Kalemi’s Beach and Hotel – Саранда

Kalemi’s Beach and Hotel – Саранда

Саранда (албански: Sarandë; италијански: Santi Quaranta; грчки: Άγιοι Σαράντα) — град во јужна Албанија, сместен покрај брегот на Јонското Море. Тој е центар на истоимената околија и е една од најважните туристички центри во Албанија. Наспроти Саранда се наоѓа познатиот грчки остров Крф или Керкира. Во градот живеат околу 50.000 жители, а има и бројно етничко грчко население.
Во последните години градот брзо се развива а особено туризмот. Името Саранда потекнува од грчкиот збор -Σαράντα , што значи четириесет и се однесува на 40-те ерменски војници кои што не сакаа да се одречат од Христа.
По наредба на кралот Лициниј, оставени се на немилост да умрат од студ.
Официјална валута е „лек “, не е проблем и да платите во евра, но кусурот го добивате во леки. Во секој маркет, ресторан, кафуле – за 1 евро добивате 130 леки. Отприлика 1:2 е соодносот со македонскиот денар.

Kalemi’s Beach and Hotel 3*, Сместен е само на неколку чекори од првиатна плажа во склад на хотелот и на околу 1,3 км од центарот на градот Саранда.  Секоја соба е климатизирана и има ТВ ,современо купатило опремено со када или туш.

Достапна е и услугата rent a car. Хотелот нуди прекрасно мени на храна каде што може да  вкусите традиционална грчка храна. Замокот Лекуриши e оддалечен околу 5 км од каде што може да уживате во панорамскиот поглед на Саранда. Ксамил е оддалечен на околу 15 км. Националниот парк Бутринт ,заштитен од УНЕСКО и неговиот антички град се наоѓа на оддалеченост од околу 20 км. Хотел Калеми е оддалечен околу 1 км од Фери пристаништето и главната автобуска станица. До аеродромот -Крф може да се стигне со 1 час возење со траект од пристаништето на Саранда.

ПРОМО -10% за уплата до 15 -ти Мај 2021

(За резервација е потребно 30% уплата од сумата на аранжманот)

ЦЕНА ИЗРАЗЕНА ПО ЛИЦЕ ЗА 7 НОЌЕВАЊА НА БАЗА НОЌЕВАЊЕ СО ПОЈАДОК

(важечка за 2 лица во соба)

 

KALEMI’S BEACH HOTEL – SARANDA
Термин Ноќ 1/2 1/2 1/2 1/3 1/3 1/4
  приземје без поглед поглед море без поглед поглед море поглед море
28.05-04.06.2021 7 151 151 161 151 161 161
04.06-11.06.2021 7 151 151 161 151 161 161
11.06-18.06.2021 7 151 151 161 151 161 161
18.06-25.06.2021 7 161 161 181 161 181 181
25.06-02.07.2021 7 161 161 181 161 181 181
02.07-09.07.2021 7 211 211 231 211 231 231
09.07-16.07.2021 7 211 211 231 211 231 231
16.07-23.07.2021 7 211 211 231 211 231 231
23.07-30.07.2021 7 231 231 251 231 251 251
30.07-06.08.2021 7 231 231 251 231 251 251
06.08-13.08.2021 7 231 231 251 231 251 251
13.08-20.08.2021 7 231 231 251 231 251 251
20.08-27.08.2021 7 231 231 251 231 251 251
27.08-03.09.2021 7 141 141 161 141 161 161
03.09-10.09.2021 7 141 141 161 141 161 161
10.09-17.09.2021 7 141 141 161 141 161 161
17.09-24.09.2021 7 121 121 131 121 131 131
24.09-01.10.2021 7 121 121 131 121 131 131

 

Во близина на Хотел Kalemi’s Beach:

•  Supermarket alfa 2 – 0.29 км

•  Restorant Kalaja e Lekuresit – 2.88км

•  Carrefour Market – 0.44 км

•  Demi Beach Bar – 1.80км

•  Bar Restaurant Limani – 1.37 км

 

Во цената е вклученo:

•    Туристичка такса, Појадок, Паркинг, Две лежалки + чадор

Доплати:

➢    Дете од 0-5 год- бесплатно

➢    Дете од 0-14 год-12€-(MAJ/СЕП)    17€- (ЈУНИ/ЈУЛИ/АВГУСТ)

➢    Лице + 14 год- плаќа по цена на возрасен зависно од типот на соба.

