УЛ.ПЕЦЕ МАТИЧЕВСКИ БР.15, 7000 БИТОЛА  + 389 47 512 512  + 389 76 296 296       info@migtravel.mk

ИСТАНБУЛ ЗА ДЕНОТ НА ВЉУБЕНИТЕ

You are currently viewing ИСТАНБУЛ ЗА ДЕНОТ НА ВЉУБЕНИТЕ

Програма

1
Прв ден – петок (10.02)
    Средба на групата на Дрводекор во 15:00 часот и сместување на багажот. Поаѓање за Истанбул во 15:30 часот. Ноќно возење со транзит преку Грција, попатни паузи и царински формалности.
2
Втор ден – сабота (11.02)
    • Планирано пристигнување во Истанбул во утринските часови. Во зависност од расположливостa на собите во хотелот, доколку има слободни соби, сместувањето е веднаш. Доколку нема, според правилата check in ќе биде после 14 часот по локално време (агенцијата секогаш се труди патниците веднаш да влезат во собите, но не сносува одговорност доколку собите не се ослободени).
    • НАПОМЕНА: Доколку не успеат сите патници да влезат во собите, се оди на тура со цел да не се пропуштат локалитетите, а ќе влезат во хотел по завршувањето на разгледите).
    • Во договор со организаторот и претставник од агенцијата, во одредено време групата се чека на рецепцијата од хотелот со локалниот водич и се упатува на пешачка тура односно кон разглед на населбата Аксарај, историскиот дел на Истанбул, каде се наоѓа најпознатата затворена чаршија на светот, Капали чаршија.
    Во попладневните часови планирана е посета на најпознатиот плоштад Таксим, местото кое живее 24 часа, заедно со улицата Истиклал долга 2 километри каде од сите страни се наоѓаат продавници, кафулиња, ресторани, а крајот на улицата го краси прекрасната Галата кула. Слободно време за прошетка и уживање. Потоа во договорено време се упатуваме кон прекрасниот Ортакој, една од најубавите населби во областа Бешикташ, која се наоѓа под големиот Босфорски мост. Нема слика или разгледница од Истанбул каде не е овековечено ова место, кое е опкружено со многу кафетерии, ресторани, продавнички, сувенирници. Слободно време за сликање и прошетка. Во вечерните часови враќање во хотел.
3
Трет ден – недела (12.02)
    • По појадокот, во договорено време, групата се чека со локалниот водич на рецепцијата од хотелот. Потоа следува прекрасното крстарење по Босфорот. 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, каде се снимани и најпознатите сцени од популарните турски серии и знаменитостите одблизу.
    • По крстарењето следи посета на традиционална турска продавница за слатки каде се произведуваат најубавите турски баклави, локуми и секаков тип на слатки, масла, креми, сапуни, по неверојатно ниски цени.
    • Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул со посета на најубавите места во Азија. Ова е фантастична прошетка низ Истанбул, автобуска екскурзија со која се доживува неверојатното искуство со преминување од европската кон азиската страна на Истанбул по еден од мостовите над Босфор со посета на најзначајните места во Азија, кои буквално ќе ви го одземат здивот. Го посетуваме местото Кадикој на азиската. Мали, тесни улички, преполни со елитни кафулиња, ресторани, продавници, типично турски, со европски шмек. Место каде ќе имате слободно време да се сплотите со ова место и прошетате и да се напиете кафе.
    Вечерта враќање во хотел и ноќевање.
4
Четврт ден – понеделник (13.02)
    • По појадокот, одјавување и поаѓање од хотелот во договорено време. Групата се упатува кон познатиот трговски центар ФОРУМ Истанбул, каде се наоѓа еден од најголемите аквариуми во Европа. Слободно време од околу 4 часа за шопинг, кафе во еден од најголемите трговски центри каде ги има сите трговски марки. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариумот „Туркуазу“ кој е првиот гигантски аквариум во Турција, кој на посетителите им нуди можност да пливаат меѓу петте тигар ајкули и да ги хранат. Водениот базен има површина од 8000м2 , а неговата вредност изнесува 17 милиони евра. Покрај 2.5 метарските тигар ајкули во слатките и солените води на аквариумот живеат и над 10.000 други видови на морски суштества, вклучувајќи ги и тропски загрозените. Благодарение на специјалните тунели кои се дел од објектот, посетителите уживаат во 270 степенската панорама. Всушност тука се наоѓа и еден од најдолгите поздемни тунели во светот 80м должина. Седум нуркачи редовно ги чистат водните басени во аквариумот и ги хранат ајкулите, некои и со гола рака.
    Планирано тргнување за Македонија во попладневните часови по турско време. Пристигнување во Скопје во утринските часови на 14.02.

ПРОМО ЦЕНА: 109€ по лице до 31.01.2022
РЕДОВНА ЦЕНА: 129€ по лице

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Две ноќевања во хотел 3* со појадок во населбата Аксарај/Лалели
  • Автобуски превоз на релација Скопје – Истанбул – Скопје
  • Пешачка тура низ стариот историски дел на Истанбул со лиценциран водич: Капали чаршија, Сината Џамија, Хиподромот, Аја Софија,
  • Посета на трговскиот центар Форум Истанбул
  • туристички пратител за време на престојот
  • организација за време на патувањето

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Задолжително патничко осигурување 250 денари по лице
    Факултативните излети:
  • Крстарење по Босфорот – 20 евра
  • Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул со населбата Кадикој– 15 евра
  • Ноќен Истанбул со посета на Галата Кулата и Таксим и населбата Ортакој– 20 евра
  • Туркуазу Аквариум (влезница) –20 евра

ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ:

SILVER – 50 евра

  • Посети ја Азија: Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул:
    – одмор во населбата Кадикој во Азија
  • Крстарење по Босфорот
  • Ноќен Истанбул со посета на Галата Кулата и Таксим и населбата Ортакој

PREMIUM – 70 евра

  • Посети ја Азија: Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул:
    – одмор во населбата Кадикој во Азија
  • Крстарење по Босфорот
  • Ноќен Истанбул со посета на Галата Кулата и Таксим и населбата Ортакој
  • Влезница во аквариумот Туркуазу

ИНФОРМАЦИИ:

  • Патувањето ќе се одвива според протоколите за безбедноста на здравјето.
  • За сингл соба се доплатуваат 60евра дополнително од аранжманот

Попусти за деца:

  • Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
  • Деца од 3 до 12 години плаќаат 80евра (кога се придружувани од двајца возрасни)
  • Хотелот се одредува на неколку дена пред тргнувањето во зависност од бројката на патници

НАПОМЕНА:

– За реализација на аранжманот, потребен е миниум од 40 патници.
– За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
– Плаќањето е задолжително во денари (1 евро = 62 денари)
– За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. 6 месеци од денот на патувањето
– Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 15 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
– Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
– За овој аранжман важат општите услови на патување на Идеал Травел  И Т.А МИГ ТРАВЕЛ 

%d bloggers like this: