ЕЗЕРСКИ КОМПЛЕКС МЕТРОПОЛ – ОХРИД

ЕЗЕРСКИ КОМПЛЕКС МЕТРОПОЛ – ОХРИД

Хотелот Метропол беше и остана единствен и неповторлив хотел, меѓу сите други хотели во регионот, со архиктетура што го одделува од сите други конвенционални хотели.
Хотелот е изграден и отворен во 1975 г., и е комплетно реновиран во 2018 г.

Според законската категоризација хотелот спаѓа во II категорија со 4 ѕвездички.Хотелот е комплетно климатизиран, пет ката над приземјето и две нивоа под основниот спрат.

Сместувачкиот капацитет во хотелот Метропол се состои од 5 спрата со следниве содржини:

-110 двокреветни соби со опција за додавање трет кревет;
-4 стандардни апартмани (спална и дневна соба);
-1 резидент-апартман (2 спални и дневна соба);
-1 делукс-апартман (спална и дневна).
Сите апартмани се климатизирани и луксузно опремени, како и другите соби во хотелот. Има посебна просторија за “собна услуга” на секој спрат.

Хотелот има сопствен паркинг-простор за своите гости со капацитет за 100 возила.

Хотелот “Белви” е отворен во 1989 година, со спроведено комплетно реновирање во 2018 година. Според законските регулативи, хотелот е категоризиран како хотел од втора категорија со 4 ѕвездички. Хотелот се состои од пет спрата со мезанин, приземје, пет ката над приземјето и две нивоа под основниот спрат.

Сместувачкиот капацитет се состои од пет спрата и мезанин со следните содржини:
170 двокреветни соби со опција за додавање трет дополнителен кревет;
3 стандардни апартмани (спална и дневна соба);
1 делукс-апартман (спална и дневна соба).

Хотелот “Турист” е изграден и отворен во 1986г. како анекс на хотелот “Метропол”. Комплетно е реновиран во 2007 година. Хотелот ја има истата архитектура како и Метропол и двата хотела се поврзани со внатрешен коридор и  гледано однадвор, изгледаат како еден хотел, со воодушевувачки стил.

Хотелот “Турист” е составен од 5 спрата: приземје и 4 спрата. Хотелот има 88 двокреветни соби со 176 кревети. Сместувачкиот капацитет покрива површина од 3.000 м2. Хотелот е во фаза на реновирање и добива категоризација врз основа на законските регулативи како хотел од трета категорија со 3 ѕвездички.

 

Цените се изразени во еур, плаќање исклучиво во денарска противвредност од 61,8мкд

Цените се изразени по лице на ден со вклучена туристичка такса

Хотел Метропол, оваа година нема, ресторанот во склопот на хотелот нема да работи, и пансионот за појадок или вечера ќе се одвива во Белви.  Базенот не е во употреба за лето 2020, клима поради мерките за Ковид 19 – не е во употреба. Лежалките се наплакаат на лице место 

Цените не важат за семинари/конгреси, Нова Година и посебни празници, настани / датуми.
Хотели Метропол го задржуваат правото на промена на цените.

 

 

Политика на отказ:

До 8 дена пред пристигање без пенали.