Опис на соба:

Секоја соба е опремена со клима, фрижидер, ТВ, тоалет ,пешкири, течен сапун.

Собите се чистат секој ден, пешкирите се менуваат на секои два дена, постелнината се менува на секои 3 дена.

Check in : 12: 00 h

Check out: 10:00 h

Цена за превоз од Битола за Албанија:

•    Битола (Автобуска сраница Транскоп на перон)/ Прилеп (бензинска пумпа Luk Oil)- 40€ по лице

•    Битола-Валона-40€

•    Битола-Саранда-50€

•    Битола-Ксамил-50€

•    Деца од 02-11,99год. -10€ од цената на возрасен.

•    Доплата за трансфер од Кичево + 5€

 

Цена за превоз од Скопје за Албанија:

•    Скопје (Дрводекор)/Велес (бензинска пумпа,мотел Македонија)- Трансфер до Битола

•    Скопје-Валона-45€

•    Скопје-Саранда-55€

•    Скопје- Ксамил-55€

•    Штип + 10 € доплата за трансфер до Велес

•    Кавадарци (Б.п Макпетрол, Дреново)- 45€ по лице

•    Деца од 02-11,99год. -10€ од цената на возрасен.

 

Неколку топ знаменитости кои не смеете да ги пропуштите (ФАКУЛТАТИВИ)

1.Дрвениот град Бутринт (грчки: Βουθρωτό , албански: Butrint)
Овој антички локалитет е хеленистички град кој датира од праисторискиот период.
Митолошки е познат по тројанскиот принц Енеја, кој по неговото патување од Троја, го посетил овој град.На ова место тој се сретнал со Андромаха (жена на принцот Хектор) и Хелен. (45 мин во правец)

 

2.Ѓирокастро (грчки: Αργυρόκαστρο, албански: Gjurokastër) е мало гратче во близина на Саранда, со околу 30.000 жители вклучувајќи го и грчкото население. Името на градот потекнува од грчки зборови, што во превод значат “сребрена тврдина”.  Градот е центар на Власите во Албанија.  Специфично за ова мало гратче е неговиот изглед, тоа е како недопрено од османлискиот период, при што целосниот изглед од тоа време е сеуште зачуван.  (1ч и 15 мин во правец)

 

3.Ликурешката тврдина се наоѓа токму над градот Саранда. Од таму ќе имате можност панорамски да ја видете убавината на Саранда, чудото на природата познато како, Изворот- “плаво око ” , длабок околу 50 м. и Манастирот  40 Маченици  кој е патрон на градот. Оваа тврдина има квадратна форма со две кули. Во почетокот, објектот служел за иследување на морето. Денеска, објектот претставува туристика атракција на Албанија, и во самиот склоп на објектот се наоѓа ресторан.                                                                      (15 мин во правец)

 

4. „Сино око“ или  „Syri i kaltër“  на околу 20 km оддалеченост од центарoт на Саранда на западната падина на планината Мали и Ѓере ќе го пронајдете природниот феномен наречен  „Сино око“ , кој претставува извор длабок околу 50 метри под земја низ кој постојано без престан извира кристално чиста вода со брзина од околу 18.4 l/s. Водата е толку многу чиста што, верувале или не, може дури и да ја пиете доколку сакате. „Синото око“ е природен резерват обвиен со дабови дрвја и горски бели јавори, чиј продорен мирис се меша со бучното тиркизно синило. Сите оние кои се подготвени за малку авантура може слободно да се нурнат во длабокиот извор или мирно да запливаат по водата која претставува главен извор на реката Бистрица. Патем, тоа е единствената река во земјата која се влева во Јонското наместо во Јадранското Море.                             (35 мин во правец)

ВАЖНО : Патувањето за Саранда се реализира преку граничен премин КАФАСАН-Струга со што може да се патува со ЛИЧНА КАРТА или ПАСОШ. Вие сте должни да сте на договореното место и час, со Вашите документи и Вашиот багаж. Релациите кои се наведени како ТРАНСФЕР се реализираат со патнички возила или комбе.
Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус.

ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ

•  За уплата на два последователни термини одобруваме 7% попуст

•  Попустите не може да се комбинираат,

•  Во студио/АПП е дозволено сместување на лица согласнопредвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до неполни 5 години во легло со родител

•  Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:   Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции. Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, а во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата од давателот на услуга. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

За оваа програма важат општите услови на СКТМ, С Травел и МИГ Травел

Важат Општите услови на СКТМ и ТА МИГ ТРАВЕЛ