ХОТЕЛ ПАНОРАМА – КРУШЕВО

You are currently viewing ХОТЕЛ ПАНОРАМА – КРУШЕВО

Хотелот располага со 20 соби и апартмани: 12 двокреветни, 2 трокреветни и 6 апартмани. Сите се со панорамски поглед кон Крушево… Освен еден Јуниор апартман, кој е со поглед кон буковата корија. Вкупниот капацитет на хотелот е 52 гости.

За бебиња 0-2 години, во собата на Ваше барање, се поставува детско креветче.

Во зимската сезона, користењето на жичарницата и ски лифтовите се бесплатни за гостите на хотелот.

Хотелот располага со ресторан, внатрешен базен, спа центар, бесплатен интернет на цела територија на хотелот и ски соба за вашата опрема за скијање.

Големите стаклени површини на ресторанот Алто ви откриваат неверојатен поглед кон Крушево, кон боровата шума и кон облаците. Традиционалните јадења Ви ја топлат душата, а интернационалното мени ве шета низ светот. Сите јадења се приготвени по највисоките гурмански стандарди, со голем мајсторлук од нашите врвни готвачи.

 

За вистинска релаксација ве очекува спа центарот со внатрешениот базен кој има фантастична панорамска глетка кон Крушево и стаклен покрив кој ви овозможува постојано да го гледате и небото.

Опремен е со хидраулични лежалки, џакузи, топли лежалки и финска сауна.

За целосно опуштање, можете да изберете од различните видови масажи: релакс масажа, спортска, медицинска, масажа на стапала и масажа на лице.

А за нега на вашето лице и тело, почестете се со некој од повеќето третмани со врвната козметика БАБОР (третман на лице со алги, salt aroma grow третман на тело, лифт експрес третман на лице, Клеопатра третман на тело или витамински коктел за зацврстување и заштита на кожата).

 

Цени валидни од 21.03.2021-21.06.2021

Викенд цени (петок и сабота):

Двокреветна соба 85 евра ВВ (цена за двајца)
Супериор соба 95 евра ВВ ( цена за двајца)
Јуниор апартман 115 евра ВВ ( цена за двајца)
Делукс апртман 135 евра ВВ ( цена за двајца)

 

Во викенд хотелот не практикува резервации само за едно ноќевање.

 

Цени преку недела ( од недела до четврток):

Двокреветна соба 70 евра ВВ (цена за двајца)
Супериор соба 80 евра ВВ ( цена за двајца)
Јуниор апартман 100 евра ВВ ( цена за двајца)
Делукс апртман 120 евра ВВ ( цена за двајца)

 

Во цената е вклучено појадок, користење на СПА ценатрот, интернет, телевизија, паркинг, ДДВ, туристичка такса, осигурување, вода по соба, карта за жичарата и 10% попуст во Lounge Bar Alto кој се наога на ски терените во Крушево.

 

Според уредбите и протоколите за користење на СПА центарот можат да се користат базенот, двете водни лежалки, двете топли лежалки и сауната и тоа во закажани термини од два часа дневно, во еден ист термин максимум 4 соби, односно 8-10 лица. Џакузито сеуште не е дозволено за употреба. Исто така и масажите се дозволени за користење мегутоа тие се доплакаат екстра.

 

Во супериор, јуниор и делукс има опција за сместување на трето возрасно лице или две деца до 12 год, за трето возрасно лице или деца над 8 год се доплаќа 10 евра по ноќ ВВ по лице.

 

Дополнителен оброк ручек или вечера се доплака 10 евра по лице, за деца под 8 год 5 евра по лице.

 

За продолжните викенди, велигден и 24 мај, хотелот нема никакви пакети, остануваат редовните викенд цени со што и за двата викенди резервацијата ке треба да биде минимум 3 ноќевања.

 

 

– Трето возрасно лице во супериор, јуниор и делукс апартман 10 евра по ноќ

– Две деца, за деца до 8 години  бесплатно

– Деца над 8 години – 10 евра по дете по ноќ.

– Дополнителен оброк ручек или вечера 10 евра по лице – сет мени(предјадење, главно јадење, десерт и еден безалкохолен пијалок)

– Деца до 8 години се доплака 5 евра и добиваат пола порција

– Деца над 8 години е 10 евра по лице

 

 

• Политика на откажување:

Доколку откажете повеќе од 7 дена пред пристигнување-без пенали. Ако се откаже во рок од 3 дена пред пристигнување, 100% од првото ноќевање за откажаната соба ќе биде наплатено.

•Политика за No-Show : Во случај на не појавување(no-show) 100% од првото ноќевање ќе биде наплатено.

АДРЕНАЛИНСКИ ПАКЕТИ

ПРОМОТИВНИ ПАКЕТИ ЗА ТРИ ИЛИ ПЕТ НОЌЕВАЊА