УЛ.ПЕЦЕ МАТИЧЕВСКИ БР.15, 7000 БИТОЛА  + 389 47 512 512  + 389 76 296 296       info@migtravel.mk

КАРНЕВАЛ ПОД МАСКИ ВО ВЕНЕЦИЈА ВАЛЕНТАЈН

You are currently viewing КАРНЕВАЛ ПОД МАСКИ ВО ВЕНЕЦИЈА ВАЛЕНТАЈН

Програма

1
ДЕН 1: СРЕДА 15.02.2023 СКОПЈЕ-ТРСТ
    Состанок на групата на Дрводекор во 13:30 часот. Поаѓање за Верона во 14:00 часот. Патуваме преку граничниот премин Табановце. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2
ДЕН 2: ЧЕТВРТОК 16.02.2023 ТРСТ-ПАЛМАНОВА-ВЕНЕТО
    Пристигнување во Трст во претпладневните часови. Следува разглед на градот: каналот Гранде, Сан Антонио Нуово, Понте Росо, Српската православна црква Св. Спиридон, плоштадот Обединување на Италија. По разгледот слободно време. Во договорено време, патувањето го продолжуваме кон еден од најголемите шопинг центри во Италија – Palmanova Outlet Village, каде што ќе најдете продавници како Adidas, Calvin Klein, Calzedonia – Intimissimi, Desigual, Gap, Guess, Kappa, Kiko, Levi’s, Marc O’Polo, Nike Factory Store, Puma, Tommy Hilfiger, United Colors of Benetton и уште многу други брендови. Слободно време за шопинг околу 2 часа. По шопингот, поаѓање за Лидо ди Јесоло или околината на регијата Венето. Сместување во хотел. Ноќевање.
3
ДЕН 3: ПЕТОК 17.02.2023 ВЕРОНА-ПАДОВА
    Појадок. По појадокот, следува целодневен факултативен излет во Верона и Падова. Најпрво се упатуваме кон Верона – градот на Ромео и Јулија. Разгледот започнува на плоштадот Бра каде се наоѓа надалеку познатата Арена, потоа следи прошетка по познатата улица Mazzini која низ центарот на градот води директно до плоштадот Ербе. Разглед на плоштадот “Dei Signori” каде се наоѓа статуата на Данте, а потоа се упатуваме во дворот на куќата на Јулија каде ќе можете да се фотографирате со статуата на Јулија. Слободно време. Патувањето го продолжуваме кон Падова. Разлед на градот: Плоштадот Prato de la Vale, базиликата Св. Антонио, зградата на универзитот, плоштадот Kavur, плоштадот Della Fruta и DelleErbe, најстариот кафич Perdoki. Слободно време. Враќање во хотел. Ноќевање.
4
ДЕН 4: САБОТА 18.02.2023 ВЕНЕЦИЈА-МАКЕДОНИЈА
    По појадокот, одјавување од хотелот и трансфер до пристаништето “Пунта Сабиони”. Превоз со брод (околку половина час) по венецијанските канали до историскиот дел на Венеција (факултативна посета 30 евра). Следува разглед на градот со вистинско доживување на Венеција за за време на карневалот под маски: плоштадот и црквата Св.Марко, Мостот на воздишките, Дуждевата палата, Прокуратите, Мостот Риалто, Каналот Гранде… Слободно време за индивидуални активности и уживање карневалските свечености. Во договорено време враќање со бродот до Пунта Сабиони и поаѓање за Скопје, преку Словенија, Хрватска, Србија. Пристигнување во Скопје во претпладневните часови на 19.02.2023 (недела).

ПРОМО ЦЕНА: 139 ЕВРА / 8618 ден. ДО 25.01.2023
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 169 ЕВРА / 10478 ден.

Во цената на аранжманот е вклучено:

– 2 ноќевања со појадок во хотел 3* во регијата Венето 
– Автобуски превоз на наведената релација
– Посета на Трст и шопинг центарот Палманова
– Организација на аранжманот и туристички придружник во текот на целото патување

 Во цената на аранжманот не е вклучено:

– Превоз со брод од Пунта Сабиони до Венецијa и разглед со водич (30 €)
– Факултативна посета на Верона и Падова со водич (40 €)
– Задолжителна доплата за туристичка такса 2.5 евра по лице по ноќевање
– Трансфер од: Битола, Прилеп, Кавадарци (црна река), Штип со доплата од 15€, Велес – доплата од 10€ по лице во два правци
– Патничко осигурување (5 €)
СПЕЦИЈАЛЕН ПАКЕТ со сите вклучени факултативи 65 евра по лице (со резервација во агенција)

НАПОМЕНА:

– За реализација на аранжманот, потребен е миниум од 40 патници.
– За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
– Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 15 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
– Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
– За овој аранжман важат општите услови на патување на Идеал Травел И Т.А МИГ ТРАВЕЛ 

%d bloggers like this: