Лето во Римини, Хотел Naica 3*+

You are currently viewing Лето во Римини, Хотел Naica 3*+

Лето во Римини, Хотел Naica 3*+

Зошто ТА. МИГ ТРАВЕЛ смета дека вашата годишна заштеда за летен одмор вреди да ја инвестирате во аранжманот за Римини, Италија?

Постојат повеќе причини, но еве неколку од поважните:

  • Аранжманот ви овозможува 10 дена на море! 10 дена присуство на песочна плажа која е долга цели 15 километри.
  • Со уплатата на аражманот вие ќе го посетите градот Римини. Град чувар на многу историски знаменитости и објекти изградени за време на античката Римска империја. Многу од овие објекти постојат и денеска, а вашата прошетка низ градот ќе ве транспортира назад во историјата.
  • Ќе престојувате на втор ред од масивна песочна плажа, за која туристите велат дека и „нема крај“.
  • Ќе имате можност да посетите бесплатен „Аква Парк“ кој е гратис од нашата агенција. Аква паркот се нарекува Beach Village. На плажа број 136.
  • Сакаме да ви напоменеме дека во Римини постојат 7 до 8 плажи кои што се со слободен влез и каде што можете да си поставите вие пешкири бесплатно. За полесно да ги најдете истите доволно е на Google Maps да го напишете следното: Spiaggia libera Rimini и самата мапа ќе ве однесе до првата плажа која што не се наплаќа. Првата слободна плажа е на околу 400м од хотелот каде што сте сместени веднаш до плажа број 99.
  • И секако ќе имате можност да посетите многу градови во кои има многу заштитени УНЕСКО обележја.
  • Но исто така, ќе имате можност да ја посетите државата Сан Марино која се наоѓа недалеку од градот Римини.

За Римини има многу работи кои вреди да се прочитат. Ние ви одвојуваме неколку текстови кои можеби ќе ве поттикнат да ја посетите оваа прекрасна дестинација.

За оние кои се љубители на уметноста, архитектурата и историјата. Римини е музеј на отворено и вреди да се доживее. Дали знаете дека во Римини одредено време живеел и Леонардо Да Винчи? Дали знаете дека Римини бил територија за борбата помеѓу Галите и Римјаните, по кој факт му помагаат да прерасне во најголемото пристаниште на Јадранот. Повеќе информации за овие факти можете да дознаете со еден клик ОВДЕ.

Дали знаете дека Римини го нарекуваат главниот град на италијанскиот крајбрежен туризам? Повеќе информации ќе дознаете со еден клик ОВДЕ.

Дали можеби ве интересира кои се историските и уникатни знаменитости во Римини кои треба да ги посетите? Кликнете ОВДЕ.

Дали можеби ве интересира кои се модерните уникатни атракции по кои е познат Римини, а кои можете да ги посетите? Повеќе информации со еден клик ОВДЕ.

План и програма

Поаѓање од Македонија
 

Поаѓањето од Македонија е ден пред започнување на аранжманот. Доколку ги гледате термините имајте предвид дека термините се од денот на Check in, а од терминот на Check out.

Патувањето е со автобус во текот на ноќните часови. Се патува преку Србија, Хрватска, Словенија и Италија. Со редовни попатни застанувања за тоалет, храна и одмор. Поаѓање од Скопје е во 13:00 часот.

Прв ден: Пристигнување во Римини
Пристигнувањето во Римини е предвидено во утринските часови. Со самото пристигнување групата ги остава куферите во хотелот и има слободно време за кафе опуштање по патот. Check in во хотелските соби е по 14:00 часот
 
Втор ден во Римини

Вториот ден во Римини започнува со појадок во хотелот. Појадокот е вклучен во цената на аражманот. Додека ручек и вечера, гостите може да си нарачат дирекно во ресторанот на хотелот со плаќање на лице место. Слободно време за уживање на долгите песочни плажи.

Трет ден во Римини

Третиот ден во Римини започнува со појадок во хотелот. Групата ќе добие доста совети и информации за искористување на времето во Римини. За тоа кои плажи да се посетат, што да се посети, кои знаменитости да се истражат и слично.

Четвртиот ден во Римини
Четвртиот ден во Римини започнува со појадок во хотелот. Групата ќе добие доста совети и информации за искористување на времето во Римини. За тоа кои плажи да се посетат, што да се посети, кои знаменитости да се истражат и слично. Можност за организирање на факултативни посети на разни знаменитости и околни градови. Факултативните излети можете да ги погледнете најдоле во понудата. Ценовник за екскурзиите ќе имаме со самиот старт на сезоната.
 
Петиот ден во Римини
Петтиот ден во Римини започнува со појадок во хотелот. Групата ќе добие доста совети и информации за искористување на времето во Римини. За тоа кои плажи да се посетат, што да се посети, кои знаменитости да се истражат и слично. Можност за организирање на факултативни посети на разни знаменитости и околни градови. Факултативните излети можете да ги погледнете најдоле во понудата. Ценовник за екскурзиите ќе имаме со самиот старт на сезоната.
 
Шестиот ден во Римини
Шестиот ден во Римини започнува со појадок во хотелот. Групата ќе добие доста совети и информации за искористување на времето во Римини. За тоа кои плажи да се посетат, што да се посети, кои знаменитости да се истражат и слично. Можност за организирање на факултативни посети на разни знаменитости и околни градови. Факултативните излети можете да ги погледнете најдоле во понудата. Ценовник за екскурзиите ќе имаме со самиот старт на сезоната.
 

