МИНИ ОДМОР НА ХАЛКИДИКИ

You are currently viewing МИНИ ОДМОР НА ХАЛКИДИКИ
Со посета на СОЛУН И СВЕТА ГОРА
4 дена / 3 полупансиони

Термини на поаѓање: 30.04 | 03.05. | 06.05. | 09.05. | 12.05. | 15.05. & 18.05.2022

01.ден     СКОПЈЕ – СОЛУН – ТОРОНИ

Состанок на групата на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn” во 05:30 часот. Поаѓање за Грција во 06:00 ч. Влез во Грција кај граничниот премин Богородица – Евзони. Посета на Солун и панорамско разгледување на градот: Виа Игнациа, црквата Св.Димитрија со познатите мермерни капители и прекрасни мозаици од 7 век, Римскиот Форум, црквите Ротонда, Св.Софија, плоштадот Аристотелис, Белата кула, Археолошкиот и Византискиот музеј… Околу 13.00 часот, патувањето продолжува кон Халкидики. По пристигнувањето, сместување во хотел. Слободно време. Вечера. Ноќевање.
 
02.ден     ТОРОНИ
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности и капење на прекрасната плажа во Торони. Мирното место нуди безброј можности за убав ручек во некоја од бројните таверни или кафулиња долж неговата песочна плажа. Вечера. Ноќевање.  
 
03.ден     ТОРОНИ – СВЕТА ГОРА
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности во Торони, или целодневен факултативен излет до Уранополис со крстарење покрај монашката држава – Света Гора. Неповторлива можност за крстарење со брод и набљудување на дел од познатите светогорски манастири, распослани низ западната страна од Атос – третиот крак на Халкидики. Слободно време за ручек во Уранополис. Враќање во хотелот во доцните попладневни часови. Вечера. Ноќевање.
 
04.ден     ТОРОНИ – НЕОС МАРМАРАС – СКОПЈЕ      
Појадок. Заминување кон Неос Мармарас – најголемото место на Ситонија, амфитеатрално поставено над убавите заливи и плажи, со прекрасна панорама кон Егејското море. Слободно време за прошетки покрај шеталиштето и марината, или за уживање во некој од баровите на градската песочна плажа со кристално чисто море. Попладне, заминување за Скопје. Пристигнување во вечерните часови.
  
Цена на аранжманот: 6.500 мкд
* Дете 0-2 години = БЕСПЛАТНО
* Дете 2-12 години = 4000 мкд
 
Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со туристички автобус на наведената релација
– Сместување во хотел “Toroni Blue Sea (Old wing **)”, на база 3 полупансиони 
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето
 
Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Факултативен излет до Уранополис со крстарење покрај Света Гора (30 €)
– Патничко осигурување
  
НАПОМЕНИ: 
– Цената е дадена по лице за пакет аранжман во двокреветна соба
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници. 
– За патување потребено е да се поседува валиден биометриски пасош, со важност најмалку уште 3 месеци.
– Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред датумот на тргнување
– За реализација на факултативите потребен е минимум од 35 патници, организаторот го задржува правото во случај на не доволен број пријавени да ја промени цената на факултативите или истата да ја откаже. 
– За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА
– Организатор на патувањето е T.A. САВАНА

КОВИД МЕРКИ ЗА ВЛЕЗ ВО ГРЦИЈА ОД МАКЕДОНИЈА 
* Патникот треба да поседува еден од следните документи:
– Валиден сертификат за целосна вакцинација добиен од здравствените органи по последна примена вакцина, по која треба да бидат поминати минимум 14 дена, а максимум 270 дена.
– Доколку не е вакциниран патникот треба  да поседува негативен ПЦР или брз антигенски тест, не постар од 72 часа, односно 24 часа.
– За влез во Македонија невакцинираните патници ќе треба  да поседуваат негативен ПЦР или брз антигенски тест, не постар од 72 часа, односно 48 часа.
Вклучено во цената:
– Превоз со туристички автобус на наведената релација
– Сместување во хотел “Toroni Blue Sea (Old wing **)”, на база 3 полупансиони 
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Не  е вклучено во цената:
– Факултативен излет до Уранополис со крстарење покрај Света Гора (30 €)
– Патничко осигурување
 
– Цената е дадена по лице за пакет аранжман во двокреветна соба
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници. 
– За патување потребено е да се поседува валиден биометриски пасош, со важност најмалку уште 3 месеци.
– Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред датумот на тргнување
– За реализација на факултативите потребен е минимум од 35 патници, организаторот го задржува правото во случај на не доволен број пријавени да ја промени цената на факултативите или истата да ја откаже. 
– За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА и МИГ ТРАВЕЛ
– Организатор на патувањето е T.A. САВАНА