МАЛТА- 5.12/ авион

You are currently viewing МАЛТА- 5.12/ авион

 МАЛТА

05.12-09.12.2022

5 дена – 4 ноќи

Малта – азурно плаво море,златна обала,карпи кои го одземаат здивот. Архипелаг од три острови во срцето на Медитеранот, необичен спој на култури на бројните народи кои со векови се присутни на овие острови, големо историско наследство и прекрасна природа се единствен спој со кој ке ве маѓепса оваа мала земја.

 

1 ден 05.12.2022 СКОПЈЕ – НИШ – МАЛТА

Состанокнагрупата на договореното место во 15.30 часот и поаѓање за Ниш . Полетување за Ла Валета во 22.10 часот. Пристигнување во 23.59 часот. Трансфердохотелот .Сместување во хотел. Ноќевање.

 

2 ден 06.12.2022 МДИНА И ВАЛЕТА
Појадок. Во пладневните часови факултативна посета на Мдина, стариот средновековен главен град на Малта (Тивкиот Град), Разгледот започнува со црквата Моста, со една од најголемите куполи во светот. Прошетка низ тесните поплочени улички и најважните места во градот Во попладневните часови се упатуваме низ сликовитите улички на Валетасе до Градините“Barracca”од каде што има панорамски поглед на Големиот Залив и на Трите Града: „Vittoriosa“, „Cospicua“ „Senglea“… се до вечерните часови каде ќе имате можност да се доживее Божиќната атмосфера со многу осветлени улици и продавници преплавени со новогодишни украси, безброј кафулиња и ресторани.
Враќање во хотел. Ноќевање.

 

3 ден 07.12.2022 МАЛТА – ГОЗО
Појадок. После појадокот се упатуваме на факултативна целодневна посета на Гозо омиленото излетничко место на Малтежаните (Calypso’s Island), вториот најголем остров во Малтешкиот архипелаг. Пред пристигнување во пристаништето Cirkewa, можност за кратка посета на Светилиштето на Пресвета Богородица на Mellieha. Гозо во грчката митологија е наречен островот на Калипсо – грчка нимфа, која го држела Одисеј на нејзиниот остров. Посета на пештерата на Калипсо во Рамла Хамра заливот и прекрасните плажи. Панорамски разглед на Рабат или Викториа, главниот град кој не потсетува дека Мдина била изградена да ја заштити целата популација на Гозо од страшните пиратски напади, заливот Xlaendi… Попладне враќање во хотел. Ноќевање.

 

4 ден 08.12.2022 МАЛТА
Појадок. По појадокот Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

 

5 ден 09.12.2022 МАЛТА – НИШ – СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за индивидуални активности Трансфер до аеродром во 16.30 часот.
Полетување за Ниш во 19.45 часот. Пристигнување во 21.35 часот во Ниш и трансфер до Скопје.

Цена 379 € / 23.500,00 до 05.11.2022

РЕДОВНА ЦЕНА 399 € / 24.740,00

 

Цената на аранжманот е по особа и вклучува: 

  • Трансфер Скопје-Ниш-Скопје
  • Авионски превоз на релација Ниш – Малта – Ниш со RyanAir со вклучени аеродромски такси
  • Багаж со димензии 40 х 30 х 20cm, максимум 7kg
  • Трансфер на релација аеродром – хотел – аеродром во Малта
  • Сместување во Хотел 3* на база 4 ноќевања со појадок
  • Организација и водство на аранжманот
  • Пратител од агенцијата за целото патување

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Факултативна посета на Гозо – 45€
  • Факултативна посета на Валета и Мдина – 40€
  • Влезници за културно историските музеи
  • Доплата за багаж за чекирање (1 торба/куфер 55х40х23cm со макс 10kg) 2,900 денари
  • Патничко осигурување 300 денари
  • Туристичка такса се плака во хотел
  • Индивидуални трошоци

ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА ВО АГЕНЦИЈА!!!!

Резервација се прави со авансна уплата од минимум 60% од цената на аранжманот и копија од пасош. Комплетна доплата 10 дена пред поаѓање.

Агенцијата го задржува правото во случај на промена на цена на превоз или не доволен број на пријавени патници да ја измени цената на аранжманот или да го откаже истиот во целост 7 дена пред поагање,како и промена на редоследот на факултативни излети во случај на објективни нрепредвидени причини.

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници. Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд. Калкулацијата за факултативните излети е направена нa минимум 15 особи, пријавувањето е при резервација во агенција.

 

Важноста на пасошот мора да биде минимум 3 месеца до денот на враќањето