Кушадаси Хотели

Кушадаси Хотели

КУШАДАСИ – ОСТРОВОТ НА ПТИЦИТЕ

Некогаш малото рибарско место Кушадаси (Островот на птиците), денес претставува еден од најизградените туристички центри на Егејскиот Брег. Топлата гостопримливост, големиот избор на хотели, богатиот и забавен ноќен живот го прават Кушадаси една од најпосакуваните дестинации за одмор. Благата медитеранска клима, за време на летните месеци, Ви нуди можност за релаксиран одмор за време на големите летни горештини. Неговите плажи: градската плажа, Ladies Beach и Long Beach, го олеснуваат вашиот избор за место под сонцето. Изобилство на ресторани, кафетерии, дискотеки, продавници како и двата водени паркови во близина на градот од кои едниот е еден од најголемите во светот, Ви гарантираат незаборавен летен одмор.

Во античко време, на местото на денешен Кушадаси се наоѓал градот Неаполис, кој бил под управа на тогашниот најсилен град на Средоземјето, Ефес.
Современото име градот го добива по полуостровот на излезот од центарот на градот (Остров на гулабите – (Güvercin Adası), кој пред спојувањето со брегот бил остров. Името, всушност е кованица од два збора – птица (kuş) и остров (ada).

Споменатиот полуостров доминира со погледот, ако кон Кушадаси се приоѓа од страна на морето, или ако се прелетува со авион. На полуостровот се наоѓа тврдина, светилник и мала зоолошка градина.
24 километри јужно од Кушадаси се наоѓа национален парк, од кој се пружи поглед кон соседна Грција и островот Самос. Во околината на Кушадаси се и античките градови Ефес (18km) и Дидимa.

Иако развиено летувалиште градот нема сопствен аеродром, туку се користи аеродромот „Аднан Мендерес“ во и „Милас-Бодрум“ во, кои се оддалечени 85 km, односно 120 km. Градот поседува марина (мало пристаниште) и пристаниште за прекуокеански бродови, кои се секојдневни гости на Кушадаси.
Според проценки, Кушадаси има околу 1.000 хотели, пансиони и апартмани од сите категории. Еден од најстарите хотели во градот е „Имбат“, изграден во 1975 година кој се наоѓа на Ladies Beach (Kadınlar Denizi), а може да се види и од центарот на градот.

Доколку сте во Кушадаси, наша препорака е да го посетите античкиот град Ефес, каде се наоѓа и куќата на Богородица, Памуккале  „памучно кале“, кое е природно место што го создала природата  во југозападниот дел на Турција. Местото содржи топли извори и травертини-тераси од карбонатни минерали направени од проточната вода. Исто така мора да крстарите со брод по крајбрежјето во околината на Кушадаси и да ги постетите прекрасните диви плажи на кој што на дел од нив се пристигнува само по воден пат и се дел од природниот национален парк.

 

 

Предлог Хотели во Кушадаси со индивидуален превоз за сезона 2021
Хотели  предлог термин број на ноќи тип на соба услуга цена по лице Early 
Booking 
попуст
HOTEL FAUSTINA KUSADASI 4* 26-01.06.2021 6 1/2 АLL 195 до 30.03.21
HOTEL GRAND EFE KUSADASI 4* 26-01.06.2021 6 1/2 АLL 270 до 30.03.21
ARIA CLAROS BEACH & SPA RESORT 5* 26-01.06.2021 6 1/2 АLL 285 до 30.03.21
TUSAN BEACH RESORT KUSADASI 5* 26-01.06.2021 6 1/2 АLL 300 до 30.03.21
FANTASIA HOTEL DE LUXE KUSADASI 5* 26-01.06.2021 6 1/2 АLL 335 до 30.03.21
RICHMOND EPHESUS RESORT  5* 26-01.06.2021 6 1/2 АLL 345 до 30.03.21
RAMADA RESORT BY WYNDHAM KUSADASI GOLF 5* 26-01.06.2021 6 1/2 АLL 379 до 30.03.21
PALM WINGS BEACH RESORT SPA KUSADASI 5* 26-01.06.2021 6 1/2 АLL 395 /
LE BLEU HOTEL RESORT KUSADASI 5* 26-01.06.2021 6 1/2 АLL 420 /
PALM WINGS EPHESUS HOTEL 5* 26-01.06.2021 6 1/2 АLL 480 /
KORUMAR EPHESUS SPA BEACH 5* 26-01.06.2021 6 1/2 АLL 540 до 30.03.21
AQUA FANTASY AQUAPARK HOTEL 5* 26-01.06.2021 6 1/2 АLL 580 до 30.03.21
INFINITY BY YELKEN AQUAPARK & RESORT 5* 26-01.06.2021 6 1/2 АLL 590 /

Цените се во € се плаќа во денари, 1€ = 62 денари
Легенда:
ALL – All Inclusive ; Се вклучено

Цените се дадени по лице во евра, се однесуваат за одредена дата која е напишана во табелата за 6 ноќи.