УЛ.ПЕЦЕ МАТИЧЕВСКИ БР.15, 7000 БИТОЛА  + 389 47 512 512  + 389 76 296 296       info@migtravel.mk

МИЛАНО-ЛУГАНО-КОМО-ВЕРОНА

You are currently viewing МИЛАНО-ЛУГАНО-КОМО-ВЕРОНА

Програма

Прв ден – 29.04.2022 (ПЕТОК)
    Состанок на групата на Дрводекор во 11:30, поаѓање за Италија во 12:00 часот. Денско и ноќно патување преку Србија, Хрватска, Словенија и Италија со кратки попатни паузи и царински формалности.
Втор ден – 30.04.2022 (САБОТА)
    Пристигнување во Милано во утринските часови. Разглед на Милано со лиценциран локален водич: Sforcesco Cаstle ,,Pizza de Duomo – централен плоштад каде што се наоѓа најголемата Готска Катедрала во светот ДУОМО – катедрала со фасцинантен изглед, составена од 3400 статуи. Разгледот продолжува кон галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196м долг покриен премин со многубројни продавници (Gucci, Prada, Louis Vuitton….итн) кој пак не води до зградата на Миланската опера,една од најпознатите оперски куќи во светот.По разгледот сместување во хотел. Во вечерните часови слободно време или организирано излегување во договор со групата. Ноќевање.
Трет ден – 01.05.2022 (НЕДЕЛА)
    Појадок. Слободно време за индивидуален разглед на Милано или факултативен излет до Швајцарија. Време предвидено за посета на Лугано – градот кој што се наоѓа на езерото Лугано, на падините на Алпите, познат како швајцарското Монте Карло. Обиколка низ стариот дел на градот кој е претворен во пешачка зона со своите плоштади Piazza Ciochara, Piazza della Reforma, Катедралата San Lorenzo, големиот градски парк Parco Civico, еден од најубавите паркови во Швајцарија. Прошетката продолжува со посета на живописното италијанско гратче Комо, кое се простира на брегот на истоименото езеро, едно од најпознатите и најдлабоките езера во Европа. Посета на Комо, посета на мавзолејот на Алесандро Волта, Катедралата Бролето, ѕидините кои го обиколуваат скоро целиот град. Можност за факултативно крстарење со брод по езерото и да се видат преубавите вили градени во периодот од 17-ти до 19-ти век, меѓу кои се и вилите на Џорџ Клуни, Версаче, Мадона, Макартни итн. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.
Четврт ден – 02.05.2022 (ПОНЕДЕЛНИК)
    Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот и поаѓање према градот на љубовта Верона. Прошетка низ Стариот Град, плоштадите Бра и Ербе, Арената, познатата куќа на Јулија и нејзината тераса, како и статуата на Јулија.По посетата на Верона, групата се упатува према познатиот аутлет Палманова, каде има познати брендови на гардероба по пониски цени. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Патот води преку Словенија, Хрватска,Србија… Пристигнување во Скопје во претпладневните часови на 03.05.2022 – вторник.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 139 ЕВРА
ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 119 ЕВРА ЗА УПЛАТИ ДО 01.04.2022

Во цената на аранжманот е вклучено:
– 2 ноќевања со појадок во хотел 3*** во Милано
– Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
– Разглед на Верона
– Посета на трговскиот центар Палманова
– Организација на аранжманот и туристички придружник од Т.А Идеал Травел во текот на целото патување.
– Бесплатен трансфер од: Битола, Прилеп, Црна река (Сирково), Велес и Куманово

Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Разглед на Милано со професионален водич 20 €
– Посета на Лугано и Комо 20€
– Крстарење по езерото Комо 20€
– Патничко осигурување
– Задолжителна доплата за туристичка такса во хотелот 2.5€ по лице од ден
СПЕЦИЈАЛЕН ПАКЕТ со сите вклучени факултативи (Разглед Милано, Посета на Лугано-Комо и крстарење)  55 евра по лице (со резервација во агенција)

НАПОМЕНА:

– За реализација на аранжманот, потребен е миниум од 40 патници.
– За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума
– Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
– Услови за влез во Италија:
– Две дози вакцина (Pfizer, Moderna, Astra Zeneca, Johnson&Johnson) не постара од 6 месеци, или да поседуваат бустер доза или сертификат за прележан ковид
– Две дози кинеска вакцина или Sputnik (овие патници дополнително треба да поседуваат и негативен антиген тест не постар од 48 часа)
– Сертификат за прележан ковид (не постар од 6 месеци)
– Антиген тест не постар од 42 часа
– За деца од 0-5.99 години за влез во Италија не е потребен ниту тест, ниту вакцина
– За деца од 6-11.99 години за влез во Италија потребен е антиген тест или сертификат за прележан ковид
– За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.
– За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.
– Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
– За овој аранжман важат општите услови на патување на Идеал Травел

%d bloggers like this: