Хотел Маива, категоризиран како Хотел со 4 ѕвезди, е нов објект, кој се наоѓа во туристичката населба Св. Стефан и е на само 50 метри од езерската шир и 150 метри од Хотел Климетица . Претставува објект со современ ентриер – Ви нуди комфор, удобност – прекрасно место за одмор и релаксација, како и споделување пријатни мигови.
Хотел Маива располага со 30 луксузни студија, опремени со француски лежај и гарнитура за дневен престој, со плазма и сателитска ТВ, мини бар и тераса со поглед на езеро.
Исто така, хотелот располага и со Kристална сала со 150 седишта во кој ќе можете да уживате во разновидноста на специјалитети од национална и интернационална кујна во прекрасен амбиент во кој можете да ги прославите вашите свечености, коктел забави или деловни приеми.
Во склоп на хотелот работи и кафе бар со тераса, каде ќе можете да се релаксирате за време на Вашиот престој.
Хотелот нуди можност за организација на семинари, деловни состаноци и меѓународни конгреси.
ЦЕНОВНИК:
Две ноќевања со појадок и вечера – 3.000 денари
Две ноќевања со појадок – 2.300 денари
Цената по лице во двокреветна соба за минимум две ноќевања.
Цената вклучува:
- Користење на СПА центар.
- Сауна, турска бања, џакузи
- Интернет
- Туристичка такса
- Паркинг
Цената НЕ вклучува:
- Превоз
- Индивидуални трошоци
Доплата:
- За сместување во еднокреветна +30% доплата.
- Деца до 5 години – гратис.
- Деца од 6-12 години плаќаат 50% од цената.