Краков – Будимпешта
13.04.2023 (Четврток) Битола -Скопје- Куманово-Србија-Унгарија-Полска
Поаѓање во 08:00 часот од Битола (паркинг на Спортска сала) за Краков, Полска. Патот води преку Скопје (11:00 часот), Куманово, граничен премин Табановце, Р.Србија, Унгарија. Дневно и ноќно возење со попатни одмори, царински формалности. Продолжување кон Краков.
14.04.2023 (Петок) Разглед на Краков
Планирано пристигнување околу пладне.
По пристигнувањето сместување во хотелот. Слободно време за одмор. Во договорено време поаѓање со локален водич на пешачка тура со локален водич, посета на Вафел- кралскиот дворец каде што се вршеле свечените церемонии при крунисувањето на кралевите, прошетка по Кралскиот пат до самиот центар на градот, разглед на најголемиот средновековен плоштад R ynek Glowny, на кој се наоѓа споменикот на Адам Мицкјевич (најголемиот полски поет), разглед на Црквата СВ Марија. Прошетката се продолжува по Флоријанската улица која завршува со Флоријанската капија и Барбаканот. Слободно време за прошетка и вечера. Во договорено време враќање во хотелот. Ноќевање.
15.04.2023 (Сабота) Краков – Аушвиц
Појадок. По завршување на појадокот, поаѓање на факултативен излет до Аушвиц – концентрационен логор од Втората Светска Војна, кој од 1979 год. Се наоѓа на листата на светски наследства на УНЕСКО. Следи посета и на концентрационот логор Биркенау, во кој е сниман познатиот филм ,,Шиндлеровата листа”. По завршување на разгледот враќање во Краков.
Патиците што нема да доаѓаат на факултативен разглед, слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
16.04.2023 (Недела) Краков – Вјеличка (Музеј на сол) – Будимпешта
Појадок. Слободно време за индивидуални активности или факултативен разглед.
Во договорено време поаѓање кон рудникот на солта Вјеличка (Wieliczka) кој се наоѓа на првата листа на Унеско. Рудникот изгледа толку нереално што ќе се чувствувате како да сте во некоја бајка, која нема врска со рудници или пак сол. Историјата на рудникот за сол датира од средниот век, кога порано се нарекувал Магнум Сал или Голема сол. Во 13 век, тој бил најголемиот извор на сол во земјата, што било клучно за економијата на земјата. Денес, тој е една од главните туристички атракции во Полска.
Рудникот лежи на девет нивоа, скриени под градот, рудникот стига и до длабочина од 327 метри. Неговото подземје се состои од 300 км тунели и околу 3000 простории најимпресивни се капелите кој ги изградиле самите рудари во кој и ден денес се одржуваат миси. Во договорено време поѓање кон хотелот.
По завршување на разгледот, поаѓање кон Будимпешта.
Пристигнување во Будимпешта во вечерните часови. Сместување во хотел. Ноќевање.
17.04.2023 (Понеделник) Будимпешта – Македонија
Појадок. Одјавување од хотелот. Во договорено време поаѓање на организиран разглед на Будимпешта град со околу 2 милиони жители, административен, културен, научен, трговски и сообраќаен центар на Унгарија. Следува Панорамски разглед на градот: Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Андраши, Ракочи, Ваци… Парламентот, црквата Св.Стефан, мостовите на Дунав, Будим – Цитаделата, Кралската палата, црквата на кралот Матејас, Рибарската тврдина, како и Плоштадот на Хероите – еден од симболите на Будимпешта, изграден 1896 г.за цереминијата по повод 1000 г. Унгарска држава, овде стојат 14 бронзани статуи.
По завршување на разгледот, слободно време за индидуална прошетка….
Во договорено време поѓање кон Македонија. Ноќно возење со попатни одмори.
18.04.2023 (Вторник) Македонија
Планирано пристигнување во утринските часови.
Крај на програмата.
Редовна цена 269 €
За уплата до 01.03.2023 / промо цена / 249 €
Цената е по лице во двокреветна соба
Доплата за еднокреветна соба 85 €
Услови на плаќање:
Во денари, во готово во агенцијата, со фактура или со платежна картичка
Во цената Е вклучено:
Превоз со туристички автобус (клима, тв, видео) на наведената релација
Сместување во хотел во Краков (2 ноќевања со појадок)
Сместување во хотел во Будимпешта (1 ноќевање со појадок)
Разглед на Краков со локален водич
Разлгед на Будимпешта со локален водич
Организација на патувањето со придружник за време на целото патувањe
Во цената на аранжманот НЕ Е вклучено:
Факултативните излети и посети,
Влезници за посета други културно-историските споменици;
Посета на Аушвиц 25 € по лице (15.04.2023)
(превоз+влезница+пратител – минимум 25 пријавени патници)
Посета на рудникот на солта Вјеличка (Wieliczka) 35€ по лице (16.04.2023)
(превоз+влезница+пратител – минимум 25 пријавени патници)
Патничкото осигурување (околу 250 ден. – по лице);
Личен трошок на патникот
За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 платежни патници,
во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 7 дена пред датумот на поаѓање.
Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
Факултативи
Факултативно посета на Аушвиц 25 € по лице (15.04.2023)
(превоз + влезница + пратител – минимум 25 пријавени патници)
Факулативно посета на рудникот на солта Вјеличка (Wieliczka) 35€ по лице (16.04.2023)
(превоз + влезница + пратител – минимум 25 пријавени патници)
Концентрационен логор Аушвиц
Концентрационен логор – АУШВИЦ ( историско светска атракција )
На околу 50 километри западно од Краков се наоѓа малиот град Освјенчим кој после германската окупација на Полска во септември 1939, бил приклучен на Гераманија и името му било променето во Аушвиц. Ова место би паднало во заборав да не била нацистичката одлука да во овој дел се изгради концетрационен логор Аушвиц – Биркенау (подоцна и логор на смрта). Тука масовно се носеле Евреи и припадници на други малцински групи, кои се убивале на најсуров начин. Во логорот вкупно се депортирани 1,3 милион луѓе од различни делови на Европа. Од тој број, тука биле убиени 1,1 милион, од кои околу милион биле Евреи. Најголем дел од жртвите биле убиени веднаш во гасните комори на Аушвиц II. Другиот дел од затворениците умреле поради систематското гладување, принудната работа, неконтролираните епидемии, стрелање и во медицински експерименти. После Втората светска војна, местото е преправено во музеј и прима преку милион посетители во текот на годината. Излетот трае три саати и вклучува посета на двата логора, Аушвиц I и Аушвиц II – Брикенау. Излетот на логорот е неизбежен дел при посетата на Краков..
Рудник за сол Вјеличка
Рудникот на сол – ВЈЕЛИЧКА (најпосетен локалитет во Полска)
Една од најзначајните туристички атракции кои можете да ги посетите во Полска е Рудникот на солта – Vjelichka. Овој рудник е најстариот активен рудник во светот и е вистинско ремек дело кое од 1978 е под заштита на УНЕСКО. Рудникот е поделен на девет нивоа кои достигнуваат длабочина и до 327 метри и се поврзани со ходници меѓу себе.
Цел овој подземен лавиринт лежи под градот Вјеличка.
Во рудникот се наоѓа најстариот музеј на рударството каде се изложени алати и опрема кои рударите ги користеле во текот на историјата.
Во самиот рудник се сместени и голем број кафетерии каде можете да уживате во шолја чај или кафе. Исто така во внатрешноста на рудникот се одржуваат и многубројни културни и спортски настани па дури и миси во катедралите.
Без здив ќе ве остават скулптурите и лустерите направени од сол. Но сигурно не помисливте дека на 104 метри под земја можете да наидете на две прекрасни езера каде ќе уживате во прекрасните звуци. До сега овој рудник е посетен од повеќе од 40 милиони туристи од целиот свет.
Краков
Краков претставува стара полска престолнина, кој слободно можеме да го наречеме и „град музеј“. Стариот град на Краков се наоѓа во листата на светските културни наследства на УНЕСКО. Името Краков, или како што Полјаците го викаат – Кракув (изворно Kraków), потекнува од легендарниот полски принц Кракус (се сретнува и како Крак и Гракх) кој го основал градот Овој град секоја година го посетуваат помеѓу три и четири милиони туристи. Во Краков живеат 750.000 луѓе, а од тој број околу 200.000 се студенти, што го прави еден од најголемите студентски градови во Европа.
Услови
Напомена :
За патувањето во ЕУ патникот треба да поседува важечки пасош со важност од минимум 6 месеци од датата на завршувањето на аранжманот. Патникот е лично одговорен за исправноста и важноста на својот пасош, организаторот на патувањето не е овластен и не ја цени исправноста на патните и други исправи.
Организаторот на патувањето го задржува правото да во случај на измена на цената на превозот, измена на девизниот курс, недоволен број на пријавени патници и слично, ја промени цената на патувањето. Во рамките на разгледувањето на градовите или локалитетите наведени во програмата, не се предвидени посети ниту обиколка на ентериери, јавни градби, институции и споменици на културата, освен кога тоа е посебно назначено. (во програмата)
За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 35 платежни патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 7 дена пред датумот на поаѓање.
Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
Аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд.
При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот – аванс.
Остатокот од аранжманот се доплатува на 10 дена пред поаѓање.
Факултативите се плаќаат во Полска.
Важат општите услови на ТА. ТУРИСТ И ТА. МИГ ТРАВЕЛ