ЈУГОСЛАВИЈА

ЈУГОСЛАВИЈА

термин: 30.04-6 ноќи | 315 / 19.530мкд

Ј У Г О С Л А В И Ј А

(Белград – Загреб – Љубљана – Плитвички Езера – Сараево – Мостар – Требиње – Дубровник – Котор – Будва)

 

  

 

Термин: 30-ти Април 2020 | 8 дена / 6 ноќи | Автобус

 

1ден/ 30.04 (четврок)  СКОПЈЕ – БЕЛГРАД
Состанок со групата во 01:00 часот пред Дрво Декор и поаѓање за Белград во 01:30 часот. Пристигнување во утринските часови и сместување во хотел. Краток одмор и организиран разглед на градот со локален водич, плоштадите Теразије, Славија, храмот Св. Сава, Булеварот на Револуцијата, Калемегдан и посета на Споменикот на победникот. Враќање во хотел. Слободни активности. Факултативна вечера на Скадарлија. Ноќевање во Белград.


2ден/ 01.05 (петок)  БЕЛГРАД – ЗАГРЕБ – ЉУБЉАНА
Појадок. По појадокот одјава од хотелот и заминување кон Загреб. Пристигнување во Загреб и разглед на градот: Капитол, Катедралата, Градец, Камените порти плоштадот и црквата Св. Марко, Парламентот, Банските двори, кулата Лотршчак и жичницата “Успињача”, улицата Илица, Цветниот плоштад. Заминување за Љубљана и пристигнување во вечерните часови. Ноќевање во Љубљана.


3ден/ 02.05 (сабота)  ЉУБЉАНА – ПОСТОЈНА ЈАМА – ПЛИТВИЦЕ
Појадок. По појадокот разглед на градот со локален водич – град кој што започнува пред барокната зграда на градското собрание, продолжува низ стариот центар на градот познат по неговиот единствен архитектонски изглед кој го обележуваат барокни градби и дела на архитектот Јоже Плечник. Ќе ги разгледаме катедралата Св.Никола, Змаевиот мост, Прешерновиот плоштад, Троструки мост. Заминуваме кон Постојна Јама (Факултативно) каде ќе имаме можност со вовче да поминеме низ пештерите. Слободно време за одмор и прошетка. По кратката пауза заминуваме кон Плитвице. Во вечерните часови сместување во хотел. Ноќевање во Плитвице.


4ден/ 03.05 (недела)  ПЛИТВИЦЕ – ПЛИТВИЧКИ ЕЗЕРА – САРАЕВО
Појадок. По појадокот можност за факултативна посета на Плитвичките езера со локален водич. Патувањето го продолжуваме кон Босна и Херцеговина-Сараево. Пристигнување во градот и разглед со локален водич: Врело Босна, Сарај, градската куќа, Латинска чуприја – местото на атентатот на Франц Фердинант, улицата Казанџилук со многубројните занаетчиски дуќани од периодот на Отоманското царство, одиме по пешачката зона каде е катедралата Срце Христово, Гази Хусрефбегова и Царската џамија, Башчаршија, мостовите… Сместување во хотел. Ноќевање во Сараево.


5ден/ 04.05 (понеделник)  САРАЕВО – МОСТАР – ТРЕБИЊЕ
Појадок. Патувањето го продолжуваме кон Мостар-градот каде се сретнува северот со југот и западот со истокот, град кој реката Неретва со векови ги дели културите и религиите, град во кој различностит е и спротивностите можат да се видат и почуствуваат на секој агол. Прошетка со локален водич: стариот мост, улицата Кујунџилук со занаетчиските дуќани, отоманските резиденции од XVI -XIX век, Саат кулата, Караѓорѓева џамија, Коски Мехмед-Пашина џамија. Слободни активности. Се упатуваме кон Требиње. Сместување во хотел. Ноќевање во Требиње.


6ден/ 05.05 (вторник)  ТРЕБИЊЕ – ДУБРОВНИК – КОТОР – БУДВА
Појадок. По појадокот напуштање на хотелот и заминување кон Дубровник. Денот го започнуваме со разглед на градот со локален водич –градот кој го опкружуваат старите градски ѕидини кои му даваат живот на кралско воздушување и заедно со неговите историски знаменитости целиот град претставува еден неверојатен локалитет за светско наследство на УНЕСКО. Прошетка низ атрактивните тесни улички. Уживајте во призорот на Градската Камбанарија, Катедралата, Синагогата, Тврдината Бокар, Кнежевскиот Двор – Дубровачкиот Музеј, и многу други споменици. Патувањето го продолжуваме кон Котор со разглед на градот со локален водич- град заштитен од Унеско како светско културно наследство. Преминување на Которскиот залив кој е ставен на светската листа од 28 најубави заливи во светот. Разглед на стариот град и неговите знаменитости. По разгледот се упатуваме кон Будва. Сместување во хотел. Ноќевање во Будва.


7ден/ 06.05 (среда)  БУДВА – СКОПЈЕ
Појадок. По појадокот разглед на стариот град: прошетка на стариот дел на градот во кои се наоѓаат најважните културно-историски споменици, Цитаделата, градските ѕидини, Музејот, Галеријата, спомен куќа на Стјепан Митров Љубиша. По разгледот слободно време за индивидуални активност. Во пладневните часови заминување кон Скопје. 


8ден/ 07.05 (четврток)  СКОПЈЕ
Пристигнување во доцните вечерни часови. 


цена на аранжманот: 315€ / 19.530мкд


 Во цената на аранжманот е вклучено:

  • ✅ Ноќевање со појадок и сместување во:
  •     – Белград во хотел со 4*
  •     – Љубљана во хотел со 3*
  •     – Плитвице во хотел со 3*
  •     – Будва во хотел со 3*
  •     – Сараево во хотел со 4*
  •     – Требиње во хотел со 4*
  •  Автобуски превоз со високо туристички автобуси;
  •  Придружник за време на патувањето;
  •  Организиран разглед на градовите со локални водичи.

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:

  • – Трошоци за рекреативен дел од програмите;
  • – Патничко осигурување;
  • – Индивидуални трошоци;
  • – Влезници во локалитетите;
  • – Плитвички Езера влезница – 35€;
  • – Постојна Јама влезница – 40€.

Напомена: 
За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање.
Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 7 дена пред поаѓање.
Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди време и место на поаѓање.


За овој аранжман важат Општите услови на патување на СКТМ и МИГ ТРАВЕЛ.