КУМБУРГАЗ

КУМБУРГАЗ

Местото Кумбургаз се наоѓа на обалата на Мраморното море и на само 60км од еден од најубавите градови на светот, Истанбул. Местото е идеално за одмор, релаксација благодарение на одличните хотели со врвна услуга, но пред се и песочните плажи долги 8км, бесплатните лежалки и се разбира МОРЕТО!

Поради неверојатната близина, Кумбургаз е омилена викенд дестинација на жителите на Истанбул, кои тука го наоѓаат својот мир од огромниот сообраќаен метеж во градот. Тоа е доволна причина која не примами да ви го доближиме ова место токму вам. Секако нема да Ве оставиме без да уживате во градот на султаните и два континента, па затоа ќе одиме и во Истанбул.

Затоа ве носиме токму тука за Велигден

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 89 евра промо до 31/03/2021, редовна цена 109 евра

бесплатен трансфер од Битола, Прилеп и Велес

Цената на аранжманот вклучува:

  • 3 ноќевања со појадок во хотел 3*
  • Автобуски превоз
  • Посета на Бујукчекмеџе
  • Посета на трговски центар во Едрене
  • Лиценциран пратител за време на патувањето

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Патничко осигурување
  • Факултативна посета на Истанбул (Крстарење по Босфорот, посета на Азија (панорамски разглед, посета на џамијата на Ердоган, Ускудар и местото Кадикој, трговски центар) 60 евра по лице
  • Организирана велигденска вечера – информации дополнително

ТЕРМИН: 29.04 поаѓање – 04.04 враќање

ПРОГРАМА:

ПРВ ДЕН 29.04 четврток

Собир на групата на паркингот на Дрводекор во вечерните часови. Ноќно возење со попатни паузи, царински формалност, презентација на програма и информации околу тоа што ќе ги очекува патниците во наредните денови. 

ВТОР ДЕН 30.04 петок

Пристигнување во утринските часови и сместување во хотелот. Слободно време за одмор и уживање крај Мраморното море. Вечерта во договорено време посета на местото Бујукчекмеџе, кое е во близина на Кумбургаз со слободно време за прошетка и вечера.

Враќање во хотел. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН 01.05 сабота

По појадокот групата се упатува на факултативна посета на градот Истанбул, каде штоследува прекрасното крстарење по Босфорот. 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, каде се снимани и најпознатите сцени од популарните турски серии и знаменитостите одблизу.

Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул со посета на најубавите места во Азија. Ова е фантастична прошетка низ Истанбул, автобуска екскурзија со која се доживува неверојатното искуство со преминување од европската кон азиската страна на Истанбул по еден од мостовите над Босфор со посета на најзначајните места во Азија, кои буквално ќе ви го одземат здивот. Следуваат три прекрасни места во Азија,џамијата на претседателот Ердоган, потоаместото Ускудар, кое нуди неверојатен поглед кон Моминската кула, и на крајот населбата Кадикој, каде ако Таксим е најпопуларен во европската страна, тоа е Кадикој на азиската. Мали, тесни улички, преполни со елитни кафулиња, ресторани, продавници, типично турски, со европски шмек. Место каде ќе имате слободно време да се сплотите со ова место, да прошетате и да се напиете кафе.

По завршувањето на овие посети доколку условите и времето дозволуваат предвидено посета на трговски центар за шопинг.

Враќање во хотел во вечерните часови. Ноќевање.

ЧЕТВРТ ДЕН 02.05 недела

Појадок. Слободно попладне за уживање и прошетка низ Кумбургаз. Вечерта можност за организација на свечена Велигденска вечера во хотелот (доколку условите дозволуваат).

Ноќевање.

ПЕТТИ ДЕН 03.05 понеделник

По појадокот групата се одјавува од хотелот и се упатуваме кон градот Едрене каде ќе има слободно време за прошетка и шопинг.

Поаѓање за Македонија во договорено време и пристигнување во утринските часови на 04.05 вторник.

НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:

Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)

Важни напомени:

–За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 6 месеци пред истек.

–За реализација на патувањето потребен е минимум од 30 патници

–За реализација на факултативата потребно е да бидат пријавени минимум 20 патници

–За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.

–Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.

–За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.

–Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни валидни за најмалку 2 лица во соба.

–Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 5 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.

–За ова патување важат Општите Услови за Патување на Т.А. МИГ Травел.

Патниците се должни самите да внимаваат на валидноста на нивните пасоши. Агенцијата не сносува одговорност доколку настане проблем на самата гранница и не е во обврска да рефундира средства од аранжманот, ниту да обезбедува повратен превоз до Македонија.