Нова Година 2024 ЗЛАТИБОР

You are currently viewing Нова Година 2024 ЗЛАТИБОР
Нова Година 2024

ЗЛАТИБОР

(Со посета на СирогојноЕл Пасо,  Дрвенград, Врњачка Бања)

Прв ден: 29.12.2023 (Петок)

Тргнување на групата во 22:30 часот од Скопје и 23:00 часот од Куманово кон Златибор со попатни паузи за царински формалности и одмори.

 

Втор ден: 30.12.2023 (Сабота)

Пристигнување во Златибор во утринските часови и заминување на групата кон етно село Сирогојно. Посета на музејот на отворено и специјалната продавница за џемпери по кои Сирогојно е познато во светот. Во пладневните часови сместување во Туристичко Рекреативен Комплекс Златибор https://trkzlatibor.rs/ (ex SRC Wai Tai), кој се наоѓа на одлична локација во центарот на Златибор. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Вечера. Ноќевање.

 

Трет ден: 31.12.2023 (Недела)

Појадок. Факултативно заминување на групата кон каубојскиот град Ел Пасо. Овде ќе се вратите во времето на Дивиот Запад… Ел Пасо претставува реплика на типичен град на Дивиот Запад. Името го добива по истоимениот град во САД и реката која што тече низ самиот град која го дели на два дела односно од едната страна ќе се запознаете со каубојската и индијанската култура, додека од другата страна со српската култура од далечната 1865 год. Следува прошетка низ индијанското село, посета на каубојски Салун и прошетка до црквата која се наоѓа на српската страна на местото. Во пладневните часови слободно време за одмор, подготовка за дочек на Нова Година и можност за индивидуална прошетка низ центарот на Златибор. Вечера. Дочек на Нова Година на Кралскиот плоштад или пак дочек по сопствен избор во некој од многуте ресторани или кафе-барови. Ноќевање.

 

Четврти ден: 01.01.2024 (Понеделник)

Појадок. Факултативно заминување на групата кон Дрвенград, дело на Емир Костурица кој го направил овој “град” за потребите на својот филм “Животот е чудо”. Овде може да ги пробате познатите слатки и природните сокови кои носат име на познати светски личности како што се Новак Ѓоковиќ, Диего Марадона, Џони Деп итн. Потоа посета на изворот “Бела Водa” и познатата железница “Шарганска Осмица”. Во попладневните часови враќање во Златибор. Слободно време за одмор и индивидуални активности на Златибор. Вечера. Ноќевање.

 

Петти ден: 02.01.2024 (Вторник)

Појадок. Одјавување од хотелот, слободно време за кратка прошетка, кафе пауза, купување сувенири и шопинг на Златибор. Заминување кон Македонија со попатна посета на Врњачка Бања. Прошетка по познатата Променада со можност за индивидуален ручек и посета на многуте продавници во местото. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.

Тип на соба

3 полупансиони (појадок и вечера)

Пакет

со вклучен превоз

 

Сопствен превоз

Двокреветна реновирана лукс соба

задолжително плаќаат 2 лица

 

20,990 мкд

 

16,490 мкд

Двокреветна стандард соба

задолжително плаќаат 2 лица

 

18,990 мкд

 

14,490 мкд

Лукс реновиран апартман

задолжително плаќаат 3 лица

 

18,990 мкд

 

14,490 мкд

Стандард апартман

задолжително плаќаат 3 лица

 

17,390 мкд

 

12,890 мкд

Лукс реновиран апартман

доплата за 4то лице

 

13,290 мкд

 

9,990 мкд

Стандард апартман

доплата за 4то лице

 

12,190 мкд

 

7,690 мкд

Доплата за еднокреветна соба 6,990 мкд 6,990 мкд
Деца од 0-4,99 год. 4,490 мкд Гратис
Деца од 5-11,99 год. 50% 50%

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • Превоз со високо туристички автобус на наведената релација
  • Три ноќевања на база полупансион (појадок и вечера) во Туристичко Рекреативен Комплекс Златибор https://trkzlatibor.rs/
  • Посета на Сирогојно
  • Посета на Врњачка Бања
  • Организација и реализација на патувањето со лиценциран придружник на патувањето
  • Oрганизиран превоз од Кавадарци, Неготино и Велес

 

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Посета на Дрвенград, Бела Вода и Шарганска Осмица со вклучена влезница и локален водич – 20€ по лице
  • Посета на каубојскиот град Ел Пасо – 10€ по лице
  • Задолжително патничко-здравствено осигурување (информации во агенција)
  • Туристичка такса и хотелско осигурување 280 денари по лице за 3 ноќи (се плаќа во агенција)

Напомени и услови:

  • За реализација на ова патување потребни се минимум 40 патници