УЛ.ПЕЦЕ МАТИЧЕВСКИ БР.15, 7000 БИТОЛА  + 389 47 512 512  + 389 76 296 296       info@migtravel.mk

МИЛАНО-ЛУГАНО-КОМО-ЏЕНОВА-СИРМИОНЕ – 3НП 11-ТИ ОКТОМВРИ

You are currently viewing МИЛАНО-ЛУГАНО-КОМО-ЏЕНОВА-СИРМИОНЕ – 3НП 11-ТИ ОКТОМВРИ

Програма

Прв ден – 10.10.2023 (вторник) – СКОПЈЕ-МИЛАНО
    • Состанок на групата на паркингот спроти хотелот Холидеј Ин (Дрводекор) во 11:30, поаѓање за Италија во 12:00 часот. Денско и ноќно патување преку Србија, Хрватска, Словенија и Италија со кратки попатни паузи и царински формалности.
Втор ден – 11.10.2023 (среда) МИЛАНО
    Пристигнување во Милано во утринските часови. Следува факултативен разглед на Милано со лиценциран водич: Sforcesco Cаstle, Piаzza de Duomo-централен плоштад каде што се наоѓа најголемата Готска Катедрала во светот Дуомо – катедрала со фасцинантен изглед, составена од 3400 статуи. Разгледот продолжува кон галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196 м долг покриен премин со многубројни продавници (Gucci, Prada, Louis Vuitton….итн) кој пак не води до зградата на Миланската опера, една од најпознатите оперски куќи во светот.По разгледот сместување во хотел. Слободно време. Ноќевање.
Трет ден – 12.10.2023 (четврток) МИЛАНО-ЛУГАНО-КОМО-МИЛАНО
    Појадок. Слободно време за индивидуален разглед на Милано или факултативен излет до Швајцарија. Време предвидено за посета на Лугано – градот кој што се наоѓа на езерото Лугано, на падините на Алпите, познат како швајцарското Монте Карло. Обиколка низ стариот дел на градот кој е претворен во пешачка зона со своите плоштади Piazza Ciochara, Piazza della Reforma, Катедралата San Lorenzo, големиот градски парк Parco Civico, еден од најубавите паркови во Швајцарија. Прошетката продолжува со посета на живописното италијанско гратче Комо, кое се простира на брегот на истоименото езеро, едно од најпознатите и најдлабоките езера во Европа. Посета на Комо, посета на мавзолејот на Алесандро Волта, Катедралата Бролето, ѕидините кои го обиколуваат скоро целиот град. Можност за факултативно крстарење со брод по езерото и да се видат преубавите вили градени во периодот од 17-ти до 19-ти век, меѓу кои се и вилите на Џорџ Клуни, Версаче, Мадона, Макартни итн. Во договорено време враќање во Милано. Слободно индивидуално време. Ноќевање.
Четврт ден – 13.10.2023 (петок) МИЛАНО-ЏЕНОВА-МИЛАНО
    Појадок. Предлагаме целодневен излет до Џенова. Вечната соперничка на Венеција за превласт над Средоземното море. По пристигнувањето следи прошетка низ стариот дел на градот ( под заштита на УНЕСКО) – Palazzo Reale, Piazza de Ferrari, Porto Antico, aquarium, Torre della Lanterna. По разгледот на градот, слободно индивидуално време. Во договорено време враќање во Милано. Слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.
Петти ден – 14.10.2023 (сабота) МИЛАНО-СИРМИОНЕ-СКОПЈЕ
    Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот и поаѓање према градот Сирмионе. Живописниот град Сирмионе, кој на необично формираниот полуостров длабоко навлегува во езерото, Лаго ди Гарда, познат по старата тврдина Сцалигера, тесните улици, преубави мали куќи и типични населби со комплетна содржина. По посетата на Сирмионе, се упатуваме кон шопинг центарот Palmanova Outlet Village. Слободно време за шопинг. Во договорено време поаѓање за Македонија во попладневните часови. Патот води преку Словенија, Хрватска,Србија… Пристигнување во Скопје во претпладневните часови на 15.10.2023 – недела.

ПРОМО ЦЕНА: 189 ЕВРА / 11 718 ДЕН.  СО ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ ОД 90 ЕВРА ПО ЛИЦЕ
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 209 ЕВРА / 12958 ДЕН. ПО ЛИЦЕ

Во цената на аранжманот е вклучено:

– Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
– 3 ноќевања со појадок во хотел 3*** во Милано
– Посета на Сирмионе
– Бесплатен трансфер од: Битола, Прилеп, Црна Река и Велес
– Организација на аранжманот и туристички придружник во текот на целото патување.

 Во цената на аранжманот не е вклучено:

– Разглед на Милано со водич (10€)
– Факултативна посета Џенова (35€)
– Посета на Лугано и Комо (40€)
– Крстарење по езерото Комо (15€)
– Задолжителна доплата за туристичка такса 2.5€ по лице по ноќевање
– Патничко осигурување 300 денари

 

НАПОМЕНА:

– За Сингл соба се доплаќа 70% од сумата на аранжманот

– За реализација на аранжманот, потребен е миниум од 40 патници.
– За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума, а остатокот се доплаќа најдоцна 7 дена пред поаѓање
– Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
– Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
– За овој аранжман важат општите услови на патување на Идеал Травел и ТА МИГ ТРАВЕЛ

%d bloggers like this: