Хотел МОЛИКА Битола

Хотел МОЛИКА Битола
 
Хотел Молика е најрепрезентативниот хотел со кој располага Друштвото за угостителство рекреација и спорт ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје. Хотелот се наоѓа на Баба планина во Националниот парк Пелистер. Самата местополжба на хотелот овозможува поглед на градот Битола и околината.

Во склоп на хотел Молика функционира и скијачкиот центар Копанки кој располага со една двоседа жичара – Бегова чешма и еден ски лифт – Копанки.

Должината на жичарата и ски лифтот изнесува 1326 метри со капацитет од 1133 скијачи на час. Двете скијачките патеки се со средна тежина и нивната должина изнесува 1341 метар со површина од 53640 м2

Самата местоположба на хотелот на североисточниот дел од Националниот парк, овозможува поглед на Пелагониската котлина, градот Битола и околината, кој ви го одзема здивот. Овој дел од паркот е еден од најинтересните и највозбудливите локалитети специфичен по богатството на ретки видови растителен и животински свет.

Хотелот ,,Молика,, претставува капацитет од трета категорија (3 звезди ***) , кој во целост е прилагоден и амбиентално е вклопен со својот надворешен и внатрешен изглед во околината што го опкружува.

Хотел Молика претставува угостителско туристички капацитет сместен на 1420 метри надморска висина во срцето на Националниот парк Пелистер.

Располага со 57 соби од кои : три апартмани, три трокреветни соби и останатите соби се двокреветни соби, двокреветни соби со детски лежај и соби со француски лежај.

Покрај тоа во склоп на хотелот работи и : ресторанска сала со капацитет од 170 седишта, две семинарски сали секоја со капацитет за околу 40 учесници, банкет сала со 15 – 20 седишта, како и летна тераса со 80 седишта

РЕДОВНИ ЦЕНИ 2020/2021год

–         Цената се однесува за едно лице на ден.

–         Во цената на услугите е пресметана дневна туристичка такса во висина од 40,00 денари и ДДВ.

–         За деца до 12 години не се пресметува туристичка такса.

–         Хотелот  располага со сопствен  и бесплатен паркинг.

–         Цените се изразени во денари и услугите во хотелот се наплатуваат во денари.

–         Деца до 4 години кои не користат услуги за сместување и храна, попуст 100%.

–         Деца од 5 – 12 години кои користат ресторантски услуги и услуги за сместување попуст од 30 % на редовната цена.

–         Деца од 5 – 12 години кои користат само ресторантски услуги попуст од 50 %.

–         Деца од 5 – 12 години кои користат само помошни услуги за сместување попуст од 70%.

–         Деца до 5 години кои не користат ресторантски услуги и услуги за сместување престојуваат бесплатно.

(цените се променети од страна на хотелот на 23.09.2020)

Забелешка:
Новогодишниот аранжман предвидува сместување на база полн пансион со вклучени свечени вечери шведски маси за доручек и ручек , музички забави и други новогодишни изненадувања.
Во цената на пансионот не се вклучени пијалоци и напитоци.
Од вкупната аранжманска понуда со пансионско сместување за Новогодишните празници , хотелот Молика официјално ќе ја нуди само ,, Аранжманската понуда “ – врз база на полн пансион, додека останатите понуди ќе бидат понудени само доколку дел од капацитетот не се продаде во последните термини пред 31.12.2020 година.

 

-Понудените аранжмани и цени за пансионско сместување се однесуваат за едно лице.
-За деца на возраст од 5-12 години кои користат ресторантски услуги и услуги за сместување одобруваме 30 % попуст.