КАПАДОКИЈА 23ти ОКТОМВРИ

КАПАДОКИЈА 23ти ОКТОМВРИ

ПРАЗНИЧНО ОКТОМВРИСКО ПАТУВАЊЕ
КАПАДОКИЈА – Колевка на Христијанството

Авионска програма со 3 ноќевања (22.10 – 25.10.2020)


1 ден 22.10.2020 Скопје – Истанбул – Кајсери Состанок на групата на аеродром Skopje International Airport во 08:00 ч. (3 часа пред лет). Лет до Кајсери со меѓуслетување во Истанбул. Слетување во Кајсери во 17:50 ч. по локално време. Трансфер од аеродром до хотел. Сместување во хотел со 3*. Ноќевање.

2 ден 23.10.2020 Појадок во хотел. Заминување на разглед на регионот Кападокија – вулканска област во која геолошката формација започнала пред 10 милиони години. Прекрасната “земја на убави коњи” Katpatuka (според старото Персиско име) е неверојатна земја, волшебна и мистериозна. Кападокискиот регион е исто така познат и по своите уметности, вклучувајќи рачно изработени керамички производи, рачно ткаени теписи како и производство на високо квалитетни вина. Нашата ’’Црвена тура’’ започнува со замокот Учхисар, највисоката точка на Кападокија. Потоа, се упатуваме кон музејот на отворено -Ѓореме, срцето на Кападокија. Музејот е познат по фреските што датираат од 9-ти и 10-ти век, опишувајќи го животот на Исус Христос и монасите. Посетата на овој музеј на отворено е од големо значење за секој Христијанин. Сите цркви тука се изградени во карпи и датираат од 10-ти, 11-ти и 12-ти век а најдобро сочувани фрески се во црквата на Св.Василиј Велики. Следна станица е Cavusin, напуштено село со стари пештери и грчки куќи. Пауза за ручек во ресторан. Посета на продавница за грнчарство со можност да се понесе прекрасен рачно изработен сувенир. Пауза за разглед на Pasabagi – долината на монасите, една од највпечатливите области. Следува посета на Деврент долината – долина на имагинацијата со безброј природни камени формации налик на животни. Посета на локална работилница за рачно ткаени теписи каде ќе се види нивната изработка и кратка пауза за дегустација на локални вина од една од најстарите винарии во Кападокија. Вечерта враќање во хотел. Вечера и ноќевање.

3 ден 24.05.2019 Појадок во хотелот. Пред да заминеме на денешната “ зелена“ авантура ќе застанеме над Ѓореме за да ја видиме и овековечиме панорамата над градчето. Заминување кон подземниот град Деринкују, еден од најдобро зачуваните и најдлабоки подземни градови во Кападокија, 55 метри длабок и 8 ката отворени за посетители. Потоа следува посета на долината Ихлара – кањон долг 16 км чии две страни се наредени со карпести цркви. Овој поход трае околу 2,5 километри со можност за кратка пауза за освежување во автентична кафетерија – чајџилница. Пауза за ручек во селото Белисирма, покрај реката Melendis, можност за вкусување на свежа пастрмка на жар . По ручекот ќе го посетиме манастирот Селиме, издлабен во карпите од страна на христијански монаси во 13-от век. Манастирот претставува една од најфасцинантните културни атракции за кој експертите велат дека требало 200 години време за да биде завршен т.е. издлабен во карпите. Манастирот е најголемата религиозна градба во областа Кападокија а црквата во самиот манастир има катедрални димензии. На патот назад кон хотелот ќе застанеме во Долината на гулабите со кратка пауза за разглед и фотографирање. Вечера и ноќевање.

4 ден 25.10.2020 Појадок во хотел и одјавување од собите. Трансфер до аеродром во Кајсери. Авионот полетува во 10:20 ч. локално време. Слетување во Скопје во 17:30 ч. локално време со меѓуслетување во Истанбул.

ЦЕНА ПО ЛИЦЕ 539 € (33.400 денари)

 

Во цената се вклучени следниве услуги
Авио билет на релација Скопје-Истанбул-Кајсери-Истанбул-Скопје
Аеродромски такси
3 ноќи во хотел со 3* во Ѓореме/Аванос/Невшехир на база појадок и вечера
2 целодневни тури опишани во програмата
2 организирани ручеци за време на разгледите во Кападокија (еден во близина на Ѓореме а другиот во Белисирма, покрај реката Мелендис, пијалокот не е вклучен)
Багаж од 20 кг по лице како и рачен багаж до 8 кг
Трансфер од аеродром во Кајсери до хотел и назад
Професионален локален водич и претставник од агенција
Сите влезници во музеите и местата од интерес.


Во цената не се вклучени следниве услуги:

Задолжително патничко осигурување (информации во агенцијата)

индивидуални трошоци


НАПОМЕНА: калкулацијата е правена на минимум пријавени 18 патници. Во случај на помал број патници цената на аранжманот подлежи на промена. За резервација задолжителна уплата на аванс од 50% од вкупниот износ. Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето.

 

ОПИС И ЦЕНИ НА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ:
Танцот на Дервишите или Сема – ова е религиозна церемонија инспирирана од познатиот турски мистик, мудрец и поет Селаледин Мухамед со прекар Мевлана и Руми (Мевлана – со значење “наш господар“ а Руми – со значење земјата Рум-Анадолија,). Мистичното патување Сема е асоцијација на совршенството, зрелоста и љубовта кон сите вери, раси и нации. Шоуто трае околу 45 минути и не вклучува никаква консумација на пијалок и храна (религиозни причини)

Лет со балон над Кападокија – уникатно, незаборавно доживување, кулминација на целата екскурзија, ке го доживеете изгрејсонцето над Кападокија од 600-800 м.височина. Екскурзијата започнува со трансфер од хотелот до местото на полетување околу 06:00 часот, лесна утринска закуска со чај и кафе додека балоните се надувуваат, лет од еден час во корпи со средна големина а по слетувањето следува церемонија со шампањ. Секој патник добива персонализиран сертификат како личен сувенир. Реализацијата на оваа факултативна екскурзија се договара на лице место бидејки зависи од временските услови и брзината на ветровите, а дополнително влијание има и ситуацијата со КОВИД 19, излетот ќе биде предложен уште следното утро од престојот.