СКОПЈЕ- ИСТАНБУЛ- АНКАРА-СОЛЕНО ЕЗЕРО-УРГУП-МУСТАФА ПАША (КАПАДОКИЈА)-КОЊА-ПАМУККАЛЕ-ЕФЕС-КУШАДАСИ-ТРОЈА-ЧАНАККАЛЕ-СКОПЈЕ
03.03-12.03.2022
Прв ден. СКОПЈЕ-ИСТАНБУЛ
Состанок 17.00 часот на однапред договорено место. Заминување на групата во 17:30 часот. Ноќно возење преку Бугарија со попатни застанувања -паузи.
Втор ден. ИСТАНБУЛ Пристигнување на групата во раните утрински часови. Панорамско разгледување на градот со локален туристички водич. Попладнето сместување во хотел. Слободно време за факултативни и индивидуални прошетки и шопинг. Ноќевање.
Трети ден. ИСТАНБУЛ – АНКАРА
По појадокот крстарење со брод по Босфор (факултативно), каде ја имате единствената можност да ги видите палатите изградени од двете страни на Босфорот. По крстарењето упатување на групата за Анкара. Панорамски разглед на Анкара со локален туристички водич и посета на Музејот на Анадолските цивилизации и Мавзолејот на Ататурк-основачот на Современа Турција. Потоа сместување во хотел. Ноќевање.
Четврти ден. АНКАРА– СОЛЕНО ЕЗЕРО –АКСАРАЈ – КАПАДОКИЈА
Појадок. По појадокот заминување на групата кон Кападокија и попатно разглед на солените езера и Аксарај. Попладнето Пристигнување во Кападокија. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.
Петти ден. КАПАДОКИЈА Ѓореме, Аванос, Дервент……. Ноќевање.
Шести ден. КАПАДОКИЈА Летање со балон, Угруп, долина на гулабите…… Ноќевање.
Седми ден. КАПАДОКИЈА – КОЊА – ПАМУККАЛЕ
Појадок. По појадокот упатување на групата кон Памуккале. Попатно посета на Коња. Пристигнување во Памуккале во вечерните часови. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.
Осми ден. ПАМУКАЛЕ-ЕФЕС- КУШАДАСИ
Појадок. По појадокот, турнеја низ античката Хиераполис: Некропола, Амфитеатар, Храмот на Аполо, бањата на Клеопатра … Уживање во памукалето – тврдината на памук – уникатно чудо на природата со травертини формирано од таложење на варовник и калциум термичка вода од 37°C. Попладнето упатување на групата кон Ефес. Разглед на античкиот град Ефес и домот на Св.Марија (факултативно влезници). Пристигнување во Кушадаси. Ноќевање.
Девети ден. КУШАДАСИ – ТРОЈА – ЧАНАККАЛЕ
Појадок. По појадокот упатување на групата кон Троја и Чанаккале. Разгелед на Троја и Чанаккале. Попладнето упатување на групата кон Македонија.
Десетти ден. СКОПЈЕ
Пристигнување во Македонија во утринските часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:
Редовна цена 19.840 денари (320 €)
ПРОМО ЦЕНА ДО 20.02.2022 – 17.670 денари (285 €)
Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:
- Превоз на наведената релација со туристички автобус
- Едно ноќевање со појадок во хотел со 3 *** во Истанбул
- Едно ноќевање со појадок во хотел со 3 *** во Анкара
- Три полупансиони ( појадок и вечера) во хотел со 4 *** во Кападокија
- Едно ноќевање со појадок во хотел со 3 *** во Памуккале
- Едно ноќевање со појадок во хотел со 3 *** во Кушадаси
- Лиценциран туристички водич за време на целото патување,
- Локален туристички водич во Анкара,Кападокија и Истанбул
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Во цената не се вклучени следните услуги:
- Посета на Музејот на Анадолските цивилизации во Анкара-6 €
- Посета на Музејот на отворено-Ѓореме во Кападокија-8 €
- Посета на Тврдината Учхисар-2 €, Посета на Долината Зелве-5 €
- Ефес-10 €, куќата на Света Марија-10 € , Пергамон-10 €
- Турска вечер во Кападокија со богата музичка програма -40€
- Ексклузивна можност за летање со балон над Кападокија 45 минути околу 90-150 €
- Крстарење со брод по Босфор-20 €, Долмабахче-30 €
- Патничко осигурување 400,00 ден.
Попусти за деца:
- Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
- Деца од 3 до 12 години 30% попуст
НАПОМЕНА:
ЗА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ: ТРОЈА****ЕФЕС И КУЌАТА НА СВЕТА МАРИЈА** УПЛАТА- 10 дена пред поагање на групата. Другите факултативни излети ќе може да се букираат-уплаќаат попатно кај водичот-пратителот на групата.
ЗА СЕКОЈ ФАКУЛТАТИВЕН ИЗЛЕТ-ПОСЕТА НА ЗНАМЕНИТОСТИ ПОТРЕБНО Е МИНИМУМ …..20 лица-уплати за реализација.
НАПОМЕНА : За реализација на овој аранжман – потребен е минимум од 40 патници. За евентуален отказ на овој аранжман – патниците ќе бидат известени најкасно 5 дена пред денот на поаѓање.
- Патувањето се одвива според новите пропишани протоколи за работа со туристички групи.
- Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки за однесување во автобус од страна на организаторот.
- Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
- Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
-За влез во Турција, пасошот треба да важи минимум 6 месеци од денот на враќање, во спротивно можно е патникот да не биде пуштен на територијата на Република Турција. Агенцијата не сноси одговорност доколку настане проблем на самата граница и не е во обврска да рефундира средства од аранжманот, ниту да обезбедува повратен превоз до Македонија.
-Агенцијата го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата (застој во сообраќај, локални штрајкови, локали предупредувања, каснење на патници, непочитување на сатница закажана однапред од страна на агенцијата. Во согласност со одредбите на Законот за туристичка дејност, за ова патување важат и се применуваат Општите услови за патување на Т.А. Го Травел и Т.А. МИГ ТРАВЕЛ
-Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари