НОВА ГОДИНА Radan SPA 3*

You are currently viewing НОВА ГОДИНА Radan SPA 3*

Пролом Бања се наоѓа во Јужна Србија, на падините на Радан планина.
Првенствено позната по лековитaта вода, која припаѓа на ретка група вода со високи вредности:
висока алкална (pH 8,8 до 9.2), ниска (сув остаток од 148 mg / l) бикарбонат.
Со цел да ве приближиме до овој уникатен подарок на природата, ви овозможивме да ја користите Пролом  водата насекаде во хотелот.
За лечењето со Пролом вода се засноваат сите здравствени програми кои се нудат овде.
Ефектот од третманот се зголемува со примена на физички третман, чист воздух и прошетка низ природа.
Надморска височина (550-668 м) и умерено-континентална клима со многу сончеви денови во годината  придонесуваат за уште подобар одмор.

Хотел Радан 3* нуди сместување во комфорни соби, валнес третмани, објекти за рекреација, забава и прошетки. Без разлика дали доаѓате за третман или празници, деловни состаноци, или едноставно да се релаксирате во природа, вашиот престој може да биде уживање со понудата на Валнес третмани, релаксирачки затворен и отворен базени, ручек во Етно ресторанот, патување во град на Ѓаволот, црквата Лазарица и други културнио и  туристички атракција во областа Топлички.

Ресторани:
Оброци на се служат во два ресторани:
Време за појадок: 07;00 – 10;00 часот
Време на ручек: 12,30 – 15,00 часот
Време на вечера: 17:30 – 20:00 часот

Кафетерии:
Кафе клуб
Клубот за кафе се наоѓа на последниот кат од главната зграда, од каде има прекрасен панорамски поглед на пошумените падини на планината Радан и црквата Св. Преображение.
Кафе бар
Кафе-барот се наоѓа во центарот на шеталиштето и е пријатно место за релаксација
Кафе бар покрај базен
Во текот на летните месеци, покрај базенот има кафе бар, кој вклучува безалкохолни и алкохолни пијалоци, сладолед, колачи и сендвичи.

Во хотел Радан сместувањето e во во стандардни, комфорни соби и апартмани.
Освен еднокреветни и двокреветни соби, хотелот нуди и 8 трикреветни соби (француски кревет + дополнителен кревет со стандардни димензии), 6 семејни соби (соба со француски лежај + соба со два класични кревети, поврзани со врата) и 10 апартмани (спалнa со дневен престој и кујна).
Стандард соби:
2 класични кревети или брачен кревет, телевизија, тоалет, безжичен интернет, фен, бањарка
капацитет 1-2 лица
Комфорт соби:
Нов кат во главната зграда, 2 класични кревети или брачен кревет, ЛЦД телевизор, клима, тоалет, мини бар, безжичен интернет, фен, бањарка
капацитет 1-2 лица
Апартмани:
Спална соба, дневна и кујна, 2 ЛЦД телевизори (во дневната соба и спалната соба). телефон, клима, тоалет, мини бар, безжичен интернет, фен, бањарка
капацитет 1-4 лица

 

Цена по лице за пакет 3 ноќи / 4 дена 195€/12.090ден

Цени по лице за најмалку 2 лица во соба

Цени изразени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€/62ден

 

 

Цената вклучува: 

– Сместување во стандардни двокреветни соби 

– Ихрана на база полн пансион (појадок, ручек и вечера на база шведска маса) 

– Секојдневно користење на Велнес центарот;

***отворено затворен базен со Пролом вода  

***сауна

***солена соба

***џакузи со лековита Пролом вода

***парно купатило

***топли клупи тепидариум 

***внатрешен базен со Пролом вода 

– Новогодишна прошетка по т.н. патека на здравјето со шумски велнес

– Корпа со овошје во Велнес центарот  

– Бањање во Велнес центарот до 02 часот по полноќ на новогодишната вечер

– Забавни содржини за деца (детски аниматори, игри без граници, спортски и музички игри) 

– Грижа за најмалите во игротеката за Нова Година до 22 часот 

– Новогодишен базар на платото пред хотелот 

– Користење сала за забава (сони, пинг понг, билијард, пикадо) 

– Утринска гимнастика со физиотерапевт 

– Вежби во базен 

 

