КУЌА – ПАНОРАМА – САРТИ

КУЌА – ПАНОРАМА – САРТИ

 

Куќа “Panorama”Сарти

Куќа „Панорама“ е лоцирана на средина помеѓу стариот и новиот дел на Сарти, и е прва линија на море т.е. на самата плажа, покрај шеталиштето. Дел од собите се сместени во сутерен т.е. по 5-6 скали надолу, останатите се на првиот кат и имаат страничен или директен, отворен поглед кон море и кон прекрасниот Атос. Во понудата нема пешкири. Забелешка е дека сите студија и апартмани се опремени со стар мебел (ве молиме да се информирате за сите детали) и комплетно опремени мали кујни, сопствен тоалет, ТВ, клима и интернет вклучени во цената.

Сезонски цени

Термин Ноќевања 1/2 студио сутерен 1/2 студио море 1/3 студио
стр. море
1/3 студио
поглед море
1/4 апартман сутерен 1/5 апартман поглед скали 1/5 апартман странично море
7.7-16.7 9 410 540 575 625 575 645 685
16.7-25.7 9 425 575 635 685 635 705 745
25.7-3.8 9 425 575 635 685 635 705 745
3.8-12.8 9 425 575 635 685 635 705 745
12.8-21.8 9 425 575 635 685 635 705 745
21.8-30.8 9 400 530 565 615 565 635 675

Вонсезонски цени

Термин Ноќевања 1 и 2 лице 3 и 4 лице
30.8-6.9 7 169 35
6.9-13.9 7 149 35
13.9-20.9 7 119 35
20.9-1.10 10 99 35

 

Напомени и услови:

Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари, по курс 1 евро = 62 мкд.

Вонсезонските цени се дадени (објавени) по лице за 7 или 10 ноќевања со вклучен автобуски превоз. Плаќаат најмалку две лица. За патниците кои нема да го користат превозот од цената се одбива 20 евра од целосната-вкупната сума

Сезонските цени се дадени (објавени) за наем на цело студио или апартман за 9 ноќевања, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
За возрасни 2.480 мкд. (40 евра)
За деца до 12 години 1.550 мкд. (25 евра)
Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште

Тргнувањето од Скопје е во 3 часот наутро (на паркингот спроти хотел „Холидеј ин“) а состанок на групата е во 2:30 минути. Тргнувањето од Грција е од место и време кои се договараат со придружникот-пратител на групата.

Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.

За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот. Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.

При резервирање на одбраниот објект, ве молиме да приложите копии од пасоши на сите патници кои ќе престојуваат во истиот.

Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.

Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.

Единствено е дозволено сместување на едно дете до 2,99 години над бројот на кревети во секое студио или апартман 

За информациите добиени од вработените на т.а. „Миг Травел“, агенцијата-организатор ја презема целосната одговорност кон странките-патници за време на аранжманот, за кои било други форми и извори на информации околу и за капацитетите, не може и нема да преземе одговорност.

Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот. 

Клиентите кои не користат огранизиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација (координати и контакт) на сместувачките капацитети во нашите канцеларии. 

За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.

Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.

т.а. „Миг Травел“ не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.

Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.

Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „Миг Травел“ и на самата агенција.