On top apartments лоцирани во центарот на Крушево Ви нудат уникатно сместување и релаксирачка околина.
Малечок апарт хотел во чиј склоп се наоѓаат две трокреветни, една од нив со балкон и една без балкон, но со поглед на Крушево, и една четирикреветна соба.
Секоја соба има посебен тоалет и мини фрижидер. Додека пак кујната во ходникот е заедничка и е комплетно опремена со решо, микробранова печка, Dolce Gusto кафемат (меѓутоа капсули за истиот треба да си обезбедат гостите пред доаѓањето бидејќи истите не може да се најдат во Крушево) како и кујнски прибор.
Домашните миленици се дозволени со доплата од 300 ден од вечер и со претходна консултација.
Веднаш до апартманите има можност за паркирање на возилото меѓутоа доколку во моментот нема расположливост на места истото може да го направите на градските паркинзи на 5 мин оддалеченост по цена од 40 денари дневно.
Апартманите нудат 2 опции за појадок и тоа:
• Домашна органска храна по цена од 300 ден по лицe
• Појадок во локален ресторан по цена од 120-150 ден за лице (во зависност од моменталната понуда на ресторанот)
Појадокот вклучува пијалок и кафе.
Цени за од 1-5 ноќевања
-1500 денари трокреветна соба со поглед и четворокреветна по ноќ
-1800 денари трокреветна соба со балкон по ноќ
Цени за повеќе од 5 ноќевања
-1200 денари трокреветна соба со поглед по ноќ
-1300 денари четворокреветна соба по ноќ
-1500 денари трокреветна соба со балкон по ноќ
СПЕЦИЈАЛНИ ПАКЕТИ
ПАКЕТ 1
– 2 ноќевања за 2 лица во соба со балкон и поглед кон Крушево + појадок во пицерија Рома = 3600 мкд
– Организиран пикник во природа (крушевско езеро или Мечкин камен) кој вклучува: млечно/овошна даска по избор и шише вино за две лица = 1500 мкд
Тотал: 5100 мкд
ПАКЕТ 2
– 2 ноќевања за 2 лица во соба со балкон и поглед кон Крушево + појадок во пицерија Рома = 3600 мкд
– Јавање коњи за 2 лица (тура 10 км) = 2200 мкд
Тотал: 5800 мкд
ПАКЕТ 3
– 1 ноќевање во соба со балкон и поглед кон Крушево + појадок во Рома = 1800 мкд
– Организиран пикник во природа (крушевско езеро или Мечкин камен) кој вклучува: млечно/овошна даска по избор и шише вино за две лица=1500 мкд
– Јавање коњи за 2 лица (тура 10 км) = 2200 мкд
Тотал: 5500 мкд
Дополнително легло во 3 и 4 креветна соба не се наплаќа, се наплаќа само екстра оброк за дополнително лице.
Организиран пикник за 4 лица е со цена од 2500 ден со вклучена даска за 4 лица и шише вино.
Политика на отказ на резервација;
До 7 дена пред пристигање – free ; помалку од 7 дена – 50% пенали