КАЛИТЕА

You are currently viewing КАЛИТЕА

ВЕЛИГДЕН – КАЛИТЕА

 

КАЛИТЕА е идеално место за патници кои сакаат да уживаат во кристално чистата вода и белиот песок на плажата која скоро секоја година е наградувана со плаво знаменце. Калитеа сместена во прекрасната околина опкружена со борови дрва Ви овозможува да уживате во многубројните таверни, кафе барови, бутици, дискотеки и ноќни клубови кои ги привлекуваат туристите од сите околни места со што се вбројува во еден од најзабавните градови на Халкидики.

 

Период: 22.04-25.04.2022 – 3 Ноќевања
Програма на патувањето:

 

22.04.2022– Петок – Собир на групата во 06:00 h на Дрводекор во Скопје, или спортска сала Битола, поаѓање према Калитеа, пристигање и сместување во избраната вила. Слободно време. Ноќевање.

 

23.04.2022– Сабота – Факултативно крстарење од Пефкохори до Ситонија. По завршување на крстарењето слободно време за прошетека и индивидулни активности во Пефкохори, заминување према Калитеа. Собир на групата во вечерните часови и посета на локалната црква во Калитеа.

 

24.04.2022– Недела – Постена на Афитос, враќање во Калитеа. Слободно време за индивидуални активности.

 

25.04.2022– Понеделник – Собир на групата во 14:00 h, поаѓање према Македонија.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ

Вила Попис      Вила Аммос
69 Евра по лице    69 Евра по лице

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА :

·        -Автобуски превоз на горе наведената релација,

·        -3 ноќевања во апартманско сместување

·        -Организација, водство и реализација на аранжманот.

·        -3 то и 4 то лице – 62 Евра

·        -дете од 2-5,99год – 45еур , дете од 6-11,99год – 62еур

·        -Организиран превоз од: Скопје, Велес, Битола, Прилеп, Штип (10еур транфер).

 

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

Патничко осигурување.

Факултативните излети и посети.

Факултативно крстарење (цена дополнително ќе биде објавена)

 

 

НАПОМЕНА:

·        За еднокреветна соба се доплаќа 30 евра дополнително од аранжманот

 

НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:

Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не се можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)

 

УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:

·        Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.

ВАЖНА НАПОМЕНА: Патувањето се одвива според новите пропишани протоколи за работа со туристички групи. За ова патување е потребен брз тест или пцр тест, или доказ за прележан вирус со важност од 180дена или целосна вакцинација (не постара од 9 месеци од последната вакцина) или бустер доза. Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки за однесување во автобус од страна на организаторот.

 

·        Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.

·        Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.

·        Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.

·        Патниците кои имаат за цел да посетат одредени институции, ги советуваме преку интернет да се информираат за работното време и дали е потребна резервација за термин.

·        Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување.

·        Се предупредуваат патниците дека поради почитување на часовите предвидени во програмата за патување, не постои можност за задржување на граница поради регулирање на повраток на средства од TAX FREE.

·        Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на Советот на Министри во ЕУ.

·        ВАЖНО: Агенцијата не сносува одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ.

·        Патниците кои не се државјани на Македонија се обврзани самите да се запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и преку земјите кои се поминуваат при патувањето.

·        Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешно пријавени податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби.

·        Патниците се должни самите да внимаваат на валидноста на нивните пасоши. За влез во Грција, пасошот треба да е минимум до 3 месеци пред истекување, во спротивно можно е да не биде пуштен на територијата на Република Грција. Агенцијата не сносува одговорност доколку настане проблем на самата гранница и не е во обврска да рефундира средства од аранжманот, ниту да обезбедува повратен превоз до Македонија.

·        Ги замолуваме патниците да достават копија од пасошот при резервација на аранжманот и телефонски број.

·        Пограничните служби при пасошката контрола можно е да побараат од некои патници да покажат парични средства (картички или готовина), како и меѓународно патничко осигурување.

·        Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.

·        Во апартманите се влегува на првиот ден од престојот од 14часот. Секоја соба има тоалет и туш. Описот на апартманите е информативен и превземен од веб страницата на истиот. За евентуална отстапка од квалитетот на услугата, организаторот не сносува одговорност, бидејќи тоа зависи исклучиво од категоријата на апартманите.

·        Должината на слободното време за индивидуални активности за време на програмата зависи од објективните околности.

·        За сите информации дадени по усмен пат, агенцијата не сносува одговорност.
Потписниците на договорот за патување се должни да ги информираат нивните сопатници со програмата, условите на плаќање и Општите услови на патување.
Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.

·        Организаторот не може да влијае на сместувањето во Апартманите. Распределбата на собите се врши при резервација.

·        Поради светската економска криза можно е да дојде до опаѓање на квалитетот на сервисот во апартманската услуга, на што агенцијата организатор нема влијание.
ЈК Travel не учествува во организацијата на слободното време на патниците на местото, и нема влијание за реализацијата на факултативните излети кои се во организација на тур операторот во државата.

·        Ценовникот е направен според локалната категоризација и класификација на хотелот на земјата која се посетува.

·        Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упаствата и напомените, организаторот на патувањето не сносува одговорност, туку целокупниот износ на штетата ги сносува патникот.

·        Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради непредвидени околности)

·        ВАЖНО: Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.

 

·        Во случај да дојде до промена на монетарниот пазар или недоволен број на пријавени патници, агенцијата го задржува правото да ја коригира цената и да направи промена во програмата, како и да ја спои турата со друга агенција.

·        Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната.

·        Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената.

·        Организатор на патувањето е туристичката агенција ЈКТРАВЕЛ од Битола со лиценца А (Министерство за економија).

·        Аранжманот е правен врз база на 40 патници и доколку има недоволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.
Со оваа програма важат Општите услови на Т.А. МИГ Травел.