Поволности за деца: 

– Деца до 9 год во придружба на 2 возрасни ГРАТИС

– Деца од 9 до 14 год. во придружба на 2 возрасни плаќаат 50% од цената на возрасен 

Откажување на резервација:
10% во случај на откажување 30 дена пред почетокот на користењето на услугите,
20% во случај на откажување 29 до 15 дена пред почетокот на користењето на услугите,
50% во случај на откажување 14 до осум дена пред почетокот на користењето на услугите,
85% во случај на откажување седум до еден ден пред почетокот на користењето на услугите,
100% во случај на откажување на денот или по почетокот на користењето на услугите.

Трошоците за отказ нема да се пресметуваат во следниве околности:
– во случај на смрт на член на потесното семејство (родител, брачен другар, деца),
– во случај на болест чија природа е таква што може да се земе како оправдана причина (со задолжително поднесување на извештај од лекар специјалист).

Доколку патникот самоволно го напушти хотелот пред датата која е определена на резервацијата, хотелот нема да го компензира останатиот износ.
Надоместокот за скратување на престојот не се наплаќа во случаи на: ненадејно боледување гостин, смрт во потесното семејство, елементарна непогода, вонредна состојба.

За валидна резервација ќе се смета, резервација направена со 30% депозит уплатен при самото резервирање од страна на агентот или гостинот, а со целосна уплата до пред поаѓање.

Сместување во собите после 14;00 часот ( прв ден )
Напуштање на собите до 11;00 часот ( последен ден )

Сите лични податоци кои се внесуваат во системот за резервирање се користат само и единствено за потребите на резервацијата.

Сите потреби од страна на хотелот се потврдуваат на лице место од страна на самиот хотел.
Ако таквите дополнителни потреби изискуваат дополнително плаќање истото го плаќа клинетот и треба да се направи на лице место за време на престојот во хотелот.

Категоријата на хотелите се определува според законодавните одредби на соодветната држава.
Информацијата за услугите и конфорот кои што секој хотел ги нуди се осигурани од самите хотели.

Хотелот прифака рекламации во рок од 48 часа.

За валидни рекламации ќе се сметаат оние кои се со документ потпишан од страна на гостинот и од овластените во хотелот.
Хотелот не прима домашни миленици

Агенцијата не сноси одговорност за загуба на облека, пари и документи оставени во собата на хотелот/објектот.

Агенцијата не сноси одговорност за штети настанати при неисполнување или нецелосно исполнување на услугата при појава на непретпоставена или виша сила која што не може да се предвиди или избегне од страна на агенцијата или нејзините суб агенти ако истите совесно ги извршиле своите должности.

Агенцијата не сноси одговорност за неточно потполнети обрзаци за резервација од страна на клиентот. Неправилното пополнување на името може да доведе пограничните служби да не ви дозволат влез во соодветната земја и да ви се откаже престојот.

Агенцијата не сноси одговорност, не ги обештетува и не ги компензира туристите кои се откажале од користењето на услугата или на дел од неа.

Агенцијата не ги компензира туристите за трошоци направени надвор од платената услуга.

Агенцијата не сноси одговорност пред туристот за неиздавање на виза кога тоа се бара. При поднесување на редовни документи и неиздавање на виза на туристот платените суми не се враќаат. При неиздавање на виза поради поднесување на непотполни или неточни документи, предходни криминални дејствија на туристот во соодветната земја, незапазување на роковите за поднесување на документите, како и не пријавување на интервју во конзуларните служби каде тоа се бара, услугата се поништува и се задржуваат пенали

Агенцијата не сноси одговорност за дејствија на погранични и царински служби, авиокомпании, автобуски и железнички превоз и не ги обештетува туристите независно од тоа дали поради таквите дејствија туристите неискористиле дел од услугите или целата услуга.

При штети кои што се нанесуваат во хотелите конретниот извршител или извршители прифаќа/ат материјална одговорност за штетата на лице место кога тоа се бара од оштетениот.

Агенцијата не прифаќа трошоци по тој основ и не е должна никакви компензации или обештетувања

Агенцијата не прифаќа трошоци поврзани со консумацијата за храна и пијалоци надвор од платената услуга и опишана во ваучерот издаден на клиентот.