Каса „Мулар“ е новоизградена градба, која се наоѓа на само една минути пешачење од центарот на Крушево. Вилата е на одлична локација, каде е мирно и тивко, а од друга страна е блиску до центар и во близина има место за паркинг.
Моментално вилата располага со три нови студија од кои две се фамилијарни (со еден брачен лежај и два кревети на спрат) и едно студио 2+1. Секое од студијата располага со сопствен тоалет, тв, фрижидер, wi-fi, посебен соларен систем со топла вода, електричен бокал и електрично ѓезве. Во секое студио е спроведен мултисплит систем за греење и ладење.
ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ИЛИ СОБА НА ДЕН
ЦЕНИ ВАЛИДНИ ЗА НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ
Цена за студио за 4 лица – 2000 мкд
Цена за соба за 2+1 лица – 1200 мкд
ПРОМОЦИЈА СО ВКЛУЧЕН ПОЈАДОК ВО ПИЦЕРИЈА СКАР
2 Ноќевања за 2 лица со појадок и туристичка такса = 3000 ден
2 Ноќевања за 4 лица (фамилијарен пакет) со појадок и туристичка такса = 5000 ден
ПРОМОТИВЕН ПАКЕТ СО ПОЈАДОК И ЈАВАЊЕ
2 Ноќевања за 2 лица со појадок + туристичка такса + јавање = 5200 ден
Цените се со вклучен ддв, туристичка такса се доплаќа на лице место.
Политика на отказ: До 7 дена пред пристигање без пенали, потоа 30% пенали.