МАНАСТИР ТУМАНЕ – ГОЛУБАЧКА ТВРДИНА – БЕЛГРАД

You are currently viewing МАНАСТИР ТУМАНЕ – ГОЛУБАЧКА ТВРДИНА – БЕЛГРАД

1.ДЕН 18.11.2022  –  Се поаѓа во  22:00 часот од Битола. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности. Влез во Србија преку граничен премин Табановце.

2.ДЕН 19.11.2022   Пристигнување во раните утрински часови во Тумане. Манастирот е изграден во 14 век од страна на Милош Обилиќ. Во манастирот се чуваат моштите на Св. Зосим и Св.Јаков  како и дел од моштите на Св. Нектариј Егински. Манастирот во 17 век од страна на руски монаси ја добива чудотворната икона на Св.Богородица. Од 08 часот започнува литургијата, после тоа од 09 часот манастирот е отворен за молитви за посетителите. Во договорено време со водичот  се упатуваме кон Голубац град  каде се посетува Голубачката тврдинаГолубачката тврдина е тврдина која се наоѓа во градот Голубац. Тврдината се состои од десет кули и две големи капии. Тврдината за првпат се споменува од унгарските извори кои датираат од 1335 година. Од повисокиот дел и бројните кули на оваа тврдина се протега поглед кон територијата на Романија и кон широкото корито на реката Дунав. По посетите се поаѓа за БЕЛГРАД. По пристигнување правиме посета на храмот св.СаваКалемегдан – Белградската тврдина како и прошетки и кафе по Кнез Михајлова.. Сместување во хотел во пладневните часови. Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. Вечерта можност за организирана вечера во ресторан на Скадарлија со жива музика. Ноќевање.

3.ДЕН 20.11.2022 – Појадок. Одјавување од хотелот. Факултативно крстарење по ДУНАВ и САВА чија глетка ги воодушевува туристите. После крстарењето се упатуваме према трговски центар УШЧЕ. Слободно време за шопинг, кафе и ручек. Во пладневните часови се поаѓа за Македонија преку граничен премин Табановце со попатни одмори. Пристигнување во Битола во вечерните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 79 еу

Поаѓање од Битола, Прилеп, Росоман, Велес, Скопје и Куманово

Во цената е вклучено:

* Превоз на наведената релација со високотуристички автобус

* 1 ноќевање со појадок во ХОТЕЛ 3* во БЕЛГРАД

* Пратител на групата за време на целото патување

Во цената не е вклучено:

* Влезница во Голубачка тврдина со локален водич и презентација – 5 еу

* Патничко осигурување (информација во агенција)

* Туристичка такса 1,5 еу по лице – задолжително се плаќа во автобус

*ФАКУЛТАТИВНО КРСТАРЕЊЕ ПО ДУНАВ И САВА –15 еу

*ВЕЧЕРА ВО РЕСТОРАН НА СКАДАРЛИЈА СО ЖИВА МУЗИКА – 25 еу (предјадење, главно јадење, десерт)

Напомена!!!

  • За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
  • Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош
  • Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
  • НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:
    Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот).