ЉУБЉАНА-БЛЕД-БОХИЊ-ПОСТОЈНСКА ЈАМА

ЉУБЉАНА-БЛЕД-БОХИЊ-ПОСТОЈНСКА ЈАМА

1.ДЕН 26.04.2019 (Петок) Поаѓање во 14.30 часот од паркингот пред спортска сала Боро Чурлевски во Битола. Патот води  на граничен премин Табановце, преку Србија и Хрватска со попатни одмори до Љубљана.

 

2.ДЕН 27.04.2019 (Сабота) Пристигнување во предпладневните часови во Љубљана -главниот град на Словенија  Разглед на градот со локален водич низ центарот на Љубљана. По разгледот сместување во хотел. Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. Ноќевање.

 

3.ДЕН 28.04.2019 (Недела) Појадок. По појадокот следува факултативна посета на Блед и Бледското езеро-едно од најпосетуваните туристички дестинации во Словенија. Слободно време за прошетки во прекрасната природа. Можност за возење со чамец до единствениот остров во Словенија на Бледското езеро, посета на црквата Успение на Богородица каде посетителите често одзвонуваат со камбаната за среќа и исполнување на желби. Патувањето продолжува низ живописните предели до Бохињско езеро, најголемото природно езеро во Словенија и вклучено во Националниот парк Триглав. Враќање во Љубљана. Ноќевање.

 

4.ДЕН 29.04.2019 (Понеделник) Љубљана. Појадок. По појадокот напуштање на хотелот и заминување за Постојна јама-пештерски систем кој представува најголема геолошка атракција на Балканскиот полуостров, нејзино разгледување со водич. Попладне заминување за Македонија со попатни одмори и царински формалности.

 

5.ДЕН 30.04.2019 (Вторник) Пристигнување во Македонија во утринските часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 8200  денари

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со туристички автобус на дадената релација;
  • Сместување во хотел 3* во Љубљана на база две ноќевања со појадок;
  • Разгледување на Љубљана со локален туристички водич;
  • Пратител од агенција;

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Факултативен излет до Блед и Бохињ – 15 евра;
  • Излет, вклучена влезница и водич за Постојнска јама – 25 евра;
  • Задолжително патничко осигурување;

 

Напомена!!! За реализација на аранжманот се потребни минимум 40 патници, доколку за факултативните посети се потребни минимум 25 патници. За овој аранжман важат општите услови на Т.А. МИГ  Травел Битола. Крајниот рок за известување на евентуален отказ е пет дена пред датумот на поаѓање.