Состанок на групата во 04:45 часот пред спортската сала “Младост”. Поаѓање во 05:00 часот за Метеори. Патувањето води преку г.п. Меџитлија, Птолемаида, Гревена, … пристигнување во Каламбака во прeтпладневните часови. Заминување за Метеорите, каде што посетуваме неколку од Византиските манастири (препорака: манастирот Свето Преображение и манастирот Варлаам) кои се издигнуваат над Каламбака. По разгледот – посета на работилница за изработка на црковни предмети и икони, кои се изработуваат според древната црковна традиција. Можност за факултативен ручек во некоја од многуте таверни во Каламбака и слободно време за прошетка низ улиците на малото градче. Поаѓање за Битола во попладневните часови.
Цена на екскурзијата: 700,00 ден.
Цената на аранжманот вклучува:
- Автобуски превоз на горенаведената релација,
- посета на Метеора,
- посета на работилница на икони,
- посета на Каламбака
- организација, водство и реализација на аранжманот.
Цената на аранжаманот не вклучува:
- Влезници при посета на манастирите (~3€ по лице за секој манастир)
- Патничко осигурување.
НАПОМЕНА!
- За реализација на аранжманот се потребни минимум 45 патници.
- За овој аранжман важат општите услови за реализација на патување на Т.А МИГ ТРАВЕЛ
- Патната исправа е лична обврска, при што важноста на пасошот треба да биде три месеци пред истекување.