ЛЕФКАДА ЗА СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ 24.05 – 26.05.2019

ЛЕФКАДА ЗА СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ 24.05 – 26.05.2019

Лефкада е остров на Јонскиот Архипелаг, кој се наоѓа јужно од Крф и североисточно од Кефалонија, а со континенталниот дел на Грција е поврзана со подвижен мост. Лефкада со причина ја нарекуваат островот на бојата: белата боја на карпите, школките и песокта по кои го добила и името; сината боја на морето која може да се спореди со морињата во некои далечни егзотични дестинации; зеленилото на боровите,чемпресите,шаренилото на цвеќињата,маслиновите дрвја…Големиот број на таверни, барови, ресторани ќе го направат Вашиот престој уште попријатен. Најпознатите и најубави плажи на островот Порто Кацики, Егремни, Милос, Катисма…со својата убавина никој нема да го остави рамнодушен…

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО

24.05.2019 Петок, ДЕН 1: Битола – Лефкада

Состанок на групата на паркингот кај Спортската сала во 03:45 часот. Поаѓање за Лефкада во 4:00 часот со попатни паузи. Пристигнување на Лефкада околу 10 часот. Можност за посета на маркетот ЛИДЛ. Разглед на главниот град Лефкас и марината. Потоа сместување во вилите. Индивидуален разглед на островот и неговите скриени убавини. Можност за вечера во некоја од таверните, каде што служат традиционални јадење од Лефкада. Ноќевање.

25.05.2019 Сабота, ДЕН 2: Лефкада

Во утринските часови организирано поаѓање за градот Нидри. Факултативно најдобро целодневно крстарење околу брегот на Лефкада, плажите Егремни и Порто Кацики (една од најубавите плажи во светот). Потоа бродот плови за Кефалонија и се застанува кај градот Фискардо за посета и кафе пауза. Се продолжува кон островот на Одисеј, Итака. Се влегува во пештерата Papanikolis, каде што се криеле подморниците во втората светска војна. Разглед со крстарење на островите Шкорпиони, на Оназис фамилијата и разгледување на островите Scorpidi Sparti и Maduri. Враќање за Нидри.Ноќевање.

26.05.2019 Недела ДЕН 3: Лефкада – Битола

Можност за индивидуален доручек во некоја од таверните на Лефкада. Слободно време за индивидуални активности.Поаѓање за Битола во 16 часот со попатни паузи.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ПО ЛИЦЕ – 69 ЕВРА

Во цената е вклучено:

* 2 ноќевања во вилите: Спирос, Јонио, Афродити, Џорџ или Порто Фино,

* превоз Битола – Лефкада – Битола со високотуристички автобус,

* организација и водство на аранжманот,

* панорамски разглед на Лефкада.

Во цената не е вклучено:

*целодневно крстарење околу Лефкада и

другите острови на Јонскиот архипелаг – 20 евра.

* патнично осигурување.

Цени на соби за со сопствен превоз:

* DBL – 20 евра / ден,

* TRPL – 25 евра / ден,

* QTRPL – 30 евра / ден.