Вила Меропи се наоѓа на главната улица, во строгиот центар на Калитеа, веднаш до семафорите и излегува на првата пешачка уличка. Не располага со паркинг, а најблиското место за паркирање е на 200м од самата вила. Во нејзина близина се наоѓа маркет, слаткарница, продавници, фурна, ресторани, кафетерии итн. На 200м одалеченост се наоѓа плажата до која се стигнува преку улица или скали. Калитеа е сместена на повисоко теренско место, затоа пристапот до плажа е по удолница.
- -Специјалната понуда важи за ограничен број на соби во претпродажба, организаторот може да ја повлече понудата во секое време без претходна најава.
- -Цените се однесуваат на наем на студио за 7 ноќевања (без превоз).
- -Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).
(напомена: првите два и последните три термина се промо цени, и на нив не следува попуст)
ПРОДОЛЖЕН 10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 28.02.2023, СО 30% УПЛАТА ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА, И ДОПЛАТА ДО 100% ДО 03.03.2023
Опис на регион
Калитеа е најпопуларното село на Халкидики, во текот на летото. Се наоѓа на првиот полуостров на Халкидики, Касандра. Калитеа е оддалечена 85 километри од Солун и е најкосмополитското место на Халкидики. Ако го поминете центарот на селото, можете да ги посетите плажите на Калитеа и другите села во Источна Касандра како што се Пефкохори, Ханиоти, Полихроно, Криопиги и Палиури или некои делови на Западна Касандра како Фурка, Посиди и Агиа Параскеви. Центарот на Калитеа е раскрсницата која води до овие два правци. Афитос е во близина, па можете да одите таму на попладневна прошетка. Плажата во Калитеа е една од најубавите плажи на првиот крак, се каракретизира по кристално чистата вода, ситна песок, плитка и идеална за деца, наградувана со плаво знаменце за чистота.
Опис на сместување
Сите соби се наоѓаат на прв спрат и се трокреветни, т.е еден дупли кревет и еден единечен, мини кујна со прибор за готвење и јадење, сопствен тоалет, мал и тесен балкон без поглед (гледаат во ѕид на друга вила), ТВ, клима без доплата и wi-fi.
Сликите кои се објавени на нашата веб-страница се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените. Нашата веб-страница е од информативен карактер, за сите детали и специфичности, задолжително информирајте се кај нашите вработени.
Удобности
- Клима
- WI-FI
- Кујна
- TV
Датуми | Triple room | |
---|---|---|
21.05.2023 – 28.05.2023 | ||
28.05.2023 – 04.06.2023 | ||
04.06.2023 – 11.06.2023 | ||
11.06.2023 – 18.06.2023 | ||
18.06.2023 – 25.06.2023 | ||
25.06.2023 – 02.07.2023 | ||
02.07.2023 – 09.07.2023 | ||
09.07.2023 – 16.07.2023 | ||
16.07.2023 – 23.07.2023 | ||
23.07.2023 – 30.07.2023 | ||
30.07.2023 – 06.08.2023 | ||
06.08.2023 – 13.08.2023 | ||
13.08.2023 – 20.08.2023 | ||
20.08.2023 – 27.08.2023 | ||
27.08.2023 – 03.09.2023 | ||
03.09.2023 – 10.09.2023 | ||
10.09.2023 – 17.09.2023 | ||
17.09.2023 – 24.09.2023 | ||
24.09.2023 – 01.10.2023 |
Превоз
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Халкидики (секоја Недела)
- -Скопје (Дрводекор) – 40еур по лице
- -Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до кружен тек Велес – 55еур по лице
- -Велес (кружен тек бен.пумпа Макпетрол) -40еур по лице
- -Неготино (бензинска пумпа, Неготино) –40еур по лице
- -Граничен премин (бензинска пумпа Шимов) – 40еур по лице
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Халкидики:
- -Битола -(Автобуска станица Транскоп – на перон) – 40еур по лице
- -Прилеп (БП Селида) Трансфер до Битола –40еур по лице
- -Струга (Хотел Дрим) Трансфер до Битола –45еур по лице
- -Кичево (БП Пуцко Петрол) Трансфер до Битола – 55еур
- -Охрид ( БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола – 45еур по лице
- -Ресен (спроти автобуска станица) Трансфер до Битола – 45еур по лице
- -Деца од 2-11,99год – Попуст од 10еур од редовната цена
- -Деца до 1,99год – бесплатно и не користат седиште
Миг Травел го задржува правото за промена на цената на автобускиот превоз во во случај на донесување на законски мерки за дозволена исполнетост на автобусите со 50 или 70% , или промена на цената на горивото
ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ
- *За уплата на два последователни термини одобруваме 10% попуст на вториот термин(овој попуст не е важечки за промо термините)
* попустите не може да се комбинираат, - *Во студио е дозволено сместување на лица согласнопредвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до неполни 6 години во легло со родител
- *Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус
- *Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)
- *Важат Општите услови на СКТМ , ТА ЈК травел и ТА МИГ ТРАВЕЛ
ВРЕМЕ НА ПОАЃАЊЕ СКОПЈЕ-ХАЛКИДИКИ:
- -3:40 Штип (паркинг пред пошта) Трасфер до Велес
- -4:00 Скопје (Дрводекор)
- -4:30 Велес (БП Макпетрол кружен тек)
- -5:00 Неготино (БП Неготино)
- -6:00 Граничен премин ( БП Шимов)
ВРЕМЕ НА ПОАЃАЊЕ ОД БИТОЛА-ХАЛКИДИКИ
- -4:00 Битола (Автобуска Станица Транскоп-на перон)
- -3:15 Прилеп (БП Салида) Трансфер до Битола
- -2:15 Струга (Хотел Дрим) – Трансфер до Битола
- -2:15 Кичево ( БП Пуцко Петрол) Трансфер од Битола
- -2:30 Охрид (БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола
- -3:15 Ресен (спроти автобуска станица Транскоп на перон ) – Трасфер до Битола
ПОАЃАЊЕ ОД ГРЦИЈА:
- 15:00 локално време (14:00 Мак. време) Калитеа
- 14:45 локално време (14:00 Мак. време) Полихроно
- 14:30 локално време (13:30 Мак. време ) Ханиоти
Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето
Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.