Палма Де Мајорка

Палма Де Мајорка

Реномираната туристичка атракција, Палма Де Мајорка, најголемиот град на островот Мајорка и престолнината на автономната област – Балеарските острови, претставува жив и космополитски град, кој ја чува вистинската шпанска традиција. За центарот на градот е специфична една посебна, пријатна динамика, инволвирана и во животот на жителите, градењето трговски центри, интересни се и тесните улички кои создаваат лавиринт, а и старите, но обновени згради опкружени со древни рушевини и модерни булевари.

И покрај инвазијата од туристи, ова место го има задржано автентичниот колорит, особено во стариот дел од градот, преполн со кафулиња и барови. По улиците може да се слушне специфичниот дијалект, специфичен за ова место. Секако, она што привлекува најголемо внимание се прекрасните плажи, кои едноставно не Ве оставаат рамнодушен. Меѓутоа, Палма Де Мајорка не ја сочинуваат само плажи. Во непосредна близина на центарот на градот, се наоѓа североисточниот брег во кој доминира планинскиот ланец Сера Де Трамунтана, познат по неверојатните шуми и селата со згради од теракота. Шпанската убавица освен што е едно од најпознатите места во светот, кога е во прашање забавата,  сведок е и на историски и културни случувања, кои немо сведочат и се доста атрактивни…

Комплетно место кое Ви нуди сé што ќе посакате… Одлучете се да го посетите заедно со нас  !!!

 

CENOVNIK PALMA DE MALLORCA 2018

ПРОГРАМА:
1. ден Состанок на групата на два часа пред полетување. Лет за Палма. По слетување, трансфер до хотелот. Ноќевање.
2 – 10/11. ден Слободно време за индивидуални активности, одмор и факултативни излети. Ноќевање.
11/12. ден Слободно време до полетување за Београд. Лет за Београд.

Цената на аранжманот вклучува:

– Авионски превоз   Београд-Палма-Београд

– Трансфери Аеродром – Хотел – Аеродром

– Резервирани и потврдени услуги во одбраниот хотел

– Услуги на претставникот на агенцијата, ОРГАНИЗАТОР на
  патувањето.

Цената не вклучува:

– Аеродромски такси (48€,), се плаќаат во агенција заедно
   со аранжманот.

– Услуга за резервација 20 еур по патник се уплаќа во агенција

-Деца до 2год. плаќаат такса во износ од 11€

-Патничко здравствено осигурување

ЗАБЕЛЕШКА:
Цените се изразени во ЕВРА. Плаќањето се врши во денари према продажниот курс на Банките на денот на плаќање. . Доколку аранжманот не е платен во целост, остатокот на долгот се изразува во ЕВРА и се плаќа према курсот на денот на уплатата.

ПОСЛЕДЕН РОК ЗА ИНФОРМИРАЊЕ ВО СЛУЧАЈ НА ОТКАЖУВАЊЕ ИЛИ ПРОМЕНА НА ПРОГРАМАТА НА ПАТУВАЊЕТО ОД СТРАНА НА АГЕНЦИЈАТА Е 5 ДЕНА ПРЕД ПОЧЕТОКОТ НА ПАТУВАЊЕТО