Кула,Дом На Инвалидите,Трокадеро….
- Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој во Париз
Не е вклучено
- Превозот со метро и автобус во Париз (цена околу 20 еур карнет за 10 возења)
- Влезница за Ајфелова Кула (влезница до 2-риот спрат 18.10 еур до врвот 28,30 еур)
- Посета на Лувр 20 еур влезница (се купува билет преку интернет или во музејот при влез)
- Посета на Версај – 75 еур ( влезница + водич), за лица до 18 год. 45 еур (се патува со автобус од хотел) не е вклучена влезница за парковите и се плаќа на лице место ,чини околу 11 еур
- Влезница за брод по Сена 20 еур (се патува со метро) организирано!
- Посета на Операта Гарние 14 еур, музејот Орсеј околу 16 еур-влезница за секој објект
- Посета на Мулен Руж со представа (цена од 100-150 еур со пијалок ½ шампањ) , Крејзи Хорс ( 80-100 еур)
- Посета на Дизниленд –влезниците се купуваат преку интернет ( цената зависи од период кога ке се резервира и е променлива)
- Вечера или ручек во ресторан од 20 еур без пијалок
- Задолжително здравствено и патничко осигурување 180 мкд.
- Боравишна такса 6 еур по лице – се плаќа кај представникот на групата
Важни информации
- Плаќањето е задолжително во денари (1 еур=62 мкд)
- За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 90 дена од денот на патувањето
- Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата 7 дена пред патување
- За резервација задолжителна уплата од 30% од вкупниот износ, целосна доплата 15 дена пред патување
- За реализација на аранжманот и екскурзиите потребен е минимум од 20 патници
- Цените кои се горе наведени за влезниците во објектите можно е да претрпат промена ,не се загарантирани и редоследот на разгледувања во горенаведената програма можно е да претрпи некои промени и тоа се во зависност од временските услови или договор со патниците
- За овој аранжман важат општите услови на патување на Фибула Ер Травел и ТА. МИГ ТРАВЕЛ