Состанок на групата на скопскиот аеродром во 18:10 часот. Лет за Малта W6 7765 во 20:10ч. Пристигнување на Малта во 21:55 часот. Трансфер до хотел. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Вечера. Ноќевање. 22.мај (понеделник) МАЛТА (Валета и Мдина)
Појадок. Организиран целодневен излет во градовите Валета и Мдина. Заминување кон Валета, кој е познат и како “Град изграден од џентламени за џентламени”. Овој град на барокот денеска е дом на безброј музеи, вклучувајќи ги, Археолошкиот музеј, Музејот на современа уметност, како и на многубројни продавници, маркети, бутици…Во присуство на локален водич се посетуваат следните места: “Upper Barraca Gardens” од каде што се пружа прекрасна панорама на големиот залив, Катедралата “St.John”, украсена со богатсвото кое датира од времето на Витезите на Малта, вклучувајќи го и познатото сликарство на Caravaggio. Претседателската палата, позната како “Grand Master’s Palace”, украсена со портрети на големите европски монарси, Малтешки претседатели… уникатни гобленски таписерии, и фрески кои ја отсликуваат Големата Опсада. Патувањето продолжува кон Мдина, првата престолнина на Малта позната како “Тивкиот Град”. Интригантните тесни и криви улици со стари и раскошни лампи го прави овој град спектакуларен навечер. Смирен и тивок се придавките кои ја кријат вистината за неговот име. Ѕидините на Мдина датираат од 1090г, на главниот плоштад стои барокна катедрала, во Мдина се наоѓаат и катакомбите St.Paul, подземни римски гробишта, кои се користеле се до 4 век. Мозаиците во Domus Romana или Римската Вила кои датираат од 1 век п.н.е се одлична илустрација на Хеленската сликовита култура. Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање. 23.мај (вторник) МАЛТА (Островот Гозо)
Појадок. Факултативен излет на островот Гозо. Пристигнување во Cirkewwa и потоа со фери – брод заминување кон Gozo островот – сестра на Малта. Во присуство на локален водич се посетуваат следните места: Qala Belveder од каде што ќе бидете сведоци на прекрасниот поглед кон Gozo, Comino и Mалта заедно. Главниот град Викториа кој го добил името по нејзиното височество кралицата Викториа. Рибарското гратче Xlendi, храмот Ggantija е еден од најстарите и најдобро зачуваните меѓу Малтешките острови, прошетка по карпестата околина на Dwejra. Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.
24.мај (среда) МАЛТА (Јужниот дел на Малта)
Појадок. Факултативен излет низ Јужниот дел на Малта. Тргнување кон ”Blue Grotto”, местото каде што Малтешките рибари го растовараат секојдневно нивниот улов. Можност за кратко крстарење (не е вклучено во цената) со рибарски брод кон една од многубројните морски пештери вклучувајќи ја и обновената “Blue Grotto” пештера, која е формирана пред илјадници години. Факултативно патување со брод, восхитувајќи се и фотографирајќи ги фантастичните бои кои се рефлектираат од морската фауна, коралите и карпите. Патувањето продолжува кон храмовите “Hagar Qim” и “Mnajdra”, кои се под закрила на УНЕСКО од 1992г. Овие Мегалитски Храмови се вели дека се меѓу најстарите верски објекти на Земјата. Патот продолжува кон рибарското село Marsaxlokk. Ова место имало значајна улога во Малтешката историја: за време на 11 век бил голем трговски центар, а подоцна за време на Големата Опсада било засолниште на Турската флота. Денеска е едно од најголемите рибарски гратчиња, каде што може да им се восхитувате на стотиците рибарски бротчиња наречени “luzzus”. Посета на “Ghar Dalam Cave & Museum”. Местото каде што се најдени најраните докази за човековото постоење на Малта од пред 7400 години. Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање
25.мај (четврток) МАЛТА – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на хотелот. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Во доцните попладневни часови трансфер до аеродромот во Малта. Лет за Скопје W6 7766 во 21:50ч. Пристигнување во Скопје во 23:30 часот.
Basic – основен пакет = 399 € (24.738,00 мкд)
Standard пакет = 459 € (28.458,00 мкд) со вклучен разглед на Валета и Мдина
Superior пакет = 559 € (34.658,00 мкд) со вклучени 4 разгледи (Валета, Мдина, Јужниот дел на Малта и островот Гозо)
Во цената е вклучено:
Во цената не е вклучено:
* Посета на Јужниот дел на Малта 50€
НАПОМЕНА: