КСАМИЛ – Св.Кирил и Методиј

КСАМИЛ – Св.Кирил и Методиј

Св.Кирил и Методиј – Ксамил

ЦЕНА НА АРНАЖМАНОТ – 59 евра по лице

бесплатен трансфер од Битола

СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА

 

Ксaмил е место со прекрасни егзотични плажи и величенствено тиркизно море на ривиерата на Јужна Албанија. Затоа, ставете го Ксамил во прв план за вашиот следен одмор и нема да зажалите бидејќи ќе уживате во одлична храна, долги сончеви денови, пливање и рибарење … и сето тоа за разумна цена, за разлика од другите познати туристички места.

 

ПРОГРАМА:

1 ден – четврток (20.05.2021)

Состанок на групата на Дрводекор во 21:30 часот, поаѓање во 22:00.
Ноќно возење преку граничниот премин Ќафасан со попатни паузи за одмор и царински формалности.

 

2 ден – петок (21.05.2021)

Пристигнување во Албанија во утринските часови. Сместување во вилaта Луна во Ксамил. Слободно индивидуално време за одмор или прошетка во Ксамил. Ноќевање.

 

3 ден – сабота (22.05.2021)

Третиот ден е предвиден за факултативна посета на националниот парк Бутринт и градот Саранда. Бутринт е национален парк во јужниот дел од Албанија, оддалечен 18 километри од градот Саранда, во регионот на Валона. Паркот зазема површина од 94.244 км2 и се простира на ридест терен, со бројни езера, мочуришта, ливади, солено песокливо земјиште и острови. Во овој богат геоеколошки систем живеат преку 1200 растителни и животински видови. Под заштита и управа на националниот парк Бутринт влегуваат и сите езера и лагуни.

По посетата на Бутринт, се упатуваме кон Саранда, град сместен покрај брегот на Јонското Море. Претставува еден од најважните туристички центри тука, исполнето со многубројни кафулиња, ресторани и продавнички. Враќање во вилата и ноќевање.

 

4 ден – недела (23.05.2021)

Слободно индивидуално време за прошетка по песочните плажи на Јонското Море. Ноќевање.

 

5ден – понеделник (24.05.2021)

Одјавување од вилите во утринските часови. Време предвидено за индивидуална прошетка, шопинг. Тргнување за Скопје во 14:00 часот. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

 

Опис на вила Луна – се наоѓа во Ксамил на 70м од плажата Бела Виста, на 200м од центарот на градот. Вилата располага со четворокреветни студија со капацитет до 4 лица и апартман за 6 лица. Вилата има и вифи но агенцијата не гарантира за квалитетот на истото. *Климата е вклучена во цената.

 

Важни напомени:

-Цена за со сопствен превоз 49 евра по лице
-За single соба се доплаќа 50% дополнително од аранжманот
-Трето и Четврто возрасено лице плаќа 50 евра (сместување во ¼ студио)
-Деца до 2г бесплатно (не користат седиште)
-Деца од 2 до 12г со 2 возрасни плаќаат 45 евра

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

-3 ноќевања во вила Луна во Ксамил
-Превоз со високотуристички автобус
-Бесплатен трансфер од Битола, Ресен и Охрид (до граничен премин Ќафасан)
-Лиценциран пратител во текот на целото патување
-Организација и реализацијa на аранжманот

 

Во цената не е вклучено:

Патничко сигурување
Факултативна посета на Саранда и националниот парк Бутринт 10 евра по лице
Туристичка такса 1 евро од ноќевање (се плаќа во автобус)

 

Напомена:

Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни соби валидни за најмалку 2 лица во соба.
За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош најмалку 3 месеци пред истек, или валидна лична карта.
За влез во Албанија не е потребен PCR тест, ниту тест за антитела.
За реализација на патувањето потребен е минимум од 30 патници.
Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
За реализација на факултативата потребно е да бидат пријавени минимум 15 патници.
За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
Доколку сме спречени да ја реализираме турата поради ситуацијата со која се соочуваме, уплатените средства ќе бидат рефундирани.
За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.
За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.
Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 5 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
За ова патување важат Општите Услови за Патување на ЈК Травел и МИГ ТРАВЕЛ

 

 

GPS:39°46’01.3″N 19°59’53.4″E