Милениум Палас е хотел со четири ѕвезди кој се наоѓа во југозападниот дел од Македонија, на брегот од прекрасното Охридско Езеро. Со самото тоа што е сместен во Охрид, европскиот Ерусалим, ги комбинира предностите на еден модерен град и на место со богато историско минато и културни вредности. Нуди незаборавен поглед на езерото, стариот град и древната Самоилова тврдина. Од стариот дел на градот Ве дели само кратка, пријатна прошетка покрај езерото.
Ќе бидете воодушевени од неверојатниот спој на природните и културно-историски богатства: антички споменици, цркви, музеи, сето тоа надополнето со прекрасен поглед кон езерото, посебно на зајдисонце.
Хотелот располага со капацитет од вкупно 69 соби од кои: 45 стандардни соби, 10 дуплекси, 6 делукс соби и 8 Јуниор aпартмани.
Секоја соба е опремена со: клима уред, мини бар, безжичен интернет, дирекна телефонска линија, кабелска телевизија, купатило со туш кабина или када.
Цена по соба на ден | Ноќевање со појадок |
Еднокреветна соба | 2135 мкд |
Двокреветна соба | 2928 мкд |
Дуплекс соба/Делукс соба | 3355 мкд |
Јуниор апартман | 3965 мкд |
Специјална понуда за престој од 7 дена (една недела)
Цена по соба на ден | Ноќевање со појадок ВВ | Полупансион НВ | Полн пансион FB |
Еднокреветна соба | 1647 мкд | +305 мкд | +610 мкд |
Двокреветна соба | 2135 мкд | +305 мкд (по лице) | +610 мкд (по лице) |
Дадените цени се со вклучен: надворешен паркинг со видео надзор (само со автомобили и комбиња), безжичен интернет во лоби, ресторанот, семинарската сала и во собите, финска сауна, турска парна бања, теретана, ДДВ (5%) и туристичка такса.
Забелешка: Дадените цени се без вклучен пијалок за време на ручек/ вечера.
Политика за деца: за 0–7 години е без доплата; за 7–12 години следува 50% попуст.
Доплата за трето возрасно лице во двокреветнa стандардна соба на помошен кревет: 610 МКД (10 ЕУР)
Појадок: Шведска маса.
Ручек / Вечера: Пансионско мени
Дополнителен оброк (ручек или вечера): 305 МКД (5 ЕУР) по лице (без вклучен пијалок).
Пријавување и одјавување од хотелот: Пријавување – после 13 часот, а одјавување до 12 часот.
Сместување: Хотелот располага со вкупно 69 соби – 45 двокреветни, 10 студио (две нивоа / дневен престој и спална соба), 6 делукс соби и8 јуниор апартмани.
Дополнителни услуги:
- 24 ч Рецепција
- Перење & пеглање
- Ресторан (за 190 гости)
- Аперитив бар
- Хотелска тераса (за 70 гости)
- Вински бар
- Сефови на рецепција
- Спа&велнес (масажа, парна бања, сауна, теретана)
- Продавница за накит
- 2 сали за семинар со капацитет до 120 лица