Седмиот ден во Римини започнува со појадок во хотелот.

Групата ќе добие доста совети и информации за искористување на времето во Римини. За тоа кои плажи да се посетат, што да се посети, кои знаменитости да се истражат и слично. Можност за организирање на факултативни посети на разни знаменитости и околни градови. Факултативните излети можете да ги погледнете најдоле во понудата. Ценовник за екскурзиите ќе имаме со самиот старт на сезоната.

Осмиот ден во Римини

Осмиот ден во Римини започнува со појадок во хотелот. Групата ќе добие доста совети и информации за искористување на времето во Римини. За тоа кои плажи да се посетат, што да се посети, кои знаменитости да се истражат и слично. Можност за организирање на факултативни посети на разни знаменитости и околни градови. Факултативните излети можете да ги погледнете најдоле во понудата. Ценовник за екскурзиите ќе имаме со самиот старт на сезоната.

Деветиот ден во Римини
Деветиот ден во Римини започнува со појадок во хотелот. Групата ќе добие доста совети и информации за искористување на времето во Римини. За тоа кои плажи да се посетат, што да се посети, кои знаменитости да се истражат и слично. Можност за организирање на факултативни посети на разни знаменитости и околни градови. Факултативните излети можете да ги погледнете најдоле во понудата. Ценовник за екскурзиите ќе имаме со самиот старт на сезоната.
 
 
Десетиот ден во Римини

Појадок во хотелот и одјавување од хотелските соби.

Check out: 09:00 часот

Поаѓање кон Македонија.
Почитувани патници имајте предвид дека турите кои ги организираме се нискобуџетни и автобускиот превоз е во кружни тури. Што значи тоа, тоа значи дека со вашето одјавување, треба да бидат подготвени собите за влез на новата група. Нашиот автобус во меѓувреме се чисти и се подготвува за враќање назад, нашите шофери и туристички придружници при самото пристигнување добиваат слободни соби за одмор за враќање назад.

Предвидено време за враќање кон Македонија: 18:00 часот.

Хотел Naica 3*+

 

Сместувањето во Римини е во хотелот Naica кој е хотел со 3+ ѕвезди и ги задоволува потребите и барањата на македонските туристи. Хотелот е на само 250 метри од слободната плажа, а престојот во хотелот вклучува и појадок за гостите.

Хотелот има двокреветни соби, трокреветни соби и можност во трокреветната соба да се додаде четврто легло.

Хотелот има бесплатен Wi-Fi, а има и ресторан и бар кои работат во текот на целиот ден и во кој гостите може да ручаат и вечераат со доплата дирекно во хотелот.

Собите во хотелот имаат ТV, тоалет и купатило, а дел од собите имаат и балкони, но сместувањето по собите го одредува менаџментот на хотелот според карактиристиките на собите.

Хотелот служи континентален појадок.

Собите на хотелот имаат клима уреди.

Хотелот е идеален за групи (друштва), парови и за семејства со деца.

Хотелот има рецепција која работи 24/7.

Хотелот има одлична локација, веднаш до плажа, на улица со многу продавници, супермаркети, кафулиња и ресторани.

 
ЗА ПРОВЕРКА НА СЛОБОДНИ ТЕРМИНИ И ЦЕНА ИНФОРМАЦИИ ВО АГЕНЦИЈА 

Што е вклучено во цената

9 ноќевања со вклучен појадок во хотел во Римини
Автобуски превоз на релација Македонија- Римини-Македонија
Туристички придружник и целосна организација до дестинацијата и за време на одморот
Бесплатни влезници во аква парк
Бесплатен Wi-Fi во хотелските соби
За сопствен превоз се одзема по 25 евра од цена по лице на аранжман.

Што не е вклучено во цената

Патничко осигурување
Ручек и вечера (гостите имаат можност да нарачат дирекно во ресторанот на хотелот)
Туристичка такса (околу 2 евра од ден по лице и се плаќа за само 7 дена). Деца под 14 години се ослободени од такса.

Важно

  • За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници
  • Почитувани родители, ТА. МИГ ТРАВЕЛ  е свесна за вашата желба да отпатувате на одмор со вашите мали деца со организиран превоз. Но ние како одговорна компанија заземаме став дека деца помали од 8 години може да имаат проблем при патувањето.Имено, само сакаме да ви посочиме дека времетраењето на оваа патување со автобус е околу 20 часа во еден правец.  Ве советуваме и замолуваме  горе наведеното да го имате предвид при резервацијата на аранжманот.
  • Аранжманот за деца до 12 години изнесува 299 евра за сите аранжмани/ освен првиот термин кој е 279 евра.
  • За деца со полни 12 години се плаќа цела сума
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
  • Патувањето се реализира исклучиво со пасош (патна исправа).
  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
  • Распоредот на седишта се нумерира според уплатата. Доколку туристите имаат барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за два правци и право на избор на седиште. Ве молиме почитувајте го ова правило. ТА МИГ ТРАВЕЛ И ЕТА е агенција која за сите постапува исто. Без разлика дали сте редовни патници или патувате првпат. Правилата важат за сите подеднакво.